fizika2 Flashcards
Кристална решетка
правилен распоред на атомите во металите
Слободен електрон
е секој атом од решетката кој е способен да испушти по еден или повеќе електрони од последниот слој од електронската обвивка
Како се движат слободните електрони од кристалната решетка
слично како што се движат честиците од некој флуид - затоа се викаат и електронски гас.
(електрична) струја
насочено движење на електричните полнежи
Јачина на електрична струја
е количество електричество што поминува низ даден спроводник во единица време (I = Q/t)
Еден кулон
е количество електричество што поминува низ спроводник за време од една секунда низ кој тече јачин од 1 ампер.
Како се мери јачината на струјата
со амперметар (може да биде аналоген и дигитален)
Насоката на ел. струја
насоката на течење на електрична струја е обратна од насоката по која се движат слободните електрони во металот
Каква може да биде струјата?
постојана и променлива (еднонасочна и наизменична)
Густина на струјата
е величината што ја дава големината на струјата (I) шти тече низ единечен напречен пресек од спроводникот (s)
j = I/s ; j = envs
Како зависи јачината на струјата во метален спроводник
Јачината на струјата во метален спроводник е правопропоционална со приложениот напон при што коефиционетот на пропорционалност има константа вредност еднаква на реципрочната вредност на отпорот. I = U/R
Како зависи јачината на струјата во целото коло
Јачината на струјата во целото коло зависи правопропорционално од електромоторната сила, а обратнопропорционално од збирот на надворешниот и внатрешниот отпор во колото. I = E/R+r
Температурен коефициент на отпорот (или алфа)
е еднаков на релативната промена на дадена супстанција при промена на температурата за 1К
Сериско врзување
Заедничкиот отпор за сериско поврзани отпорници е еднаков на збирот на одделните отпори
Паралелно врзување
Реципрочната вредност од заедничкиот отпор е еднаква на збирот од реципрочните вредности на одделните отпори.