Исхемична Срцева Болест II - Нестабилна Ангина и Миокарден Инфаркт Flashcards
Објасни ја нестабилната ангина?
Се дефинира како:
- прва ангинозна болка во животот е секогаш нестабилна ангина
- засилување на интензитетот на болката, фреквенцијата на на појава како и “леснотијата” за провокација на ангина
- ангина во првите 4 недели после миокарден инфаркт
Кај половина од пациентите можи да нема ЕКГ промени, но на Холтер ЕКГ се гледаат 60-70% промени во ST сегментот
Која е прогнозата и менаџирањето на нестабилната ангина?
Прогнозата е полоша кај овие пациенти за разлика од оние со нестабилна ангина; исто така оние кои не реагираат позитивно на иницијалната терапија имаат поголем морталитет.
При менаџирање, треба да се процени ризикот за веројатност на тешка коронарна артериска болест, а после тоа треба да се евалуира краткорочниот ризик за појава на миокарден инфаркт
- Низок ризик - медикаментозно (претходно наведените)
- Среден и висок ризик - да се пратат на оделение за подетални евалуации и терапија