fizika posledno Flashcards
Наизменична струја
електрична струја чија што јачина и насока периодично се менува.
Кога владее напон
Ако краиштата на рамката ги приклучиме на некој електричен потрошувач, тогаш на краиштата ќе владее напон.
Кои се ефективните вредности на напон и јачина
Ефективните вредности на напонот и јачината на струјата се оние вредности што ги покажуваат амперметарот и волтметарот.
Омски/активен отпор
потрошувач кој има занемарливи индуктивитет и електричен капацитет.
При течење на наизменична струја низ чисто омски отпор…
целата електрична енергија се претвора во топлинска енергија.
Кога во колото е вклучен омски отпор промените (осцилациите) на јачината на струја и на напонот се
во фаза
Кога струен круг (коло) содржи активен капацитативен и индуктивен отпор осцилациите (промените) на јачината на струјата се во
фазна поместеност во однос на осцилациите на напонот.
Кои се условите за резонанција?
Кога вкупниот отпор – импенданцијата е еднаква на омскиот отпор, а напонот и јачината на струјата се во фаза станвуа збор за резонанција на напонот.
Кога е задоволен условот за резонанција на напонот…
низ колото тече максимална струја.
Активна моќност
покажува колкав дел од електричната енергија неповратно му се дава на струјното коло односно колкав дел од енергијата се претвара во топлина, светлина, хемиска енергија…
Реактивна моќност
покажува колкав дел од енергијата се потрошила за формирање на магнетно или електрично поле.
Трансформатор
прибор што служи за лесна и економична промена на напонот и јачината на наизменичната струја со непроменета фрекфенција.
Се што знаеш за трифазни струи раскажи го сега
ама така убаво објасни го и оцени се колку го знаеш (бидејќи оваа лекција треба да ја „раскажуваме“)