Обструктивни Болести на Дишни Патишта II Flashcards
Каква е главната стратегија за менаџирање на обструктивните заболвуања на белите дробови?
Отстранување на тригер факторите
Имунотерапија
Физичка активност
Медикаментозна терапија
Психосоветување и подршка
Објасни го отстранувањето на ризик факторите?
- Климатски промени
- Надворешно загадување
- Внатрешно загадување
Објасни го влијанието на климатските промени?
- Кога нема ветер, повеќе се акумулираат аерочестици (алергени, токсини, загаденост) - егзацербација
- При висока влажност се стимулираат поленогените растенија и мувла - повеќе полен
- При пад на температурата можи да се стим. бронхоконст.
Исто така барометриски промени можат да делуваат на егзацербацијата.
Совет: при такви денови да не се излегува многу често надвор.
Објасни ги надворешното и внатрешното загадување?
- Надворешно загадување - да се внимава на какви растенија има околу домот, кога процветуваат исл.
- Внатрешно загадување - Контрола на миленичиња, растенија, козметички препарати, тип на греење (на дрва или со парно), материјали во домот. Од особено значење е квалитетот на подлогата за спиење (покривки, перница, душек, чаршав исл)
Објасни ги имунотерапијата и вежбањето?
- Имунотерапија: редовна вакцинација против influenza virus и пневмококи кај високоризични заболени.
Користење на антибиотска/антивирусна профилакса
Користење на антихистаминици и други антиалергени - Вежбање: аеробен тренинг барем три пати неделно го навикнува организмот и го прави поотпорен кон тригер факторите. Доколку е потребно, да се прати на белодробна рехабилитација
Како е дозирањето на salbutamol?
> 2 години per os: 0.1mg/kg tid-qid (макс 2mg)
2 години MDI: 1-2 инхалации (100-200mcg), q4h
12 години небулизер: 2.5mg, q4h
Како е дозирањето на salmeterol, formoterol, indacaterol?
- Секогаш ќе ги најдиш во комбинации со LAMA (fixed-dose combinations)
Salmeterol: 50cmg, q12h
Formoterol: 12mcg, q12h
Indacaterol: 150mcg, qd
- Формотерол е единствен кој можи да се користи за астматичен напад поради брзиот почеток на дејство
(1-3 минути)
Објасни го користењето на кортикостероиди?
Не спречуваат астматичен напад, но со долгорочно користење (4-8 недели) намалуваат релапси, ја стабилизираат мукозата и намалуваат хоспитализација. Немаат удел на морталитетот на болеста.
Beclomethasone: 2-4 инхалации, bid-tid
Budesonide: 1-2 инхалации, bid
Flunisolide: 2 инхалации bid
Triamcinolone: 1-2 инхалации tid-qid
Prednisone:
возрасни: 40-80mg на ден
1-12 год: 1-2mg/kg на ден