fotosinteza Flashcards
што е фотосинтеза
Фотосинтеза претставува процес на претворање на светлинската енергија во хемиска од страна на живите организми.
што се случува во процесот на фотосинтеза
Во овој процес:
од неоргански соединенија (јаглерод диоксид, вода и минерални соли), со помош на сончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија (јаглехидрати, протеини, липиди итн.)
се ослободува кислород.
каде се случува фотосинтезата
во зелените делови од растението, т.е. во оние клетки кои содржат хлоропласти
што е хлоропласт
хлоропласт е органела која се среќава само кај растенијата, и тоа во нивните зелени делови. Во неа се содржи пигментот хлорофил
колку хлоропласти може да содржи една растителна клетка
40-50
хлоропласти градба
обвиени се со липопротеинска мембрана, која е двојна мембрана (надворешна и внатрешна)
во внатрешноста постои ламеларен систем на сплескани ќесички - тилакоиди наречен грана
во тилакоидните мембрани според строго определен ред се распоредени молекулите на пигментите (хлорофил, каротин и ксантофил) и голем број ензими (ферменти)
што е хлорофил
Хлорофилот е најважен растителен пигмент кој ја апсорбира сината, виолетовата и црвената светлина, а ја одбива зелената. Затоа листовите изгледаат зелени.
тек на фотосинтеза
Фотосинтезата е сложен оксидоредукциски процес во кој се врши редукција на CO2, до степен на јагленоводороди и оксидација на водата, до степен на кислород.
во колку фази се одвива фотосинтезата
се одвива во две фази: СВЕТЛА и ТЕМНА ФАЗА.
формула на фотосинтеза
6CO2 + 12H2O (+сончева енергија)—->
C6H12O6 + 6O2 + 6H2O
основен процес на светла фаза
Основниот процес во оваа фаза е трансформацијата на светлосната (сончевата) енергија во хемиска.
светла фаза
Светлата фаза е почетна во фотосинтезата и се одвива дење (таа е светлосно зависна реакција).
каде се одвива светла фаза
Се одвива во мембраните на тилакоидите од грана на хлоропластот, каде што се наоѓаат хлорофилните молекули, кои во улога на антени ја примаат светлината во облик на фотони и ја предаваат на т.н. реакциони молекули, кои ја трансформираат во хемиска енергија
зошто е наречена светла фаза
За оваа фаза е потребно присуство на светлина и затоа таа е наречена СВЕТЛА ФАЗА.
елементи на светла фаза
фотони, фотосистем, антенски молекули и реакционен центар
фотони
Фотони-светлосни единици, облик во кој доаѓа светлосната енергија од сонцето до хлорофилните молекули.
фотосистем
Фотосистем-хлорофилен молекул од протеинско-хлорофилен комплекс, вграден во тилакоидните мембрани.
антенски молекули
Антенски молекули- молекули кои ја примаат и предаваат светлинската енергија од еден на друг хлорофилен молекул.
реакционен центар
Реакционен центар- молекул кој ја трансформира светлинската во хемиска енергија.
механизам на светла фаза
Под дејство на црвената светлина од сончевиот спектар, до хлорофилните молекули доаѓаат фотони. Но само еден хлорофилен молекул е во состојба да ја преобрази светлинската во хемиска енергија.
Другите молекули се антенски молекули. Тие имаат улога да ја предаваат светлината од едeн молекул на друг.
механизам во фотосистем 1
Кога фотоните ќе паднат на фотосистемот I, енергијата што поминува низ антенските хлорофилни молекули се пренесува до реакциониот систем. При ваква состојба еден од електроните добива големо количество енергија и како резултат на тоа го напушта центарот.
Во движењето електроните губат дел од енергијата која ја искористуваат за сврзување на ADP- аденозин дифосфат во ATP- аденозин трифосфат.
механизам во фотосистем 2
Бидејќи недостасува еден електрон во фотосистемот I се јавува празнина. Таа празнина или тој недостаток на електрон се надополнува со електрон што е исфрлен на ист начин, само од вториот фотосистем.
Празнината што се јавува во вториот фотосистем се надополнува со разложување на водениот молекул од фотосистемот II и тоа разложување на водениот молекул се вика биофотолиза на вода.
При фотолизата се добива водороден атом и OH група која учествува во создавање односно образување на вода и молекуларен кислород.
Испуштениот водород се користи за редуцирање на NADP (никотинамид аденин динуклеотид фосфат) во NADP-H2.
продукти на светла фаза
ОКСИДАЦИЈА на водата до кислород - биофотолиза на водата
4H2O +светлина–>4H+4OH
4OH–>2H2O2
2H2O2–>O2
РЕДУКЦИЈА на NADP (никотинамид аденин динуклеотид фосфат) во NADP-H2 со H+
ФОСФОРИЗАЦИЈА на ADP (аденозин дифосфат) со фосфорна киселина во ATP(аденозин трифосфат) – акумулира енергија
докази дека растението во процесот на фотосинтеза навистина создава скроб
Со темна хартија покриваме дел од листот на сардела.
По неколку дена листот се открива и на него се капнува јоден раствор.
Делот од листот што бил покриен и не содржи шеќер не ја менува бојата, а во делот кој бил осветлуван се создава шеќер (скроб) и тој се обојува темно сино бидејќи јодниот раствор го бои скробот темно сино или црно.