bio digestiven sistem Flashcards
Функции на системот за дигестија
Обработка на храната(механичка и хемиска)
Ресорпција на дигестираните молекули од храната
Отстранување на несварените состојки надвор од организмот.
како дсе поделени органите во системот за дигестија според функцијата
систем за дигестија(дигестивен тракт)
додатни органи-жлезди(дигестивни жлезди)
кој органи спаѓаат во дигестивниот тракт
Усна празнина
Голтка
Хранопровод
Желудник
Тенко црево
Дебело црево
Анален отвор (anus)
кои се додатни органи/жлезди
Плункови жлезди
Црн дроб (hepar) со жолчно ќесе
Поджелудечна жлезда
од што е изграден ѕидот на дигестивната цевка
ѕидот на дигестивната цевка е изгградена од два до три слоја на мазни мускули, меѓу кои има сврзно ткиво, а внатрешноста на каналот е обложена со слузокожа
што овозможува контракцијата на мускулните слоеви
мешање на храната и движење на храната
од кој е регулирана работата на дигестивниот систем
од нервниот и ендокриониот систем
органи во усната празнина
1.Јазик
2.Заби
3.Плункови жлезди
што е јазик и како е изграден
Јазик (lingva) е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот.
Обложен е со слузокожа со 4 видови папили, со кои се разликува вкус на храната
што се заби и се за нив
Тоа се цврсти органи сместени во забни јамички(алвеоли) на горната и долна вилица
Разликуваме 2 генерации на заби:
Млечни (20) од 6-12 месец.
Трајни (32) 6-8 година
што има на секој заб
Слободен дел(коронка)
Корен на забот кој лежи во забната јамичка
Врат- јаповрзува коронката со коренот на забот
какви се плунковите жлезди
доушни, подвилични, подјазични и мали букални плункови жлезди
лачат плунка
дневно се лачи од 1-1,5 литри плунка(во зависност од конзистенцијата на храната)
што содржи плунката
серозен дел-кој содржи 99% вода и ензими(пријалин, малтаза и лизозим) соли на Na, K, Cl, бикарбонати и др
и мукозен дел-се состои од густ и лигав секрет муцин
што се прави во усната празнина и каква може да биде
Во усната празнина се извршува обработка на храната која може да биде:
1. Механичка обработка
2. Хемиска обработка
механиќка обработка на храна
Механичка обработка . Со учество на забите и плунката се остварува:
Џвакање(мастикација) на храна,
Формирање на залак(болус),
Голтање на храната ( деглутација).
хемиска обработак на храна
Хемиска обработка со помош на ензими од плунката:
Птијалин ( скроб малтоза глукоза)
птијалин малтаза
Муцин – ги обвиткува залците во вид на меки, влажни топки.
Лизозим- делува бактерицидно,
Бикарбонати- улога на пуфери. Ја одржува рН во устата меѓу 6,5 и 7,5 рН.
што е голтник
голтникот е заеднички орган ан системот за дигестија и респирација
што се случува во голтникот
овде оформениот залак со помош на јазикот рефлексно се бутка наназад и се голта, преминувајќки во хранопроводот
потоа отворот од гркланот се затвора со капачето и на тој начин се спречува навлегувањето на храната во дишните патишта
во системот на дигестија, голтникот проголжува во хранопроводот, а во системот за респирација на неа се надоврзува гркланот
што е хранопровод
хранопроводот е мускулест орган долг околу 25цм, кој ги поврзува голтникот и желудникот
што се случува со хранопроводот
хранопроводот на патот од градната до стомачната празнина заедно со крвните садови и n.vagus, преку посебен отвор поминува низ дијафрагмата
како се дели желудникот
на влезен дел-кардиа
проширен дел-тело(дно на желудникот)
и излезен дел-пилорис(на него се наоѓа мускулен сфинктер кој го регулира празнењето на желудникот
каде се наоѓа желудникот
сместен е во левата страна на стомачната празнина под дијафрагмата
градба на желудникот
ѕид-од 3 слоеви мазни мускули
обложен е со дебела слузокожа во која има жлезди кои го излачуваат желудечниот сок(од 1-1.5 литри желудечен сок се излачува за еден ден
желудничкиот сок содржи
ензими
хлоропроводна киселина(HCl)
муцин
вода
минерални материи
ензими
пепсин
лаб ферментот
желудечната липаза
ензим пепсин
во желудникот ја започнува дигестијата на протеините до попрости белковини(овие го поттикнуваат лачењето на хормонот гастрин кој пак ја зголемува секрецијата на HCl-колку повеќе промени се консумираат со храната толку е поголемо лачењето на гастринот и на HCl
лаб-ферментот
дејствува врз засирувањето на белковините од млекото(казеин)
со тоа се овозможува казеинот подолго време да се задржи во желудникот за да може пепсинот да делува врз него и да се разложи
желудничката липаза
ги разложуваат мастите од млекото до глицерол, алхохол и масни киселини
хлоропроводна киселина(HCL
ја зголемува киселата реакција во желудникот и ја одржува истата во границите од 1-1.5 pH(кисела)
создава услови за активирање на пепсиногенот во пепсин
овозможува барење на протеините и нивна подготовка за дејството на ензимите врз нив
дејстувва бактерицидно врз микроорганизмите кои доаѓаат до желудникот заедно со храната
создава услови за растворување на нерастворливите соли на железотом фосфорот, калциумот и др
што прави муцинот
ја заштитува црвената слузокожа од разорното дејство на HCl и пепсинот(а со тоа и од чир на желудникот)
колку време храната се задржува во желудникот
алкохолот, лекловите и некои токсини лесно растворливи во вода, брзо преминуваат во крвта, без долго задржување во желудникот
храната состевена од протеини и масти останува во желудникот и до 7 часа по консумирањето
градба на тенко црево
се протега од излезот на желудникот до слепото црево, кое е почетен дел на дебелото црево
долго е 5-7 метри и на него се разчикуваат 3 дела
дванаесетпалечно црево, пократко празни црево и подолго усукано црево
дванаесетпалечното црево
дванаесетпалечното црево е долго околу 30cm или 12 палци. во неговиот почетен дел се излеваат секретите од панкреасот и жолчниот сок
градба на слусокожата на тенкото црево
слузокожата на тенкото црево е набрана и на површината има голем број црвени ресички кои ја зголемуваат површината, а содржат и крвни и лимфрни садови со што активно ја ресорбираат храната
дигестија на храната во тенкото црево
храната која од желудникот, заедно со желудничкиот сок преминува во тенкото црево е полутечна кашеста маса наречена хумус
во тенкото црево целосно завршува дигестијата и најголемиот дел од ресорпцијата на храната
9 литри течност во теков на денот патува низ тенкото црево, а само 5% не се ресорбираат преку црвените ресички
ензимите од панкреасот(панкреасниот сок) ги разложува јаглехидратите, протеините, мастите и нуклеинските киселини до нивните најпрости и најмали делови
пример за хидролиза на храната во тенко црево
мастите пред да хидролизирааат се емулгираат(големите масни капки се разбиваат во помали) со помош на жолчниот сок
жолчниот сок ги подготвува мастите за нивно разложување, но не учествува директно во дигестијата
мастите се разложуваат до глицерол и масни киселини под дејство на црвената липаза
градба на дебелото црево
долго е околу 1.5м и голем дијаметар
се разликуваат 3 дела
почетен дел0слепо црево, колон и право црево-кое завршува со анален отвор
функцијата на дебелото црево во дигестијата на храната
Дебелото црево врши собирање и исфрлање на недигестираните штетни материи.
Во дебелото црево нема ензими и затоа нема хемиска обработка на храната.
Во него е активна само цревната микрофлора која ги разградува несварените состојки и се ослободуваат гасови( СО2, ЅН, СН4, и токсични материи: амонијак, др. ), а учествува и во синтеза на некои витамини: В1, В2, В12, и К.
Во дебелото црево се врши најактивна ресорпција на вода
Се ресорбираат и некои витамини, минерални соли на Nа, К, и Сl.
Се формира фецес.
панкреас
Панкреасот или поджелудочната жлезда - под желудникот до дванаесетпалечното црево поврзана преку панкреасниот.
Внатрешноста на панкреасот е составена од два вида на клетки:
Ацинусни (клетки поредени во грозд-форма) - кој излачуваат во почетокот на дванаестпалечно црево-панкреасен сок
Клетки на Лангерхасови островца - во кои се синтетизираат хормоните: инсулин и глукагон
Панкреасот е жлезда со двојно лачење
панкреасен сок
Состав на панкреасен сок (1,5 – 2 л панкреасен сок :
Органски дел : ензими: липаза, амилаза, трипсиноген, химотрипсин и мал % нуклеаза и лецитиназа.
Неоргански дел:Вода, хлориди,бикарбонати и фосфати
црн дроб
Црниот дроб (хепар) - 2 кг,
Се состои од : 2 резни: лев и десен од кои излегува по едно каналче.Двете каналчиња се соединуваат во црнодробен канал.
Во десниот резен се наоѓа жолчното ќесе .
Клетките на црниот дроб се наречени хепатоцити.Тие дневно продуцираат 600 мл. жолчен сок кој се влева во жолчното ќесе.
Од ж. ќесе поаѓа жолчен канал кој се соединува со црнодробниот канал во т.н. општ жолчен канал кој се влева во дуоденум.
жолчен сок
Жолчниот сок се состои од:
Органски дел: жолчни к-ни и жолчни бои (билирубин, биливердин,), холестерин, лецитин
Неоргански дел – бикарбонати, хлориди, јони на Na и најголем дел од вода.
функција на хепарот/црниот дроб
Хепарот е орган со најголем број на функции во организмот, од кои ќе ги споменеме најглавните:
метаболична
детоксикација
депонирање
одбрамбена
еритропоетична
секрециона и
уќествување во терморегулација
метаболична функциај на црниот дроб
Метаболична:
Регулација на ниво на шеќер во крв
Трансформација на амоњак во уреа
Конверзија на провит. А во актив.обли
детоксикациај на црн дроб
Детоксикација:
Неутрализирање или елиминирање на штетни и отровни материи (алкохол, лекови,) некои хормони
депонирање на црн дроб
Депонирање на :
Гликоген 20%
Витамини А, РР, В12,К, фолна киселина, крв, железо и бакар.
одбрамбена функција на црн дроб
Одбрамбена:
Формирање на одбрамбени протеини во крв
Синтеза на фактори на коагулација.
учество на црн дроб во терморегулација
Учествува и во терморегулација.
Како најактивен орган има и највисока температура.
секрециона функција на црн дроб
Секрециона:
Создавање и
секреција на жолчка
еритропоетична фунцкија на црн дроб
- Создавање на еритроцити за време на ембрионалниот живот