socio2 Flashcards

1
Q

Социолошки методи и техники

A

Зборот метод потекнува од грчкиот збор methodos што значи начин, постапка како да се направи нешто. Значаен метод кој го изучуваме е научниот метод. Тој е методот кој ѝ недостасувал на социологијата во нејзините рани фази, а по неговото вметнување, социологијата почнала брзо да се развива. Со научниот метод на почеток на секое социолошко истражување, најпрвин се прегледува постоечката литература која постои за социолошкото прашање кое сакаме да го истражуваме. Потоа, се бира примерок на луѓе кои ќе бидат користени како извор на информации за истражувањето. Ова е бидејќи не е возможно да се праша целокупната популација, па се бира дел од популацијата која реално ја отсликува целата популација. Техниката е основен елемент на научниот метод и претставува активност или техничко средство кое се употребува во различни фази на истражувањето. Се делат на три групи:
1) за прибирање податоци (набљудување, анкета, интервју, експериментален метод
2) за средување податоци (класификација, типологија, мерење, статистички метод, социометрија, анализа на содржина на документи)
3) за анализа и толкување (компаративен метод, мултиваријантна анализа, истражување на случај)
Постојат 7 фази на социолошкото истражување: поставување социолошко прашање, поставување цели, поставување хипотеза, избор на примерок, избор на техника за прибирање податоци, средување податоци, толкување и анализа на податоци

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Култура

A

Културата претставува целосен систем кој опфаќа знаења, верувања, уметност, морал, право, обичаи и други способности, знаења и умеења кои човекот ги стекнал како припадник на општеството. Тоа го кажал Едвард Тејлор, англиски теоретичар, кој е познат и по своето мислење дека културата настанала по пат на еволуција заедно со човекот, од варварство до цивилизација. Всушност, бидејќи неговиот биолошки опстанок зависи од моќта да ја приспособи природата кон своите потреби почнал да ја обработува храната, да изработува орудија, алати, а за да си ги објасни појавите креирал митови, легенди и верувања. На тој начин настанала културата. Поимот култура, пак, настанал од латинскиот глагол cultus што значи обработува, негува земја. Во денешните култури се застапени следниве:
1) конкретен систем на вредности (го насочуваат однесувањето на луѓето со тоа што им покажуваат што е ценето во општеството)
2) систем на симболи (со нивна помош се остварува комуникацијата и им се дава значење на појавите и процесите во едно или повеќе општества)
3) норми и санкции (со кои се реализираат вредностите и се штитат интересите на општеството)
4) колективна меморија (генерациско искуство, историски континуитет на пренесувани и развивани знаења, умеења и вештини)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q
A
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly