Антикоагуланси и антиагрегатори Flashcards
Како се поделени антиагрегаторните лекарства во однос на нивниот механизам на дејство, и кои се главните индикации за овие лекарства?
- Инхибитори на циклооксигеназа 1 (COX-1)
- Блокатори на GP IIb/IIIa
- Блокатори на ADP рецептори
Главни индикации: оклузивни кардиоваскуларни болести, одржување на васкуларни графтови и артериски патенти, и како адјуктивна терапија на тромбин инхибитори или тромболитици кај миокарден инфаркт
Објасни го користењето на аспиринот (acetylsalicylic acid)?
- Механизам: со инхибирање на тромбоксан А2 иреверзибилно, се оставаат само антиагрегациските медијатори при активирање на тромбоцитите -> антиагрегаторен ефект во крвта.
Дејството е 7-10 дена, колку што е животот на тромбоц. - Тераписки индикации: профилакса кај транзиентна церебрална исхемија, намалува инциденца на рекурентен МИ, намалува морталитет при примарна или секундарна превенција од МИ. Комплетно антиагрегаторно дејство има после 75mg/ден, а дневната доза за разните болесни состојби изнесува од 50-325mg/ден
- Несакани ефекти:
- ГИТ: гастрит, крварења, гадење и повраќање
- хематолошки: крварење, продолжено време на крварење
- поретки: алергиска реакција (осип, уртика, ангиоедем, апсирин-индуцирана астма), ренални ефекти, салицилатно труење
Објасни ги P2Y12 блокаторите како и нивни претставници?
Механизам: самото име кажува;
Тераписки индикации:
- Clopidogrel: антиагрегаторен ефект после 3-5 дена.
превенција на атеросклеротски секвели после МИ;
профилакса од тромботички секвели кај NSTEMI; - Prasugrel: антиагрегаторен ефект после 2-4 часа.
се дава кај нестабилна ангина, NSTEMI и STEMI - Ticagrelor: антиагрегаторен ефект после 1-3 часа.
кај лица со нестабилна ангина и акутен инфаркт
Несакани ефекти: продолжено крварење (нема антидот!), агранулоцитози и хематолошки промени, тромботична тромбоцитопенична пурпура
Објасни ги GP IIb/IIIa блокаторите како и наброј некои претставници?
- Механизам: на сличен начин како претходните само “чекор” понапред во каскадната реакција
- Тераписки индикации: сите се за i.v. за интервентни процедури. Исклучок е abciximab кој е одобрен кај лица кои не реагираат на конвенционална терапија
- Несакани ефекти: крварења
Претставници: abciximab, eptifibatide
Објасни ги dipyridamole и cilostazol?
Dipyridamole - зголеммува ниво на cAMP а со тоа и антиагрегаторно дејство. Се користи во превенција на мозочен удар често во комбинација со аспирин
Несакани ефекти: главоболка, вртоглавица, ортостатска хипотензија
Cilostazol - често се користи за ублажување на тегобите кај claudicatio intermitens
Несакани ефекти: главоболка и ГИТ тегоби (дијареа, диспепсија, абнормална столица, стомачна болка); ретко има леуко/тромбоцитопенија.
* Да не се дава кај лица со срцева слабост!
И двата се вазодилататори