Антиангинозни лекарства Flashcards
Кои класи на лекарства се користат за менаџирање на стабилна ангина?
- Бета блокатори
- Блокатори на калциумски канали
- Органски нитрати
- Блокатори на натриумови канали - ranolazine
Како да се користат бета блокаторите?
Се користат кај ангина со следниве коморбидитети:
- пресен миокарден инфаркт
- хипертензија
Контраиндицирани коморбидитети:
- ХОББ/астма
- дијабет
Дозите се исти како и кај хипертензија, само што можат да се титрираат до повисоки нивоа
Објасни го користењето на блокаторите на калциумови канали?
- Дихидропиридинските блокатори (amlodipine, nifedipine, nicardipine) се од особена ефикасност, особено доколку се работи за вазоспастична ангина.
- Недихидропиридинските блокатори се добри за хипертензија
Индикациите за користење се сите освен пост-инфарктна состојба
Дозирањата се идентични како и за хипертензија
Објасни го користењето на органските нитрати?
- глицерилтринитрат (nitroglycerine):
0.3-0.6mg сублингвално на секои три минути, макс 3 дози - isosorbide mononitrate: bid-tid; макс 120mg/ден
- isosorbide dinitrate^
Несакани ефекти: вцрвенување на лицето и главоболка се скоро секогаш присутни. Постурална хипотензија и тахикардија исто така се чести.
^ треба да се знае дека брзо се развива тахифилакса кон нитратите - затоа имаме 10-12 часа интервал каде не се примаат (на вечер кај стабилна ангина; поручек/приквечер кај вариант ангина)