Лекарства за Хиперлипидемија Flashcards
Кои класи на антихиперлипидемици се користат за третирање на хиперлипидемија?
Статини
Ниацин
Фибрати
Секвестранти на жолчни киселини
Инхибитори на абсорпција на холестерол
PCSK9 инхибитори
омега-3 масни киселини
Објасни го дејството, тераписките индикации, несаканите ефекти и контраиндикациите на статини?
HMG CoA reductase inhibitors
- Механизам и дејство: со инхибиција на овој ензим, се трошат залихите во секоја клетка за холестерол -> се зголемуваат рецепторите за LDL -> се апсорбира од крвта LDL -> нивото на серумски LDL опаѓа. Некогаш се случува да се зголеми соова HDL и да опаднат триглицеридите
- Тераписки индикации: за секаков вид на хиперхолестеролемија (особено LDL)
- Поради first-pass metabolism, ефектот е најизразен на хепатоцитите
- Несакани ефекти: често се креваат хепатални ензими (да се внимава со лабораториски анализи); можна е рабдомиолиза и миопатија (да се иследува креатин киназа).
- Контариндикации: бременост, лактација и акутна хепатална инсуфициенција
Кои се граничните вредности на умерена со тешка хиперлипидемија, и објасни ги дозирањата на некои статини?
Умерена хиперлипидемија:
- LDL-C: 3.4-4.9 mmol/L
- триглицериди: 2.3-5.6 mmol/L
Тешка хиперлипидемија:
- LDL-C: >5mmol/L
- триглицериди: >5.7 mmol/L
Rosuvastatin:
- за умерена: 5-10mg qd
- за тешка: 20-40mg qd
Atorvastatin:
- за умерена: 10-20 mg qd
- за тешка: 40-80mg qd
Simvastatin:
- за лесна: 10mg qd
- за уемрена: 20-40mg qd
Умерена хиперлипдемија треба да се проба интензивно со животни навики: активност и исхрана; можно е и ниски дози на статини
Лесна хиперлипидемија: најмногу пробај со промена на животни навики
Објасни го нијацинот (никотинска киселина)
- Дејство: делува најмногу за покачување на HDL-C и намалување на триглицеридите при дози од 1.5-3 g/ден.
Обично има фиксни комбинации - Тераписки индикации: специфично за фамилијарни хиперлипидемии и други екстремно тешки хиперлипидемии
- Несакани ефекти: црвенило и жежина по кожата (се антагонизира со претходно земање аспирин), гадење и повраќање. Компетитивен е со урична киселина -> гихт
Објасни ги фенофибратите?
- Механизам и дејство: неам појма
- Тераписки индикации: за хипертриглицеридемија (специфично, најдобри се за тип III хиперлипидемија (дисбеталипопротеинемија)
- Несакание ефекти: ГИТ тегоби (се намалуваат во текот на терапијата); предиспозиција на жолчни камчиња; миозит, миопатија и рабдомиолиза.
Објасни ги дозирањата на фенофибратите?
Fenofibrate:
- вообичаена доза е 145mg qd
- кај бубрежно заболвуање оди 48mg qd
Gemfibrozil:
- стандардна доза е 900-1350mg, поделена во две или три таблети од по 450mg. Се зема два пати денот
И двата лека се земаат 30 минути пред оброк за подобра апсорпција.
Гемфиброзилот да се внимава доколку се комбинира со статини поради рабдомиолиза и миопатија.
Објасни ги секвестрантите на жолчни киселини?
Претставници: cholestyramine, colestipol, colesevelam
- Механизам: со врзување за жолчните киселини, истите не се реапсорбираат туку се екскретираат со фецес. За да компензира, хепарот ги троши своите резерви на холестерол за нови жолчни киселини. После тоа, почнува да апсорбира големи количини на LDL од крвта за да ги надохнади истите.
- Тераписки индикации: обично се користат со нијацин (покрај диетата) за тип IIA и IIB фамилијарна хиперлипопротеинемија. Не се функционални кај хомозиготни, бидејќи тие луѓе скоро и да немаат LDL рецептори во телото.
- Несакани ефекти: пред се проблеми со ГИТ; можат да ја пореметат апсорпцијата на липофилните витамини (K,A,D,E)
па затоа суплементите да се земаат 1-2 часа пред, или 5-6 часа после лекарствата
Објасни ги на кратко другите антихиперлипидемици?
- Инхибитори на апсорпцијата на холестерол:
- Ezetimibe е лек кој со спречување апсорпција, се трошат внатрешните резерви во организмот. Главно се дава кај пациенти кои се на максимални дози на статини. - PCSK9 инхибитори:
- alirocumab, evolocumab се моноклонални антитела кои се врзуваат за LDL рецепторите и поттикнуваат нивна деградација. Се користат заедно со статини за тешки хиперлипопротеинемии и имаат потентно дејство.
Се администрираат субкутано на секои 2-4 недели - Омега-3 масни киселини:
Главно гледај ја дозата на EPA/DHA, можат да се земаат 2x2g или една капсула 4g на ден. Се индицираат кај хипертриглицеридемија
Кои се нajчестите комбинации на антихиперлипидемици?
Покрај статинска монотерапија, доколку треба да се комбинираат, истите се најчесто во комбинација со ezetimibe или PCSK9 инхибитори.