Вирусни Инфекции на Респираторниот Систем Flashcards
Која е клиничката слика и лекувањето кај настинка?
rhinoviridae, coronaviridae
- Симптоми: кивање, солзење на очи, назална конгестија со постназален секрет, засипнатост, болки во грло, продуктивна кашлица.
- Лекувањето е главно симптоматски: мирување, хидрација.
Pleconaril 200mg bid можно е да поможи.
Компликации се астматиформни егзацербации, otitis media, пневмонии, особено доколку настинката е од RSV, influenza, adenoviridae, бактериски инфекции/суперинфекции.
Која е клиничката слика, лекувањето и компликациите кај грип?
virus influenza
- Симптоми: генерализирани болки (мијалгија, артралгија), просстрација, потење, главоболка, сува кашлица која егзацербира болки, болки во орбита и слепочници.
Catarrhus febrilis respiratorius
Сите овие симптоми се експлозивни, температура до 38.9 (кај деца можи и над) - Најточна дијагноза се поставува за време на епидемии.
- Лекување:
Amantadine 100mg bid (кај постари и со рен. инсуф qd)
Oseltamivir 75mg bid; кај деца 5mg/kg bid во тек на епт
дена
НСАИЛ за болки и температура - Компликации:
Полесни: отитис медија, бронхит, егзацерб. на астма/хобб
Потешки: тешки пневмонии, мултиорганско оштетување кај постари лица и лица со коморбидитети (пулмонални, кардиоваскуларни)
Која е клиничката слика и етиологијата на бронхит?
- Клиничка слика: кашлица^, неугодност во градите, можен визинг на аускултација, блага треска.
На аускултација е можен визинг
Често е претстоен со грип, во најголем дел вирусна етиологија. Најчесто кај повозрасни деца, адолесценти и адулти.
^ Ако е пурулентен-> бактериски.
Ако е мукозен (или сува кашкица)-> вирусен
Која е клиничката слика и етиологијата на круп/ларинготрахеит?
- Клиничка слика:
Croup (спазмодичен) - нагли напади на кучешка кашлица со експираторен стридор.
Laryngotracheitis - за разлика од круп, овде има претходење на горнореспираторна инфекција пред самото влошување. - Најчеста година која е оффатена е деца под 12 години, со пик од 6 месеци до 2 години
- Менаџирање:
Ладен воздух или пареа можи да го прекини нападот.
Дексаметазон per os или i.m. доколку е потешка сликата,
0.6mg/kg, максимална 10mg
Можна инхалација на епинефрин 0.25-0.5ml на 2.25% раствор во 3ml.
Објасни ја клиничката слика, лекувањето и секвелите на бронхиолитот?
- Започнува како горнореспираторна инфекција која слегува надолу; детето станува тахипноично и има силна кашлица, ретко цица/јаде, па брзо настанува дехидрација.
- Дијагноза: интеркостална ретракција^, ширење на ноздрите, тахипнеа, барај знаци на дехидрација.
Визинг, ронхии, ркалки на аускултација. - Лекување: само супортивна терапија помага. Доколку нема температура (да исклучиме пневмонија), и тешка дехидрација/тахипнеа, можи во домашни услови да се лекува. Доколку е во тешка клиничка слика, се праќа на педијатрија!
- Секвели: акутно е запаѓање во тежок респираторен дистрес, каде што треба да се интубира на вентилатор.
Хронични секвели е визинг кој можи да трае и до 10 години, како и 20-30% од заболените подоцна во животот да развијат астма.
Ширење на ноздрите, интеркостална ретракција сугерира на респираторен дистрес!!!
^ Гледај абдоминално дишење, вовлекување на кожата меѓу ребрата, набрекнување на кожата над клучната коска…
Која е клиничкатра слика и лекувањето на фарингокоњуктивална треска?
- Клиничка слика: фарингит, кашлица, температура, главоболка, мијалгија и малаксаност, коњуктивит.
Коњуктивитот се јавува уште рано во продромален стадиум
Се јавува најчесто кај тинејџери и адолесценти. Аденовируси се најчест причинител. - Лекување: симптоматско. Поминува за недела дена, без секвели.
Како е поделен етиолошки ларингитот, и објасни ја клиничката слика и лекувањето?
Поделба: вирусен (најчест), бактериски, фунгален, иритантен, автоимун.
- Клиничка слика: засипнатост (до афонија), гребење и сувост во грлото;
Можни се системски знаци: ниска температура, болки при голтање, катарални симптоми^ - Деца под 2 години се на ризик да се равие опструкција на дишни патишта; повозрасните ретко.
- Лекување: мирување, што помалку говорење, гргара со топла вода (сол или сода бикарбона), етиолошки
^ кивање, течење на нос, солзење на очи.