fizika isp Flashcards
Осцилаторно движење
промената на некоја физичка појава или движење на некое тело кои се повторуваат со текот на времето по секој изминат временски интервал и притоа минуваат низ некоја рамнотежна положба.
Осцилација
движењата или процесите што поседуваат својство на повтороливост со текот на времето.
Полна осцилација
завршен циклус на осцилаторно движење по кое тоа се повторува од почеток по истиот ред.
Хармониско осцилаторно движење
она движење што се врши под дејство на повратна сила што е пропорционална со поместувањето и е насочена кон рамнотежна положба.
Елонгација
поместувањето на телото од рамнотежната положба во даден момент
Амплитуда
максимално поместување од рамнотежната положба
Период
време за една полна осцилација
Фреквенција
бројот на осцилации што се извршуваат за една секунда
Фаза
покажува кој дел од периодот минал од моментот на почетокот на осцилирање
Кружна фреквенција
број на осцилации во 2pi секунда.
Се вели дека се во фаза две нишала, кога..
се движат во иста насока и за некој временски момент минуваат едновремено низ рамнотежната положба
Се вели дека се во спротивна фаза две нишала, кога…
нишалата ја постигнуваат рамнотежната положба и продолжуваат да се движат во спротивна насока.
Кога велиме дека пружината е еластична/осцилаторот е еластичен?
Кога пружината не треба да се растегнува премногу при обесување на телото, а без него треба да се враќа во првобитната положба
Повратна сила кај хармониски осцилации
линеарна функција од елонгацијата и синусната функција од времето.
Еластична деформација
настанува ако телото може да ги добие првобитните димензии откако приложената сила ќе престане да дејствува.
Физичко нишало
е секое цврсто тело кое под дејство на Земјина тежа може да осцилира околу неподвижна хоризонатлна оска, што не минува низ неговиот центар на маса.
Математичко нишало
се вика материјалната точка со маса m што е обесена на нерастеглив конец без маса со должина l која се вика должина на математичко нишало.
Слободни осцилации
се осцилации што настануваат во системот под дејство на внатрешните сили откако системот бил изваден од рамнотежна положба (пример: осцилирање на тег обесен на спирала или нишало)
Задушено осцилатоно движење
настанува на крајот кога цела енергија ќе биде потрошена и осцилаторното движење во потполност престанува
Придушување или амортизација
е појавата на постепено намалување на амплитудата на осцилирање на некој физички систем
Демпфери
елементи со кои се засилува вообичаеното придушување
Амортизаторите
служат за намалување на осцилациите по нерамен пат, односно се придушуваат непосакуваните осцилации на каросеријата
Присилени осцилаии
се осцилаторни движења што се вршат под дејство на надворешна сила
Резонанс
е појава на нагло зголемување на амплитудата на присилениот осцилатор за фреквенција што е блиска до фреквенцијата на сопствените осилации на слободниот осцилаторен систем или е еднаква со неа