Бета Адренергични Антагонисти Flashcards
Кои се најзначајните клинички индикации за користење на бета блокатори?
Системска хипертензија
Пост-инфарктна состојба
Стабилна ангина
Стабилна срцева слабост
Хипертироидизам
Глауком
Профилактички се користат за мигренозни и класер главоболки
Наброј некои неселективни бета блокатори?
Propranolol
Nebivolol, timolol, carteolol, levobunolol, mtipranolol
(овие обично се користат за хронична терапија кај глауком)
Кои се ефектите кога ќе се администрира propranolol?
КВС:
- има негативен кардиотропен ефект, па затоа е добар кај лица со стабилна ангина и пост-инфарктна состојба бидејќи намалува метаболна побарувачка;
- исто така има инхибиторно дејство на спроводливоста, па е добар кај суправентрикуларни тахиаритмии
Периферен отпор: иницијално го покачува периф. отопор, но не е клинички релевантен. Со тек на време (после неколку недели) периферниот отпор опаѓа поради 1. намалениот кардијак аутпут, 2. намалената активност на РААС, 3. намалениот адренергичен ефект на нервниот сис.
Бронхоконстрикција - затоа не се дава кај пациенти со опструктивен синдром
Метаболни ефекти:
- сузбива гликолиза и лачење на глукагон - се намалува нивото на глукоза.
- сузбива липолиза, па затоа имаме пад на слободни масни киселини и HDL а покачување на LDL
Кои се тераписките индиакции за користење на пропранолол?
Тераписки индикации:
* Хипертензија (прва линија на лек кај портална
хипертензија; добар избор од втора линија за системска
хипертензија)
* Стабилна ангина пекторис (намалува oxygen demand)
* Пост-инфарктна состојба (исти механизам)
* Хипертироидизам (поради адренергична блокада особено на метаболизмот), како и кај тироидна бура
* Профилактички кај мигренозни и кластер напади (доколку се премногу чести, на неделно ниво и пациентот завршува на болница)
несакани ефекти:
* Бронхоконстрикција (кај пациенти со астма/ХОББ)
* Аритмии (доколку имаме предозирање или withdrawal sy)
* Сексуална дисфункција
* Метаболни ефекти: предизвикувааат хипогликемија (да се пази кај дијабетичари со дозирањето на лекарствата), исто така предизвикуваат блага хиперлипидемија
* ЦНС ефекти: депресија, летаргија, вртоглавица, замор и слабост, визуелни пореметувања, халуцинации и краткотрајна амнезија, депресија и вивидни соништа
Кои се интеракциите на пропранололот со други лекарства и како се одразува?
Cimetidine, fluoxetine и paroxetine го инхибираат антихипертензивното дејство на пропранолол
Барбитурати, phenytoin и rifampin го потенцираат антихипертензивното дејство
Кои бета антагонисти се користат во менаџирањето на глауком?
Timolol (неселективен бета блокатор)
- 5mg/ml (0.5%) капки: една капка во око, qd-bid
Има системски ефекти (брадикардија, бронхоспазам)
Betaxolol (селективен бета1 блокатор)
- 2.5-5mg (0.25-0.5%) капки: eдна капка bid
Помала потентност, но поселективен (за пациенти со астма/ХОББ)
- Carteolol
- Levobutolol
- Metipranolol
Сите овие се неселективни бета блокатори
Објасни ја хроничната терапија за глауком? (дополни!)
Наброј некои кардиоселективни бета блокатори, и која е нивната предност во тераписките индикации?
Bisoprolol, metoprolol, atenolol, nadolol, betaxolol, nebivolol
При ниски дози имаат само бета1 антагонистичко дејтво, што ги прави погодни кај пациенти со опструктивен синдром
* При високи дози, овие лекови ја губат селективноста
Кои се лекарства со интринзична симпатомиметска активност (парцијални агонисти/антагонисти)?
Acebutolol, pindolol
Немаат целосна антагонистичка активност на бета рецепторите, па затоа се погодни кај пациенти кај кои што е потребна кардиоселективност, но имаат лесна до умерена брадикардија (>50 откуцаи во минута)
Ретко се користат
Кои се двата парцијално неселективни бета блокатори?
Овие лекарства имаат главно бета антагонистичко, со благо алфа антагонистичко дејство:
Labetalol: се користи како втора линија кај партална хупертензија (после метилдопа);
Carvedilol: покрај антихипертензивното дејство, има добар ефект врз липидниот и атероматозниот профил
Несаканите ефекти се главно поврзани со алфа рецепторите: постурална хипотензија и вртоглавица.