informatika Flashcards
База на податоци
е организирана целина на меѓусебно поврзани податоци кои се чуваат во една или повеќе табели во компјутерот.
Релациски бази на податоци
се оние каде што е возможно податоците да ги организираме по сличност на поимите, во повеќе табели, а потоа табелите да ги поврземе меѓусебно и да ги здружиме податоците.
Табела
е основен елемент за организирано чување на податоците во рамките на база на податоци. Во неа се запишуваат податоците за личностите или за предметите со лични својства.
Запис
е еден ред од табелата кај релациските бази на податоци.
Поле
е секоја колона кај релациските бази на податоци.
Поле за идентификација
обично се наоѓа на првото поле во секоја табела и е бројач кој автоматски се зголемува и всушност ги брои редиците во табелата. Полето за идентификација овозможува уникатност на редиците.
Барање или прашање
служат за пронаоѓање за избирање и комбинирање податоци од една или повеќе табели.
Форми
се прозорци кои ги креира за визуелно попрегледно внесување и пристап до полиња од повеќе табели кои се поврзани со формата.
Филтрирање податоци
користиме кога од множество податоци потребни ни се само оние според некој зададен критериум.
Барање
претставува начин како одредена информација да ја извлечеме од базата на податоци.
Извештаи
се објекти во кои податоците се организирани и групирани и во кои може да се додаваат и дополнителни текстуални полиња, логоа, слики, така што се приготвени за финално печатење.