Адренергични Агонисти Flashcards
Кои се клиничките и биохемиските разлики помеѓу катехоламините и синтетските адренергични агонисти?
Катехоламини:
- најпотентно дејство од сите агонисти
- слаба пенетрација во ЦНС (поради хидрофилноста)
- брзо се инактивираат оц COMT и MAO
Некатехоламински:
- послаба (но сепак снажна) потенција
- некои пенетрираат во ЦНС поради липофилноста
- не се супстрати на COMT/МАО - подолг метаболизам
Кои се релевантните физиолошки дејства на адреналинот?
- КВС: позитивен кардиотропен ефект, покачува систолен а
снижува дијастолен притисок (поради вазоконстрикторно/
дилататорно дејство на разни крвни садови), стимулира
лачење на ренин (а со тоа и задршка на вода и
електролити) - Респ. систем: снажно бронходилататорно и
антибронхореично дејство (делува антиинфламаторно) - Хипергликемично дејство: стимулира гликогенолиза,
стимулира глукагон - Липолитичко дејство: стимулира липолиза - покачува
слободни масни киселини во плазмата
Кои се тераписките индикациите и несаканите ефекти на адреналинот?
- Анафилактичен шок: 0,3-0,5mg i.m. на секои 5-15 минути
pro re nata (prn) - Кардијак арест: i.v. инјекција 1mg, проследено со 20ml
раствор (секои 3-5 минути) - Бронхоспазам: s.c (или i.v.)
- Горнореспираторен едем (пр. Croup) се дава како
небулизер - септичен шок (замена за норадреналин)
- интраокуларни хируршки зафати
- се дава со анестетик (за да му се продолжи дејството)
ЦНС: анксиозност, страв, тензија, главоболка, тремор
КВС: палпитации, тахикардија, аритмии: пулмонален едем
Метаболизам:
- егзацербирани ефекти кај хипертиреоза
- хипергликемија (да се пази кај дијабетичари)
Објасни ги ефектите, индикациите и несаканите ефекти од норадреналинот?
- Вазоконстрикција: делува само на алфа рецептори (слабо на бета) па така предизвикува покачување на систолен и дијастолен притисок
- Барорецепторски рефлекс: поради вазоконстрикцијата, се стимулира вагусниот нерв и инхибираат барорецепторите
Тераписки индикации;
* Септичен шок
* Кардиоген шок
* Невроген шок
* Хипотензија (периоперативно)
Несакани ефекти: доколку се даде во периферни вени и има екстравазацја, можи да предизвика некроза^
^ За да се избегни некроза, се дава фентоламин
(алтернативно, тербуталин или нитроглицерин)
Објасни го дејството, индикациите и несаканите ефекти на dopamine?
Дејство: при пониски дози делува на бета рецепторите, а при високи на алфа. Покрај тоа, делува директно на Д рецепторите.
- КВС стимулирачки ефект на срцето
- Делува на реналните, коронарните, емзентеричните, церебралните артерии вазодилататорно
Индикации: за септичен и кардиоген шок, се дава континуирано во инфузија (* ренални дози)
Несакани ефекти: исти како адреналин/норадреналин при високи дози
Објасни ги дејствата и индикациите на fenoldopam, dobutamine и phenylephrine?
Fenoldopam: ги стимулира пред се бета рецепторите, а со тоа прави вазодилатација. Добар за малигна хипертензија
Dobutamine: стимулира главно бета1 рецептори, што го прави добар за кардиоген шок (не го оптеретува миокардот со кислородна побарувачка како останатите лекови)
Phenylephrine: снажен вазоконстриктор, обично се применува кај хоспитализирани со пароксизмална суправентрикуларна тахикардија (поради снажниот барорецепторски рефлекс кој ќе се појави), или тешка хипотензија
Кои се индикациите, и објасни ги дозирањата на oxymetazoline, xylometazoline и naphazoline?
- Oxymetazoline: 0.5mg/ml спреј, 1-2 спрејувања во ноздра на секои 12 часа (не повеќе од 3 дена)
- Xylometazoline: 0.5mg/ml едно спрејување на секои 8-10 часа (не повеќе од 3-5 дена)
- Naphazoline: 5mg/ml 1-2 капки на секои 3-4 часа. Не повеќе од три дена
Се користат главно за конгестија на нос, или конгестија на очите (црвени очи)
Кои се индикациите за користење midodrine и clonidine?
Midodrine: се користи на секои 3-4 часа за ортостаска хипотензија (да не се администрира доколку имаме повеќе од 4 часа лежење)
Clonidine: алфа2 агонист, се користи главно при симптоми на повлекување од никотин, опијати и бензодијазепини. Исто така се користи и кај деца со ADHD
Наброј краткотрајни и долготрајни бета адренергични агонисти?
Краткоделувачки:
- Salbutamol
- Metaproterenol (orciprenaline)
- Terbutaline
Долгоделувачки:
- Salmeterol
- Formoterol
- Indacaterol
За што се користи mirabegron?
Тој е бета3 агонист, се користи за хиперреактивен мочен меур.