Лекарства за срцева слабост Flashcards
Кои класи на лекарства се користат за третирање на срцева слабост?
- АКЕ инхибитори / АРБ
- Алдостеронски антагонисти
- Бета блокатори
- Диуретици
- директни артерио/венодилататори
- Инотропни лекови
- HCNG блокатори
- Неприлизин/ангиотензин блокатори
- Рекомбиниран Б-тип натриуретичен пептид
Објасни го користењето на АКЕ инхибиторите?
Се користат како лек од прв избор кај пациенти со HFrEF - симптоматски и асимптоматски. Добри се кога имаме комобридитети: хипертензија, пост-инфарктна состојба или пациенти со висок ризик на КАБ
Captopril: 6.25mg tid -> 50mg tid
Enalapril: 2.5mg bid -> 10-20mg bid
Lisinopril: 2.5-5mg qd -> 20-35mg qd
Perindopril: 2mg qd -> 8mg qd
Се титрираат на секои 2 (или повеќе) недели, се додека се постигни одржувачката доза или не почнат да се појавуваат несаканите ефекти
Мониторинг:
- хипотензија ( вртоглавица, слабост, синкопа)
- ренална функција (прати серумски креатинин и уреа)
- ниво на калиум (хиперкалемија!)
Кои се дозирањата на АРБ?
Се користат специфично доколку паицентот не можи да ги поднеси несаканите ефекти од АКЕ инхибиторите/или има апсолутни контраиндикации
Losartan: 25-50mg qd -> 150mg qd
Valsartan: 40mg bid -> 160mg bid
Титрацијата на дозата и мониторингот за функцијата на органите е иста како и кај АКЕ инхибиторите
Кое е дозирањето и индикациите за користење на алдостеронски антагонисти?
Бидејќи при срцева слабост се развива секундарен хиперталдостеронизам, логично е да се користат спиронолактон и еплеренон за да се балансира задршката на натриум и губењето на калиум.
Индикациите се срцева слабост со <35% ежекциона фракција, срцева слабост пост-инфарктно.
Spironolactone: 12.5-25mg qd -> 25-50mg qd
Титрирај на секои 2-4 недели; иследувај го нивото на калиум на третиот ден, по една недела, и по еден месец.
Внимавај на бубрежната функција.
Кои бета блокатори се користат и кои се дозирањата нивни кај срцева слабост?
Пред се тие се користат за да го намалат хроничното симпатичко оптоварување на срцето. ќе ја намалат фреквенцијата и инотропноста, а со тоа и кислородната побарувачка. Исто така ги спречуваат штетните ефекти од адреналинот кои делувааат на ремоделирањето на миокардот.
Bisoprolol: 1.25mg qd -> 10mg qd
Metoprolol succinate^: 12.5-25mg qd -> 200mg qd
Carvedilol: 3.125mg bid -> 25mg bid (<85kg)
50mg bid (>85kg)
Да се титрираат до целнтие дози во наредните недели; да се внимава на брадикардија, хипотензија, ретенција на течности или декомпензирање на срцето.
Кои диуретици се користат кај срцева слабост и за која цел?
Furosemide: 20-40mg qd -> 20-80mg е најчеста per os доза
Да мониторираш електролитен статус, бубрежна функција и крвен притисок.
Понекогаш е потребно комбинирање со тијазиден дируетик
* Внимавај, можно е да треба да администрираш штедач на калиум доколку се нема дадено
Објасни го дејството на неприлизин-ангиотензин рецептор блокаотрите?
Со инхибиција на неприлизин се зголемува концентрацијата на брадикинини, ангиотензин и натриуретични пептиди. Од друга страна, треба да се спречи дејството на ангиотензинот. Со комбинација на неприлизински инхибитор и ангиотензински рецептор антагонист, се постигнува овај ефект
Тераписки индикации: за пациенти со HFrEF кои се симптоматски и покрај користењето на АКЕ/АРБ + бета блокатор.
Претставник: sacubitril/valsartan
Објасни го дејството на HCN блокаторите, индикациите и претставници?
Со блокада на HCN (hyperpolarization-activated cyclic nucleotide-gated) канал, се успоорува работата на срцето.
Индикации: кај пациенти кои имаат симптоматска HFrEF и покрај бета блокаторите, или истите се контраиндицирани. Срцевата фреквенција треба да е над 70.
Претставници: ivabradine
Како и кога се користат вазодилататори?
Се користат кога АКЕ/АРБ се контраиндицирани, или и покрај нив сеуште нема задоволувачки ефект терапијата. Се комбинираат венодилататори (нитрати) и артериолодилататори (hydralazine)
Кои инотропни лекарства се користат кај срцева инсуфициенција?
- Дигиталис гликозиди: digoxin
- Бета адренергични агонисти
- Фосфодиестераза инхибитори
Објасни го дигоксинот?
- Механизам: зголемува контрактилност без да зголеми метаболна побарувачка.
- Индикации: се дава кога имаме симптоматска срецва слабост и покрај оптималната фармаколошка терапија.
- Несакани ефекти: анорексија, гадење и повраќање, заматен или жолтеникав вид, аритмии!!! (при ниско ниво на калиум)
- Интеракции: користење на кларитромицин, верапамил, дилтијазем, амиодарон ја зголемуваат токсичноста.
Дозирање per os:
0.125mg - 0.25mg 1qd; кај постари или со ренална инсуфициенција, 0.125mg qd или на секои два дена
Таргет серумска концентрација: 0.5-0.9 ng/ml
Кои лекови се користат при акутна срцева инсуфициенција?
- Бета агонисти: dobutamine, dopamine
- Фосфодиестераза инхибитори: milrinone
- Рекомбиниран Б-тип натриуретичен пептид: nesiritide
(кога диуретиците се неефективни)