a Flashcards

1
Q

Објасни што се подразбира под поимот Врата на народите?

A

Под поимот Врата на народите се подразбира местото помеѓу планината Урал и Касписко Езеро преку кое навлегле Хуните во Европа во 4 век и ја започнале Големата преселба на народите.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Набројте ги причините за Големата преселба на народите.

A

Причините за Големата преселба на народите биле: пренаселеност, чести војни, потрага по подобри климатски услови, богатства и нови земјишта, а најголемата причина била продирањето на Хуните во Европа.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Објаснете се што сте учеле за Хуните.

A

Хуните биле скитачко племе од монголско потекло кое живеело во Средна Азија. Поради нападите на Кинезите тие ги напуштиле своите територии и се придвижиле кон Европа. Во Европа навлегле во 4 век низ Вратата на народите и првин го победиле племенскиот сојуз на Остроготите во 365г (кој се наоѓал на северното крајбрежје на Црно Море), а потоа во 376г продолжиле да се движат кон запад. Преселбата на Хуните предизвикала селење и на други племиња. Во почетокот на 5 век Хуните ја освоиле Панонија (денешна Унгарија). Таа станала центар на хунскиот племенски сојуз во кој влегувале народи и племиња од река Волга на исток до Германија на запад. Најпознатиот хунски владетел бил Атила кој владеел од 433-453г и по неговата смрт хунскиот сојуз се распаднал.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Кои држави биле формирани во Западна Европа во V-VI век?

A

По распаѓањето на хунскиот племенски сојуз биле формирани нови варварски држави: Визиготското Царство, Остроготското Царство, Вандалското Царство, Лангобардското Кралство и Англосаксонското Кралство

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Објаснете како се создало визиготското кралство

A

Први формирале своја држава Визиготите. Повлекувајќи се пред Хуните, Визиготите го поминале Дунав и се населиле како римски федерати-сојузници, во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Подоцна, под водство на кралот АЛАРИХ, преминале во западниот дел на Балканот, а оттаму навлегле во Италија, каде што во 410 година го завзеле и го опљачкале Рим. По смртта на Аларих, кон крајот на 410 година, Визиготите ја напуштиле Италија и заминале во Јужна Галија. Таму, во 418 година формирале своја држава, со престолнина во градот Тулуз. Во почетокот на 6 век, под притисок на Франките, Визиготите морале да ја напуштат Галија и да го преместат центарот на државата во Шпанија, во градот Толедо. Визиготското кралство постоело до почетокот на 8 век, кога Шпанија била освоена од Арабјаните.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Објаснете како се создало остроготското кралство

A

По распаѓањето на хунскиот сојуз Остроготите се ослободиле од хунската власт и стапиле во римска служба, како федерати-сојузници. Под водството на кралот ТЕОДОРИХ,во 493 година, Остроготите навлегле во Италија и таму формирале голема и силна држава со престолнина во Равена. Остроготското кралство претставувало најсилна варварска држава на териториите на бившото Западно Римско Царство. Покрај Италија, во нејзиниот состав влегувале и западниот дел на Балканот, Панонија ,а на север териториите до р.Дунав. Остроготското кралство постоело 62 години, до 555 година, кога паднало под власта на Византија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Објаснете како се создало вандалското царство

A

Од сите германски племиња, најдолг пат во Големата преселба на народите изминале Вандалите. Од Централна Европа, преку Галија, Вандалите дошле во Шпанија, каде што долго време воделе борба со Римјаните и со нивните сојузници Визиготите. Исцрпени од борбите, под притисок на Визиготите, Вандалите во 429 година го поминале Гибралтар и се населиле во Северна Африка. По десетгодишни борби со Римјаните, под водство на кралот ГЕЈЗЕРИХ, Вандалите во 439 година формирале своја држава со престолнина во Картагина. Таа била силна поморска држава во западниот дел на Медитеранот. Освен крајбрежјето на Северна Африка, во неговиот состав влегувале и Балеарските острови, Сардинија, Корзика. Вандалите често пати ја напаѓале Италија. Во 455 година го освоиле Рим. Притоа, уништиле голем број културни споменици. Оттаму настанал и поимот “вандализам” за безмилосно уништување на културни вредности. Во 534 година Византијците ја поразиле војската на Вандалите и ја ликвидирале нивната држава.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Објаснете како се создало лангобардиското кралство

A

Лангобардите [долгобради] под водство на кралот АЛБОНИ, во 568 година ја напуштиле Панонија, каде што дотогаш биле населени и навлегле во Италија. Таму формирале своја држава, со престолнина во градот Павија. Лангобардите се населиле во Северна Италија, која по нив го добила името Лангобардија. Лангобардите дошле во судир со римскиот папа, кој ги повикал на помош Франките. Франечкиот крал Карло Велики во 774 година презел поход против Лангобардите и ја освоил Павија. Лангобардското кралство престанало да постои, а неговите територии биле вклучени во составот на државата на Франките.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Објаснете како се создале англосаксонските кралства?

A

Од средината на V век, на британските острови, од Европа, започнале да навлегуваат германските племиња – АНГЛИТЕ и САКСОНЦИТЕ. Тие воделе долги борби со БРИТИТЕ, СКОТИТЕ и ПИКТИТЕ. Голем дел од британското население настрадало во борбите, другите го поминале Ламанш и се населиле во Бретања, некои се слеале со освојувачите, други се повлекле во западните планински делови на Британија. Еден од најистакнатите водачи на Бритите во борбата против Англосаксонците бил кралот АРТУР [6 век].
Германските племиња во Британија формирале повеќе мали држави-кралства – Кент, Весакс, Источна Англија, Мерсија, Нортумбија и други. Овие кралства често војувале меѓу себе за превласт, а во 9 век се обединиле во единствена држава Англија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Објасни што се случувало во Источното Римско Царство за време на Големата преселба на народите

A

Во 6 и 7 век Византија била изложена на напади и населувања од Словените. Особено во 6 век Словените почнале да ја преминуваат реката Дунав и започнале да се населуваат на Балканскиот Полуостров, во Централна и Источна Европа. До средината на 7 век, Словените го населиле речиси целиот Балкан, со што Византија всушност ја загубила превласта на овие територии. Во нападите на Балканот учествувале и АВАРИТЕ, кои во 6 век од Азија во Европа навлегле и во 2 половина на 6 век се населиле во Панонската Низина и го создале Аварскиот Хаганат. Во 9 век почнале преселбите на Арабјаните од Азија и Африка во Европа, а од Северна Европа преселбите на Норманите и Викинзите.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Објасни го процесот на создавањето на Источното Римско Царство (Византија)

A

Римската Империја се дели на Западно и Источно Римско Царство. Западното Римско Царство од 395 година е изложено на континуирани напади од различни Варварски племиња, што се причина за нејзиното пропагање во 476 година. Византија продолжува со своето самостојно постоење, како единствена наследничка на Римската Империја се до 1453 година, кога била освоена од Османлиите под водство на султанот Мехмед II Освојувачот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Опиши го државното уредување на Византија.

A

Византија била централизирана држава на чие чело стоел император. Императорот ја имал целата власт во државата и со помош на војската, црквата и моќниот чиновнички апарат ги контролирал сите делови во државата.
Во составот на византиската војска влегувале наемнички одреди, воени одреди од варварските племиња (федерати), како и слободни селани.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Објасни го периодот на владеење на Јустинијан I.

A

Јустинијан е роден во околината на Скопје во 482 год. Во негово време Византија достигува најголем подем и ги проширува своите граници до Северна Aфрика, Италија и југоисточниот дел од Шпанија.
Јустинијан водел многубројни војни, но тие всушност биле причина за економско слабеење на Византија. Поради тоа, државата била принудена да ги зголеми даноците, што пак го осиромашило населението. На сите страни биле кревани востанија, од кои најкарактеристично било Ника (победувај), кое избувнало во Цариград во 532 година. Јустинијан сакал да побегне во оној момент кога видел колку е жестоко востанието, но жена му, царица Теодора го убедила да остане и да им се спротивстави на востаниците. Јустинијан I го задушил востанието, во кое умреле околу 30.000 луѓе.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Објаснете го периодот на опаѓање на Византија.

A

По смртта на Јустинијан, државата почнала да губи огромни територии: Северна и Средна Италија биле освоени од Лангобардите, Шпанија од Визиготите, Балканот бил окупиран од Словените, на исток закана претставувала и Персија. VII и VIII век – Арабјаните ги освоиле териториите на Сирија, Палестина и Египет
Единствено во 11 век успеала да оствари еден мал подем со ликвидирањето на Самуиловото Царство, со што дел од Балканот Византија го вратила кон својата територија, но источните области никогаш не успеала да ги поврати. Во текот на Четвртата крстоносна војна [1202-1204], крстоносците го зазеле Цариград и ја укинале Византиската Империја, која била обновена во 1261 година. Кон крајот на 13 век, Византија се соочувала со нападите на Турците-Османлии, кои започнале да ги освојуваат прво византиските владенија во Мала Азија, а во 1453 година Османлиите го зазеле и Цариград. Со тоа била ликвидирана Византиската Империја.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Кога и како дошло до дефинитивна поделба помеѓу Источната и Западната христијанска црква?

A
  • Од IV век - Борби за црковно влијание помеѓу Римската и Цариградската Црква
  • Во 1054 поделба на Римската и Цариградската црква
  • Поделба меѓу верниците на: православни (Источна црква) и католици (Западна црква)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Објасни го процесот на формирање на Франкската држава.

A

Фракните ги населувале териториите по десниот брег на реката Рајна. Од 2 половина на 5 век започнале да ја преминуваат реката и се населуваат во Галија (римската провинција). Во освојувачките војни најмногу се истакнал кнезот КЛОДОВИК [481-511], кој ги обединил Франките 481 г. и формирал држава, со седиште во Париз на р.Сена, а потоа се прогласил за крал на сите Франки. Клодовик потекнувал од познатиот род Меровеј и се смета за основач на династијата Меровинзи.
Кон крајот на 5 век под негово водство Франките целосно ја освоиле Северна Галија. Со цел да обезбеди поддршка од црквата во натамошните освојувања во Галија, кон крајот на 5 век [496] Клодовик го примил христијанството. До крајот на своето владеење ја освоил и Јужна Галија. Со тоа Франкската држава станала најмоќната западноевропска држава во тоа време.

17
Q

Што се случило со Франкската држава по смртта на Клодовик I.

A

По смртта на Клодовик настапиле внатрешни судири за превласт, кои довеле до ослабнување на државата. Неговите синови, а потоа и внуци ја делеле државата меѓу себе и таа се распаднала на повеќе помали кралства. Кралставата на Ремс, Париз, Орлеан и Соасон.

18
Q

Зошто била значајна победата на Карло Мартел против Арабјаните? Што друго направил Карло Мартел?

A

Со победата на Карло Мартел против Арабјаните тој успеал да го спречи нивното навлегување од Шпанија во Западна Европа.
Карло Мартел [715-741] спровел воени реформи со кои и дал предност на коњаницата. Затоа на сите војници кои сакале да служат во коњаницата им доделувал парцели на земја на доживотно користење – БЕНЕФИЦИЈА (земјишните поседи) – БЕНЕФИЦИЈАРИ. Така била создадена силна коњаничка војска, која била способна да ја брани државата и да освојува нови територии.

19
Q

Објаснете се што сте учеле за Пипин Кусиот.

A

Пипин Кусиот владеел со франкската држава од 741г до 768г. Со поддршка на папата, во 751 год., Пипин се крунисал за крал на Франките. Со тоа и официјално престанало владеењето на династијата на Меровинзите, а на власт дошла династијата на Каролинзите.
Пипин успешно војувал во Италија против Лангобардите, кои биле во судир со папата и го загрозувале Рим. Териториите што ги освоил од Лангобардите во Средна Италија, Пипин му ги отстапил на папата. Така била создадена папската држава [756] – ВАТИКАН.

20
Q

Објаснете го периодот на владеење на Карло Велики.

A

Најголема моќ и територијално проширување Франкската држава достигнала за време на КАРЛО ВЕЛИКИ [768-814]. Тој: ги победил Лангобардите и ја проширил државата во Италија [774]; ја ликвидирал државата на Аварите во Панонија [803]; ја освоил североисточна Шпанија со Барселона; ги потчинил Саксонија и Баварија; западниот дел на Балканскиот Полуостров; војувал и против Полабските Словени.
Како резултат на тие воени успеси, до крајот на 8 век Франкското Кралство го опфаќало поголемиот дел од териториите на Западна Европа – биле опфатени речиси сите земји што претходно и припаѓале на Западната Римска Империја. Затоа побарал од папата да го прогласи за римски император. Папата Лав III го прогласува Карло Велики како Император во црквата св. Петар во Рим на 25 декември 800 година. На тој начин државата на Франките станала Царство.
Карло Велики се обидел да склучи сојуз со Византија со цел да ја обедини некогашната Римска Империја. Меѓутоа, неговиот обид пропаднал поради државниот пресврт што настанал во Византија.

21
Q

Како била уредена Франкската држава?

A

Во времето на Карло Велики, во државата на Франките преовладувала феудална сопственост на земјата и започнала доминација на феудализмот. На своите најблиски соработници и на истакнатите војници, Карло им доделувал на користење земјишни имоти – ФЕУДИ – ФЕУДАЛЦИ.
Корисниците на феуди станувале вазали на владетелот, а тој нивен сениор [господар]. Вазалите на Карло, крупни земјосопственици, исто така давале феуди на користење и стекнувале свои вазали. Со тоа била создадена цврста зависност на пониските феудалци од повисоките. Така настанала ФЕУДАЛНАТА ХИЕРАРХИЈА.

22
Q

Опишете го распаѓањето на Франкската држава.

A

По смртта на Карло Велики Франската држава почнала постепено да слабее и да се распаѓа.
Неговиот син ЛУДВИГ ПОБОЖНИОТ [814-840] им ја разделил државата на своите синови Лотар, Лудвиг и Карло, за себе ја задржал врховната власт. Но тие не биле задоволни и во текот на целото негово владеење се расправале и се бореле за поголема власт и подобри територии. Во 843 год. во градот Верден синовите на Лудвиг Побожниот, склучиле договор за конечна поделба на државата. Таа се поделила на Западно, Источно и Јужно Франечко Кралство.

23
Q

Како настанала исламската религија и во што се состои значењето на пророкот Мухамед за сите муслимани?

A

Новата религија – ИСЛАМ, кај Арабјаните се појавила во почетокот на 7 век. Нејзин основач и проповедник бил МУХАМЕД [570-632] трговец од Мека. Околу 610 година тој во Мека почнал да ја проповеда новата вера во еден бог – Алах. Приврзаниците на новата религија биле наречени муслимани [покорни на бога]. Во 622 година, Мухамед и неговите приврзаници биле протерани од Мека во Медина. Таа година муслиманите ја нарекуваат ХИЏРА и оттогаш ги бројат годините. Мухамед во Медина ја основал првата муслиманска заедница.
Помеѓу Медина и Мека започнала војна во која Мека била поразена и во 630 година освоена. Аристократијата од Мека го прифатила исламот и се приклучила кон муслиманската заедница. Мухамед станал духовен и световен поглавар на идната Арабиска држава.

24
Q

Како се одвивал процесот на создавање на државата Киевска Русија?

A
  • Историјата на Русија како средновековна држава започнува во 9 век.
  • Нејзиното основање се поврзува со миграцијата на скандинавското племе Варјаги кои тргнале на југ од Балтичко Море кон денешна Русија. Се населиле во Новгород во 860 г. Биле предводени од РУРИК.
  • По населувањето, Варјагите се асимилирале [измешале] со побројното словенско население и станале познати како Рус.
  • Првиот владетел на државата бил кнезот Рурик [862-879] (основач на династијата Руриковичи, 862-1598) што го управувал градот Новгород. Рурик ја проширил власта до градот Киев.
25
Q

Кои се поважните владетели на Киевска Русија и како се проширувала територијата?

A
  • Државата особено зајакнала во времето на кнезот ВЛАДИМИР [980-1015]. Во негово време државата била една од најмоќните држави во Европа. Владимир водел долгогодишни војни со Византија и со Бугарија за превласт на Балканот. Во 988 г. кнезот го примил христијанството од Византија, го покрстил својот народ и се оженил со сестрата на византискиот цар.
  • Исто така, големо значење има и кнезот ЈАРОСЛАВ [1019-1054] бидејќи во првата половина од 11 век, Киевска Русија доживеала силен економски подем. За време на неговото владеење, Русија заедно со Византија претставувала најсилна држава на Исток. Тој преку склучување на династички бракови со скандинавските и западноевропските кралеви, воспоставувал цврсти врски. По негов предлог, бил создаден првиот руски законик “Руска правда” – основа за рускиот правен систем.
  • изградил две големи цркви: Св.Софија и во Киев и во Новгород.
  • ја основал првата школа во Русија.
26
Q

Како дошло до покрстувањето на Русите и каква била улогата на Охридската Архиепископија за примањето на христијанството во Русија?

A
  • Кнезот Владимир во 988г го примил христијанството од Византија и го покрстил својот народ со цел да се зближи со Визанија.
  • Преку Охридската ахиепископија православните манастири станале важни културни центри. Под влијание на Цариград и Охрид почнале да се развиваат и иконописот, мозаичната и фресковата уметност. Со развивање на уметноста дошло до посебен руски црковен и архитектонски стил.
27
Q

Кои биле причините за распадот на Киевска Русија?

A
  • По смртта на Јарослав, настапил период на слабеење и дезинтеграција на Киевска Русија.
  • Јарослав ги назначил своите 5 синови за наследници на престолот од кои најстариот син бил назначен за Голем кнез. Нивните несогласувања и борби за престолот довеле до постепено распаѓање на државата.
  • Во 11 век – внатрешни борби меѓу кнезовите на градовите.
  • По извесно време државата слабее и се распаднала на помали кнежевства.
  • Во 1237 год. – Монголите ја нападнале со околу 200.000 војници.
  • Во 1240 год. – Монголите го освоиле Киев, а со тоа Киевска Русија ја изгубила својата независност. Киев бил разурнат, додека државата се распаднала на повеќе автономни кнежевства што морале да ја признаат врховната власт на Монголите и да им плаќаат данок.
  • За време на двовековната окупација од Монголите, Москва се развил. По победата над Монголите во 15 век, Москва станала независна држава и наскоро ја консолидирала власта над сите руски земји. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело сè до 1480 год., кога по Големата битка на р. Угра, Татаро-Монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префрлена во Москва за подолго време.
28
Q

Какво било државното уредување во Киевска Русија?

A
  • На чело на државата стоел Големиот кнез, тој управувал со државата од Киев, а неговите синови и роднини управувале со другите градови и земји во Киевска Русија.
  • Системот на наследна династија бил озаконет и се засновал на предавање на титулата на Големиот кнез на најстарите синови во семејството. Престолот се наследувал и од најстариот на помалиот брат и од чичко на внук.
  • Династијата управувала со државата со помош на аристократијата. Помладите членови на династијата управувале со помали области од државата. Ваквата владеачка структура ја правела нестабилна власта во државата. Судирите за превласт помеѓу кнезовите станале честа појава во 11 век, што резултирало и со слабеењето на единството во државата и за постепено нејзино распаѓање на автономни кнежевства.