bio koren Flashcards
како се делат растителните органи
Вегетативни и репродуктивни
Вегетативни растителни органи
Вегетативни – кои го одржуваат растението во живот
корен
стебло
лист
Репродуктивни(генеративни) растителни органи
Репродуктивни (генеративни) органи кои овозможуваат размножување на единката и биолошкиот опстанок на видот.
цвет,
плод
семе.
Улога на коренот
Улога:
● Го прикрепува растението за подлогата.
● Ја впива водата со растворените хранливи материи.
како се развива коренот
КОРЕНОТ се развива од семето и се појавува како зародишен ембрионален корен, а потоа расте позитивно геотропно.
вистински корен
Вистински корен се појавува кај сувоземните растенија папрати и семени растенија), додека кај мововите тој отсуствува , а неговата функција ја превземаат клетки наречени – ризоиди.
вегетациона кула
На врвот на коренот се наоѓа вегетациона купа со чија активност коренот расте непрекидно во текот на животот .
Вегетационата купа е заштитена со калиптра -коренова капа која го заштитува коренот при неговото пробивање во земјата.
коренов систем
Кореновиот систем претставува збир од сите корени на едно растение
осков коренов систем
А. ОСКОВ КОРЕНОВ СИСТЕМ
Коренот кој настанува од ембрионалниот корен се вика главен корен. Потоа истиот се разгранува и формира странични корења од 1,2,3… ред. Овој тип на коренов систем среќаваме кај голосемените растенија и кај дикотиледоните растенија од скриеносемените.
жилест коренов систем
B. ЖИЛЕСТ КОРЕНОВ СИСТЕМ
Нема главен корен.
Кога ембрионалниот корен рано ќе го заврши својот раст, тогаш од стеблото праќаат корени кои се наречени адвентивни (дополнителни) корени, и формираат т.н. жилест коренов систем. Ваквиот тип на корен се среќава кај монокотиледоните растенија.
анатомија на коренот
На коренот морфолошки на надолжен пресек се разликуваат неколку зони:
Зона на врвен коренов меристем (зона на кореновата капа)
Зона на растење -зона на издолжување
Зона на диференцирање(зона на коренови влакненца).
зона на коренови влакненца
Површинските клетки формираат влакненца за впивање вода од земјата
зона на растење
Коренот со делбата на овие клетки расте и ја зголемува својата должина
зона на врвен коренов меристем
Клетите на кореновата капа постојано се обновуваат со делба на врвниот коренов меристем
напречен пресек на корен
Ако направиме напречен пресек во зоната на кореновите влакненца ќе ја забележиме неговата примарна градба. Ткивата се поделени на внатрешни и надворешни ткива