filozofija na renesansata Flashcards
Кои се основните белези на филозофијата на Ренесансата?
Реалистички однос кон светот и животот, независен развиток на науката, ширење на комуникации, блискост на науката и филозофијата, човекот во центар на сите интереси, развиток на методите на сознанието, развивање на техниката, подобрување на животните услови, прогресот како основна насока на егзистенцијата, подем на слободата на луѓето итн.
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Џордано Бруно и зошто?
Пантеизам (бидејќи во сите нешта престојува бог), хилозоизам (природата е жива).
Што се монадите за Бруно, каква е природата за него?
Монади се центри на силата, единство на материјаното и духовното, материјата и формата, најситните делчиња од кои е составен светот. Светот е создадена природа од природата која создава(творечка природа), која е Бог.
Како Бруно го определува човекот?
Човекот е хомо фабер, суштество што работи, го гради својот живот, сам си ја создава среќата.