Sredovekovna filozofija Flashcards
Која е најпознатата теолошка одредба на Августин?
Верувам за да разберам
Која е најпозната мисла на Тертулијан?
Верувам затоа што е апсурдно.
. За кои две држави зборува Августин и кои се нивните карактеристики?
Земната држава која ја сочинуваат суштества кои се сакаат само себе и се стремат кон сопствената слава и божјата држава која ја сочинуваат сите човечки и небесни суштества кои се обединети во љубовта кон Бог.
Што е сколастика?
Стремеж во Западна Европа во Среден век за обнова на теолошката мисла со посебен осврт врз идеите на Аристотел.
Што е суштината на проблемот на универзалиите во средновековната филозофија?
Дали општите нешта доаѓаат пред поединечмите или обратно. Дали имаат реално постоење универзалиите или не.
Кои се трите струи кои се јавуват како одговор на проблемот на универзалиите? Кои се нивните гледишта?
Реалистите кои тврдат дека идеите вистински постојат, номиналистите кои тврдат дека идеите се само зборови со кои луѓето ги означуваат одделните нешта и концептуалистите за кои идејата е општ поим со кој ги поврзуваме квалитетите кај различни нешта.
Што е Бог за Тома Аквински?
Бог е чиста форма.
Кои се основните карактеристики на Средновековната филозофија?
Фокус на едукација, интеграција на разумот и верата, авторитет на црквата, Акцент на универзалиите итн.