Bio koski i muskuli Flashcards
Нивоа на биолошка интеграција
- соединение
- органела
- клетка
- ткиво
- орган
- органски систем
- организам
Атоми
најмали структурни компоненти на живите системи
молекули
влегуваат во градба на органските и неорганските соединенија
клеточни органели
делови на клетката одговорни за извршување на разни метаболни функции во клетката.
клетка
основна функционална единица на живите организми
ткиво
група на клетки кои имаат исто потекло и структура и се специјализирани за иста функција
видови ткива
Покровно-заштитно
Потпорно – сврзно
Мускулно
Нервно
орган
организација од две или повеќе ткива кои учествуваат во извршување на иста функција.
органски систем
органи кои се атомски и функционално поврзани
организам
целина од морфолошки и функционално поврзани орански системи. Организмот е највисоко ниво на биолошка интеграција
скако се делат органите поред тоа каде се сместени во човечкиот организам
во задниот дел на телото и
во предниот дел на телото
органи во задниот дел на телото
Мозокот во черепната празнина
Рбетниот мозок во рбетниот канал
органи во предниот дел на телото
Градната празнина:
срце, градна жлезда, хранопровод, дишник, главни крвни садови
Стомачната празнина:
желудник, тенко и дебело црево, црн дроб, жолчка, слезина, панкреас
Карлична празнина:
мочен меур, репродуктивни органи, право црево, Бубрези, мочоводи
колку течности има ворзрасен човек во своето тело
42 литри
поделба на течноста во телото на возрасен човек
Во клетките како интерцелуларна течност ( 25 л)
Надвор од клетките како екстрацелуларна – интерстициска помеѓу клетките ( 12 л)Преку меѓуклеточната течност се остварува размена помеѓу крвта и клетките.
Васкуларна течност - крв (5л)
плазма 3л и
крвни клетки 2л
хомеостаза
Одржувањето на рамнотежа во функциите на органските системи при промени во надворешната и внатрешната средина се нарекува хомеостаза.
повратна фаза
Механизам на регулација на функциите претставува т.н повратна врска или “ feed – back “механизам со која системот настојува да да ги намали ефектите од нарушувањето на функциите.
како се делат повратните врски според начинот на делување
позитивна ( регулира дел од органскиот систем) и
негативна ( се однесува на цел органски систем)
што се случува кога има зголемена концентрација на глукоза во крвта
доаѓа до стимулациј за лачење на инсулин
што прави инсулинот
инсулинот ја намалува концентрацијата на глукоза во крвта
пример за негативна повратна врска
Пример за негативна повратна врска негативен “feed – back”механизам во кој реакцијата на почетниот стимул е спротивна.
позитивна повратна врска
Позитивната повратна врска или позитивен “ feed – back “ механизам е процес каде почетниот стимул предизвикува зголемување на наредниот ( (ако одговара со зголемување) или пак ако предизвикува намалување тогаш продолжува со намалување
пример за позитивна повратна врска
Пример за позитивна повратна врска е коагулацијата на крвта кога при повреда на некој крвен сад започнува процесот на создавање на коагулум.
Локомоторен систем – потпорно движечки апарат
скелетен систем од :
коски и рскавица
неподвижен(пасивен дел)
- мускулен систем од :
(мускули и сврзно ткиво)
подвижен ( активен дел)
скелетен систем
Скелетот се формира во ембрионалниот развиток од:
Хорда–>’рскавично ткиво–>коскено ткиво
кои делови остануваат како рскавици во текот на цел живот
рскавица на површината на зглобовите, ушна школка, ноздри, крајни делови на ребра и др.
колку коски има човекот
Во телото на човекот има вкупно 208 коски но поради сраснување кај некои од нив бројот се сведува на 206 коски
градба на коски
Коските се изградени од коскено ткиво, кое е состaвено од:
Коскеното ткиво може да биде:
Компактно (збиено)
Сунѓересто
коскено ткиво градба
Коскеното ткиво е изградено од:
-коскени клетки (остеоцити) – ѕвездообразни клетки
- меѓуклеточна цврста материја –основна материја(што ја продуцицаат самите клетки)– од соли на Са и Р, осеин(протеин,ја дава еластичноста на коските) и вода.
морфологија на долги коски
Кај долгите коски на екстремитетите-проширени краеви-епифизи,поврзани со издолжен дел -дијафиза
внатрешен коскен канал
Внатрешен коскен канал – црвена коскена срцевина вo која до 25 год. се врши хемопоеза-создавање на крвни клетки.
ѕид на коскениот канал
Ѕид на коскениот канал – од компактно коскено ткиво низ кое минува Хаверсовиот канал каде се сместени крвните садови.
покосница
Покосница (periosteum)- надворешна обвивка на коската со клетки способни да се делат и со тоа коските растат до 20-год. до животот.
како се делат коските според формата во човечкиот скелет
Цевчести – долги: рамена, лакотна, палечна, бутна,и др.
Куси : пршлени, прсти, корен на стапало
Плоснати: карлична, лопатка, градна, коски на череп.
поврзување на коски
Поврзувањето на две или повеќе соседни коски се остварува со зглоб.
какви може да бидат зглобовите
Зглобовите ( споеви) може да бидат:
Неподвижни зглобови-синартрози
Полуподвижни зглобови – семиартрози
Подвижни зглобови - диартрози
како се делат неподвижните зглобови
Фиброзни – влакнести – шевови како кај коските на черепот.
‘Рскавични – поврзување на лева и десна половина на карличен коска
полуподвижни зглобови градба
Имаат рамни зглобни површини еднакви по големина
каде се среќаваат полуподвижните зглобови
Коски на шепа и стапало
Кај пршлените во ‘рбетен столб
елементи на подвижен зглоб
главни и споредни
главни елементи на подвиќен зглоб
- Зглобна површина- на епифизите на долгите коски.
- Зглобна празнина- простор меѓу 2 зглобни површини.
- Зглобна капсула – обвивка на зглобот која се состои од 2 слоја:
-Надворешен – цврст и
-Внатрешен – еластичен –
синовијална мембрана кој лачи
синовијална течност
споредни елементи на подвижен зглоб
- Зглобни врски (лигаменти)
- Сврзно – ‘рскавични творби
зглобни врски
Зглобните врски претставуваат влакнести ленти кои ги поврзуваат краевите од коските и ја зајакнуваат зглобната капсула.
сврзано рскавичните творби местоположба
Сврзно-рскавичните творби се сместени во зглобната празнина на некои зглобови.
како се поврзуваат коски и мускули
Преку тетиви се врзуваат мускулите за коските,а со лигаменти се поврзуваат коските меѓу себе
општ план на градба на скелет
Коските во човечкото тело се поделени во три групи:
Коски на главата ( + подјазична)-коски на лицето и коски на черепот
Скелет на трупот
Коски на ‘рбетен столб и
Коски на граден кош
Скелет на екстремитети
Горни (раменски појас)
Долни (карличен појас)
горни екстремитети
рамена, лакотна и палечна
што има во раменскиот појас
лопатка и клучна коска
што има во карличниот појас
карлична и крсна коска
долни екстремитети
бутна коска, голема писка, мала писка
коски на градниот кош
Градна коска
Ребра – 12 пара
1-7 вистински
8-10- лажни
11-12 - слабински
што има во рбетниот столб
7 вратни
12 градни
5 слабински
5 крси сраснати во крсна коска
опашни
опашни 4-5 сраснати во опашна коска
прв и втор пршлен
Првиот пршлен е наречен атлас и тој ја потпира главата,а вториот вратен пршлен е наречен епистрофеус и служи за вртење на главата од една на друга страна.
Колку мускули има во телото на човекот
Во телото на човекот постојат преку 650 мускули(околу 45-50% од тежината на телото).
40% скелетни мускули
5-10% мазни мускули и срцев мускул
кој го контролира движењето на мускулите
Движењето на мускулите е под контрола на нервниот систем
Од него ги примаат нервните импулси кои му овозможуваат координирани движења
видови мускули
Напречно пругасти мускули-
-Скелетни мускули
Мазни мускули
Во внатрешни органи:
Дигестивен тракт,
Уринарен тракт,
Респираторни патишта
Срцев мускул
сарколема
Сарколема – мембрана на мускулно влакно под која се наоѓаат голем број на јадра.
напречно пругасто мускулно ткиво
Уште познато како скелетно бидејќи го покрива скелетот
Клетки (цилиндрични и долги со рамни краеви)- мускулни влакна.
саркоплазма
цитоплазма со хранливи материи
миофибрили
Миофибрили(1мм) – тенки влакна во саркоплазма со наизменичен распоред кои се одговорни за контракција на мускулното влакно. Содржат два типа на контрактилни протеини:
Актин (потенки) и
Миозин (подебели) филаменти
Волеви мускули
мазно мускулно ткиво
Вретеновидни клетки со едно јадро во центарот на клетката
●Миофибрилите немаат наизменичен распоред
форма на мазни мускули
Форма на мазни мускули:
Кружни- сфинктери(анален отвор или местото на преодот на желудникот во тенкото црево….) Плочести (во ѕидовите на внатрешните органи)
●Неволеви мускули
срцев мускул-миокард
Сличен со напречно пругастите мускули
Пократки клетки
неболеви мускули
синцициум
протоплазматична мрежа околу клетките - овозможува побрзо пренесување на нервен импулс
скелетни мускули
Поврзување за коска со тетиви
Изградени од напречно – пругасто мускулно ткиво
Мускулни влакна се распоредени едни врз други и се групираат во мускулни снопчиња
Повеќе снопчиња-снопови обвиени со фасција
движењето кое зависи од наша вољ може да биде
Контракција-стегање (мускулите се скусуваат и задебелуваат)
Релаксација-опуштање (мускулите се издолжуваат)
видови скелетни мускули
долги плочести и куси
долги скелетни мускули
Долги-вретеновидни во екстремитети на кои имаат проширен активен дел,глава и два стеснети,пасивни краеви,тетиви.
Двоглави-(бицепси)-предниот дел на надлактот и задниот дел на натколеното и потколеното.
Триглави (трицепси)-задниот дел на надлактот
Четириглави – бутен мускул
најјак во човечкото тело
плочести скелетни мускули
дијафрагма,
Грбен мускул,
Стомачни
куси скелетни мускули
Овални-кружни- околу очи и уста
функција на мускулите
Функција на мускулите е движење на нашето тело. Без мускулите ние не би можеле да го движиме нашиот скелет, не би можеле да зборуваме, да трепкаме, да ја вариме храната, да дишиме. Исто така и нашето срце не би можело да пумпа крв.Не би можеле да уринираме, да исфрламе фекалии, да го издувуваме својот нос и.т.н…
со помош на што остваруваат движење мускулите
зглобови
флексори
Мускулите кои овозможуваат свиткување на зглобот
(се наоѓаат на предната страна на раката и се стегаат)
екстензори
Мускулите кои учествуваат во исправање на зглобот
(се наоѓаат на задната страна на рака и се олабавени)
како се делат скелетните мускули
Антагонисти-мускули кои истовремено вршат две различни движења и
Синергисти –истовремено се движат во иста насока
на што е последица движењето на мускулите
Движењето на мускулите е последица на контракција и релаксација на саркомерите.
саркомери
се контрактилни единици во чија структура влегуваат контрактилните протеини актин и миозин.
зет линија
Границата помеѓу саркомерите се нарекува Z-зет линија.
што се случува при контракција
При контракција актин филаментите се лизгаат врз миозин филаментите, при што доаѓа до скусување на мускулното влакно.
што се случува при релаксација
При релаксација се оддалечуваат актин филаментите, со што мускулното влакно се издолжува.