Филозофија Flashcards
Што е филозофија?
Зборот филозофија значи љубов кон мудроста и филозофијата претставува наука за сознавање на светот, на човекот и на формите на човечкото живеење и дејствување.
Што е онтологија?
Основен проблем е битието
Што е гносеологија?
Основен проблем е сознанието
Кои се правци во онтологија во однос на квалитетот на битието?
Материјализам и идеализам
Кои се правци во онтологија во однос на квантитетот на битието?
Монизам, дуализам, плурализам.
Кои се правци во гносеологија во однос на што е извор на спознанието?
Емпиризам, рационализам, волунтаризам, сензуализам, критицизам, ирационализам, интуиционизам, мистицизам.
Кои се правци во гносеологијата во однос на тоа кои се границите на човековото спознание?
Догматизам, агностицизам, скептицизам.
Што е емпиризам?
Емпиризам е правец кој учи дека искуството е извор на нашето знаење
Што е рационализам?
Рационализам е правец кој учи декаумувањето, мислата е извор на нашето знаење
Што е агностицизам?
Гносеолошко гледиште според кое не е можно да се спознае светот во целост, може да се спознае само
појавната страна но, не и суштината на светот, постои граница на нашето познание,
човекот има ограничена познавателна моќ.
Што е скептицизам?
Гносеолошко гледиште според кое се искажува сомнеж во можноста човекот да го спознае светот.
Што е догматизам?
Гносеолошко гледиште според кое може да се спознае светот во целост
Што е материјализам?
Материјализам е правец, онтолошка концепција според која се смета дека материјата е примарна и одредувачка, а духот, свеста, мислењето се секундарни, односно битието е материјално.
Што е објективен идеализам?
Објективен идеализам е правец кој смета дека идејата, духот постои како објективна стварност независно од човекот
Што е субјективен идеализам?
субјективен идеализам е правец кој смета дека нашата свест е примарна, стварноста преставував идејна творба на субјектот
Што е детерминизам?
Детерминизмот е правец кој смета дека се во светот е нужно, не постои случајност,
Што е индетерминизам?
индетерминизам е правец кој смета дека се во светот е нужно, постои случајност.
Кое е првото филозофско прашање?
Што е основата на се? Што е архето на се што постои? Што е изворот на се?
Кои се основните проблеми во космолошкиот период?
Светот надвор од нас; светот како целина.
Кој е основен проблем во аксиологијата?
Вредности
Кој е основен проблем во логиката?
Логичките форми
Кој е основен проблем во антропологијата?
Човекот
Кој е основен проблем во етиката?
Моралот
Кој е основен проблем во естетиката?
Убавината