socio 9 i 10 tema Flashcards
колективитет
Колективитет е поголем број на луѓе кои се вклучени во ограничена интеракција водена од слаби, однапред неутврдени норми.
примери за колективно однесување
Карактеристични примери на колективно однесување се сметаат паника, стравот, озборувањето, јавното мислење, толпата.
видови колективно однесување
Постојат два основни вида на колективно однесување: просторно блиско и дифузно
просторно блиско колективно однесување
Просторно блиското се случува кога учесниците се на непосредна близина и воспоставуваат неопосредна интеракција.(толпа, публика)
дифузно колективно однесување
Дифузното колективно однесување манифестираат гледачите на фудбалски натпревар на телевизија.
колективно однесување
Колективно однесување претставува реакција на одреден број луѓе во непредвидливи ситуации.
кога колективното станува социјално движење
Во моментот кога ќе имаат образложение зошто и против кого преземаат акцијам колективното однесување прераснува во социјално движење.
социјални движења
Социјални движења се сметаат за посебен вид на колективно однесување
4 вида толпа според херберт блумер
Според херберт блумер постојат четири вида на толпа: секојдневна, конвенционална, експресивна и дејствувачка
секојдневна толпа
Секојдневната толпа се формира спонтано околу одреден настан и луѓето многу малку или воопшто не се вклучуваат во интеракција
конвенционална толпа
Конвенционална толпа не се формира спонтано, луѓето се собираат плански, поради некој настан. Типичен пример за ваква толпа се протестите
експресивна толпа
Експресивната толпа се формира поради емотивен настан, емоциите и возбудата се она што ги привлекува луѓето да бидат заедно, како, на пример, следењето на европското првенство во ракомет на видео-бим, сред плоштад
дејствувачка толпа
Дејствувачката толпа се карактеризира со многу појаки емоции од конвенционалната поради што во еден момент таа може да биде опасна за околината. Таква е, на пример, толпата која цела ноќ чекала во ред да купи карти за концерт, а во меѓувреме дознава дека концертот е откажан.
каква друга толпа претпознаваат социолозите
Некои социолози исто ја препознаваат и протестната толпа
протестна толпа
Протестната толпа се формира со цел да се изрази незадоволство од нешто: политичка одлука, повредени човекови права и слично. Демонстрациите и штрајковите се типични примери за овој вид
организирани групи
Во политичката сфера, за организирани групи се сметаат политичките партии и здруженија на граѓани, разлилните интересни групи и групи за притисок(лоби-групи и лобисти), но и граѓанските движења
највлијателна споната група
Највлијателна спонтана група е јавноста или политичката јавност
јавност
Јавноста е најширокот граѓанство што е свесно за актуелните општествени прашања и за политичките настани во државата, што чита весници, гледа телевизија, следи медиумски информации, односно јавно комуницира
социјални движења
Социјални движења се групирања кои немаат органиозирано членство, членарина и постојат се додека не ги исполнат целите а потоа исчезнуваат.
Причини за создавање на едно социјално движење
Причини за создавање на едно социјално движење се неправдите и нееднаквоста
фази на формирање на едно социјално движење
Појавување, поставување на цели, институционализација и повлекување.
фаза на појавување
Во првата фаза детектира проблемот и луѓето сфаќаат дека проблемот реално постои и не е личен туку заеднички
фаза на поставување на цели
Во втората фаза се донесуваат важни одлуки:како ќе се организира движењето, кои ќе бидат неговите цели и на кој начин ќе се оствара, како ќе се проширува членството и како да се создаде јавна загриженост.