Обструктивни Болести на Дишни Патишта I Flashcards

1
Q

Кои се тригер фактори на астма?

A

Астма - реверзибилна обструкција, воспаление и хиперреактивност.

  • Алергени (мов, полен, прашита, животински првут, индустриски загадувачи, чад од тутун, чад од оган, козметича)
  • Орални алергени (конзерванси, лекарства како аспирин и бета блокатори)
  • Инфекции (вирусни инфекции, пред се RSV вирус)
  • Психолошки (можно е на пример од панични напади)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Што е ХОББ и како се класифицира?

A

ХОББ се карактеризира како иреверзибилен, прогресивен абнормален експираторен проток.

  • Хроничен бронхит - кашлица која трае минимум три месеци во годината, барем две години со ред. Најчесто е предизвикан од пушење. Други причини се загаден воздух, професионална експозиција на штетни материи, инфекции
  • Емфизем - трајно проширување на терминалните дишни патишта и деструкција на ацинарните ѕидови без фиброза. Ризик факторите се слични како кај хроничен бронхит, но има и конгенитален тип (дефицит на алфа-1 антитрипсин)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Кои се најчестите причини за појава на хронична кашлица?

A
  • постназален дрип
  • ХОББ
  • астма
  • ГЕРБ

Други: хронични инфекции, други белодробни заболувања, аспирации, психогени фактори, срцева слабост.
Лекарства (АКЕ инхибитори) исто така се причина

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Која е клиничката презентација на астма?

A
  • Класичните симптоми се кашлица, диспнеа и визинг.
    Доколку е во респираторен дистрес, имаме: активација на помошни мускули (интеркостални, субклавикуларни), ширење на ноздрите, цијаноза, промена на менталниот статус.
  • На аускултација: промена на инспириум/експириум (нормален 2:1). Тахипнеа без треска е исто така знак.
    Кај деца се манифестира како ноќна кашлица. Посебен ентитет е астма индуцирана од физичка активност (exercise-induced astma)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Која е клиничката презентација на ХОББ?

A
  • Типична слика е изразена кашлица, диспнеа и визинг.
    Во потешки случаеви имиаме тахипнеа, помошна мускулатура, издишување преку затворени усни (како да дува свеќа), цијаноза, агитација.
    Има големи количини на спутум, а во понапреден стадиум имаме цијанотични задебелени прсти кај ноктите
  • На аускултација: визинг, крепитации и ронхи. Срцевите тонови се послаби, а можен е и галоп звук.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Што да правиме кога има хронична кашлица?

A

Оди по диференцијални дијагнози: барај дали има алергиска компонента (алергичен катар), дали има хронична инфекција, ГЕРБ, срцеви заболувања, полутанти исл…

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Објасни на кратко белодробни функционални тестови?

A
  • Доколку имаме обструктивен карактер: FEV1 се намалува, FVC останува исто, тифно индекс опаѓа (FEV1/FVC)
  • Доколку имаме рестриктивен карактер: VEV1 е нормален, FVC се намалува, а со тоа тифно индекс се покачува

Кај астма, најдобро се докажува со промена на FEV1:
* Со користење на бета агонисти, зголемување за 15% е позитивен знак;
* Со користење на провокатори (физичка активност, хистамин, метахолин), пад за 20% е позитивен знак.

Со иследување на PERF (maximum speed of expiration), можи да се иследува состојбата на астма - дали е задоволително менаџирана, дали треба лекарства/промена на лекарства, или итно да се ургира.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Кои други параклинички методи можат да се направат кога се сомневаме на постоење на обструктивно заболување?

A
  • Артериска гасна анализа: хипоксемија кај астма или хиперкапнија кај ХОББ (за хоспитализација)
  • Лабораторија: CRP и леукоцити за инфекција, полицитемија за тежината на хипоксемија, спутум за да докажеме патогени.
  • РТГ на граден кош (страно тело, пневмоторакс, пневмомедијастинум, консолидација исл)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Како би се дијагностицирала хронична кашлица?

A

Од најкорисно до најнекорисно:
* Детална анамнеза
* Физикален преглед
* Белодробни функционални тестирања
Метахолинско оптоварување
Радиолошки иследувања на горен ГИТ
Мерење на езофагеална pH
РТГ на синуси и гради
Бронхоскопија

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly