Лекарства кај Тироидни Заболувања Flashcards
Објасни ја на кратко физиолошката спрега на регулирање Т3 и Т4?
Кога има ниски нивоа на Т3 и Т4, хипоталамусот лачи тиротропин-рилизинг хормон -> хипофизата лачи тиротропин - > тиротропин делува на тироидна жлезда -> од тироглобулинот се ослободуваат Т3 и Т4.
Високи нивоа на тироидни хормони имаат негативна повратна спрега директно на тироидната, како и на хипоталамусот (преку лачење на соматостатин)
Кои лекарства се користат за менаџирање на хипотироидизам?
- Levothyroxine (Т4), се преферира овај лек
- Liothyronine (T3)
- Liotrix (T3/T4) комбинација
Објанси го дозирањето и фармакокинетиката на левотироксин?
Се дозира еднаш дневно, а концентрацијата се постигнува после 6-8 недели.
Да се внимава, исхрана богата со калциум (млеко,сирење), антациди инхибираат апсорпција.
Несакани ефекти и токсичност: нервоза, палпитација и тахикардија, топлотна нетолеранција, нагло губење на тежина.
Лекови кои го забрзуваат метаболизирањето (преку CY450):
фенитоин, рифампин, фенобарбитал
Објасни ги лекарствата кои се користат за менаџирање на хипертироидизам?
- Инхибитори на тироидна синтеза:
- propylthiouracil (потребно е време за да делува)
- methimazole (делува периферно, но е тератоген за бременост).
Несакани ефекти (PTU): хепатотоксичност и агранулоцитоза (ретко) - Хормонска блокада:
- јодид - на непознат механизам блокира ослободување на тироидни хормони, мнамалува перфузија во тироидната. Дејствува само неколку дена, а после тоа има тахифилакса.
Несакани ефекти: воспалено грло, оток и воспаление на јазикот, осип, улцерации на мукосзни мембрани, металичен вкус.
Како се менаџира тироидна бура?
На истиот начин како и хипертироидизам, само со поголеми дози на лекарствата, и се даваат бета блокатори (пропранолол, метопролол) за да ги ублажат физиолошките реакции.