Антихипертензивни лекарства Flashcards
Наброј ги диуретиците кои се користат во хипертензија?
*Hydrochlorothiazide
* Indapamide
* Furosemide
* Spironolactone
Објасни ги индикациите и контраиндикациите за користење на бета блокатори кај хипертензија?
- Индикации: стабилна ангина, стабилна срцева инсуфициенција, претходен инфаркт, суправентрикуларни аритмии
- Контраиндикации: астма, АВ блок од II и III степен, тешка периферна васкуларна болест
Кои се индикациите кај хипертензија за користење на АКЕ инхибитори, како и несаканите ефекти од нив?
- Хипертензија со дијабет, дијбаетична нефропатија и албуминурија
- Хипертензија кај хронична срцева систолна дисфункција^
- Пост-инфарктна состојба^
- Лица со висок ризик за коронарна срцева болест и мозочен удар
Несакани ефекти: сува кашлица кај 25% од пациентите; останати: ангиоедем (!), осип по кожа, хипокалемија, промена во вкусот
^ Дејствуваат кардиопротективно, спречуваат (па дури и регресираат) ремоделирање на миокардот
Кога се користат ARB и ренин инхибиторите?
АРБ и ренин инхибитори се користат како алтернатива кај пациенти кои не можат да користат АКЕ инхибитори
Ренин блокатори: Aliskiren
Кои се индикациите и контраиндикациите за користење блокатори на калциумски канали кај хипертензија?
- Хипертензичари со астма/ХОББ, дијабет и периферна васкуларна болест - не ги егзацербираат
- Исто така се користат кај ангина, а дилтијазем и верапамил се користат за атријална фибрилација
Несакани ефекти: АВ блок од прв степен, констипации, вртоглавиц и главоболка, замор, периферни едеми
Контраиндикации: срцева слабост, АВ блокови.
- За хипертензија се користат дихидропиридински, недихидропиридински се втора линија
- За HFrEF: амлодипин!
- За HFpEF: можи да се користат сите, но претпазливо
Како се користат алфа блокаторите и кои се нивните дозирања?
Се користат како лек од трет-четврт избор. Не предизвикуваат рефлексна тахикардија и промени големи во кардијак аутпутот, но предизвикуваат задршка на соли и вода.
Не се користат како монотерапија, често се комбинираат; да се пази бидејќи можи да предизвикаат рефлексна тахикардија, задршка на вода и соли. Добри се кога ќе се додадат на диуретик и калциум/бета блокатор
Кои алфа/бета блокатори се користат и кое е дозирањето?
Се користи Carvedilol особено кај хипертоничари со срцева слабост, пост инфарктна состојба и кај дијабетичари. Има и вазопротективен ефект
Како и секој адренергичен блокатор, да не се прекинува наеднаш, туку со титрација!!!
Објасни ги централните адренергични блокатори?
Methyldopa е централен алфа 2 антагонист кој има добра корист за хронична хипертензија и гестациска хипертензија.
Најчести несакани ефекти се седација и вртоглавица
Да се внимава на хепаталната функција!
Clonidine
Објасни ги вазодилататорите кои се користат за хипертензија?
Hydralazine, minoxidil
Предизвикуваат дилатација преку азот моноксид. Поради дилататорното дејство предизвикуваат рефлексна тахикардија, како и задршка на вода.
За да се спречат овие несакание фекти, се даваат бета блокатори (за да нема ангина) и диуретици (за да остани волуменот на течности ист)
Несакани ефекти: главоболка, тахикардија, гадење, потење, аритмии и ангинозни напади.
Кои лекови се користат кога имаме хипертензивна ургентност и/или итност?
Лекови од избор се:
- Ca блокатори (nicardipine)
- NO дилататори (нитропрузид и нитроглицерин)
- адренергични блокатори (phenoldopam, labetalol,
esmolol)
- вазодилататори (hydralazine)
Лекувањето сепак, е насочено кон органите кои се оштетувааат (доколку имаме хипертензивна ургентност)