socio Flashcards
Метод
зборот метод доаѓа од грчкиот збор методос кој значи начин, постапка како да се направи нешто
Техника
е основен елемент на научниот метод и претставува активност или техничко средство кое се употребува во различни фази на истражувањето
Фази на истражување
1) поставување социолошко прашање
2) поставување цели
3) поставување хипотеза
4) избирање примерок
5) избирање техника која ќе ја користиме за прибирање на податоци
6) средување на податоци
7) толкување и анализа на податоци
Култура
е целосен систем на норми, вредности, морал, право и други способности, умеења и навики кои поединецот ги стекнал како припадник на општество.
Културни сличности
се елементи кои ги има секоја култура
Кои се културни сличности (Што се опфаќа културата)
1) целокупен систем на вредности
2) систем на симболи
3) норми и санкции
4) колективна меморија
Културни разлики
разлики помеѓу културите кои ги збогатуваат општествата
Културен релативизам
е сфаќање според кое сите култури се различни и еднакво вредни и ниедна култура нема право да ја проценува другата култура според сопствениот критериум.
Етноцентризам
е кога некој поединец ја величи својата култура, ја назначува како подобра во споредба со нечија друга култура.
Поткултура
е група на луѓе која се одделува од поширокото општество според одредени културни особености.
Контракултура
се појавува како резултат на поткултурите, поточно нивното негативно влијание. Пример би било насилството, криминалот, анархизмот
Симболи
се зборови, знаци и предмети со кои можат да се објаснат други предмети, појави кои можат да се видат, слушнат и допрат
Јазик
е еден од првите облици на човечките симболички активности. Настанал од потребата на човекот за комуникација со другите луѓе, особено во процесот на трудот
Социјализација
е процес на планско пренесување на знаењата, верувањата, вредностите на младата генерација, како и нивното творечко и критичко усвојување
Космополитизам
е идеја според која луѓето воспоставуваат меѓусебни односи без разлика на нивните етнички, верски, расни и национални разлики и придонесуваат за подобрување на општествените односи.