Antichka filozofija Flashcards
Што е архе?
Архе е праоснова, праелемент на се што постои, причина за постоење на се, вечно, извор, потекло
Кои се претставници на Милетската школа и што е архе за секој од нив?
Талес од Милет (архе е водата), Анаксимандар (архе е апејрон), Анаксимен (архе е воздухот)
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Милетските мислители?
Материјализам, хилозоизам, детерминизам, монизам
Што е хилозоизам?
Хилозоизам е правец според кој материјата е оживеана, секоја ствар е жива, се` настанува од
материјата која има својства на живот
Што е апејрон?
Апејрон е квалитативно неопределена, квантитативно бесконечна, безгранична материјална супстанција вечна во време, неограничена во простор. Нема почеток и крај; е почеток на другите нешта. Содржи спротивности кои се комбинираат.
Што е архе за Питагора и питагорејците?
Архе е бројот.
На кој филозофски правец припаѓа филозофијата на Питагорејците?
Питагорејците припаѓаат на рационализам.
Што претставува метемпсихоза?
Метемпсихоза е селење на душата по смртта во друго тело се додека таа не се прочисти, со цел да се ослободи од телото.
Како го поимаат материјалниот свет Питагорејците?
Материјалниот свет е минлив, менлив и трошлив; нештата настануваат и нестануваат, исчезнуваат.
Што е архе за Хераклит?
Архе е огнот.
Што претставува логосот за Хераклит?
Логосот е сеопшта космичка законитост, универзален закон за се што постои. Движењето и менувањето не е стихијно и случајно; во природата владее строг ред и мир – детерминираност – логос. Не може секој да го спознае и не зависи од човекот.
На што се должи движењето во филозофијата на Хераклит?
Движењето се должи на борбата на спротивностите, промената на состојбите од една во друга.
Кои се основните поими во филозофијата на Хераклит?
Во центарот на своите идеи го става движењето, менувањето се случува законито и е незапирливо. Движење, оган, логос, кружно движење, менување
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Хераклит?
Детерминизам, материјализам и монизам.
Кои се претставници На Елејската Школа?
Преставници се Ксенофан, Парменид, Мелис и Зенон.
Каков став има Парменид за битието и небитието?
За Парменид посоти само битието кое е едно, неменливо, неподвижно. Небитието не може да се замисли и затоа не постои. Битието е, небитието не е.
Кои се главните атрибути на битието за Парменид и Елејците?
Битието е неподвижно, неменливо, неделиво и совршено. Нема зачеток и одмин.
Каков е ставот на Парменид за движењето?
Движењето е илузија, привид на нашите сетила
Кое е вистинско, а кое привидно сознание за Парменид?
Вистинското е разумското сознание, а привидното е сетилното сознание.
Каков метод користи Зенон за докажување на ставовите?
Апории – сведување на апсурд, индиректен метод.
Што е битие, а што небитие за Демокрит?
Битието е нешто определено, низа на бескрајно ситни, невидливи честички - атоми, а небитието е празниот простор во кој се движат атомите.
Кои се својствата на атомите, по што се разликуваат атомите меѓу себе за Демокрит?
Атомите се разликуваат по форма, големина, квалитет, положба, тежина (тие се и својствата)
- Какво е движењето на атомите во празниот простор?
Атомите се движат по однапред утврдени патеки.
Што се еидоли?
Еидоли се мали сликички кои се одвојуваат од предметите и низ сетилата влегуваат во нас, предизвикуваат престава и мислење.