Право на интелектуална сопственост Flashcards

1
Q

„Сопственоста“ во правото на интелектуалната сопственост

A

Креациите на човечкиот ум, односно интелект, се објект на заштита на интелектуалната сопственост. Интелектуалната сопственост ги претставува правата кои произлегуваат од интелектуалните активности во индустријата, науката, литературата и уметноста. Исто така интелектуалната сопственост се однесува на информации или на делови од информации кои се инкорпорираат во одредени предмети.
За да се расветли проблематиката на интелектуалната сопственост потребно е да се објасни поимот на сопственоста. Теоретичарите сметаат дека најважната особина на сопственоста се состои во тоа што сопственикот може да ја употребува и искористува сопственоста во согласност на својата волја и своите потреби и дека никој не може злонамерно да ја употребува неговата сопственост.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Основни сегменти на правото на интелектуална сопственост

A

Основни сегменти на правото на интелектуална сопственост се правото на индустриска сопственост и авторското право и сродните права. Иако правото на индустриска сопственост и авторското право се двата основни сегменти на правото на интелектуална сопственост, помеѓу нив постојат определени разлики, не само во предметот туку и во начинот на заштитата.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Право на интелектуална сопственост во објективна смисла

A

Во објективна смисла правото на интелектуална сопственост може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги нормираат општествените односи во поглед на интелектуалните творби во областа на патентите, корисните модели, трговските марки, индустрискиот дизајн, ознаката на потекло на производот и географската ознака, топографијата на интегрални кола, новите растителни сорти, спречувањето на нелојалната конкуренција, книжевноста, науката, уметноста и др.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Право на интелектуална сопственост во субјективна смисла

A

Правото на интелектуална сопственост во субјективна смисла може да се дефинира како право на творецот на конкретната интелектуална творба, на полето на индустријата односно во областа на науката, книжевноста и уметноста, во однос на неговата творба признато со објективното право.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Разграничување од правото на сопственост

A

Правото на интелектуална сопственост во субјективна смисла е право на авторот, пронаоѓачот, титуларот на интелектуалната творба – на интелектуалното дело во однос на определената творба. Како право во однос на определена творбам тоа дејствува спрема сите, па оттука има апсолутен карактер. Меѓутоа една од разликите помеѓу правото на интелектуална сопственост и правото на сопственост е во тоа што правото на интелектуална сопственост се однесува на интелектуалните творби, значи на производите на човечкиот интелект, а правото на сопственост се однесува на ствари. Носителот на сопственост или сопственикот може да го искористува своето добро во границите одредени со важечките прописи, притоа може да им забрани на други лица да го користат неговото добро без негова согласност и да го оттуѓи истото добро на начин предвиден со закон. За разлика од другите објекти на сопственоста, интелектуалните креации не се ствари во материјална смисла на зборот. Правото на интелектуална сопственост, во однос на интелектуалната творба е независно од правото на сопственост во однос на стварите на кои таа творба е фиксирана.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Разграничување од авторското право и правата на индустриска сопственост

A

Правата на индустриска сопственост и авторското право, така и правото на интелектуална сопственост се однесува на интелектуалните творби. Разликата помеѓу правата од индустриска сопственост и авторското право е во тоа што авторското право се однесува на интелектуалните творби од литературна, научна и уметничка област, а сродните права на правото на уметниците или извееувачите, правото на производителите на фонограми и правото на организациите за радиодифузија, додека пак правата на индустриска сопственост се однесуваат на техничките пронајдоци, техничките унапредувања, know-how – знаење и искуство и индустриското обликување – знаците за разликување.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Разграничување од сродните (соседските) права

A

Поимот на сродните права во нашето право ги опфаќа: правата на изведувачите, правата на филмските и фонограмските продуценти, правата на радиотелевизиските организации, правата на издавачите и другите лица како суи генерис правата на изготвувачите на бази на податоци.
Титуларите на овие права имаат права над нивните изведби и предмети на сроднита права, а творците имаат права над нивните интелектуални творби.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Разграничување од правото на научно откритие

A

Правото на интелектуална сопственост, во субјективна смисла се однесува и на интелектуалните творби од областа на науката. Таквите дела не уживаат ни авторскоправна заштита во однос на научната содржина, туку уживаат заштита во однос на обликот во кој таа содржина е изразена.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Извори на правото нa интелектуална сопственост (набројување)

A

Во секоја држава, па и во нашата, општоприфатени извори на правото, па и на правото на интелектуална сопственост се:
Уставот, законските и подзаконските акти (уредби, правнилници), но специфично за интелектуалната сопственост се општите правила на облигационото право и на трговското право, додека судската практика и правната наука може да се јават како извор на правото воопшто.
Покрај тоа како извор на правото на интелектуална сопственост можат да се јават меѓународните конвенции и договори, меѓу кои најбитни се Париската и Бернската конвенција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Уставот како извор на правото на интелектуална сопственост

A

Уставот е основен извор на правото на Република Македонија. Тој е општ правен акт кој зазема највисоко место во хиерархијата на правните акти.
Со осамостувањето на Република Македонија донесен е Уставот на Република Македонија од 1991 година со кој се промовира новиот концепт за интелектуална сопственост во нашата земја. Со членот 47 нашата држава ги гарантира правата кои произлегуваат од научно, уметничко или друг вид на творештво и се обврзува дека ќе ги поттикнува, помага и штити научниот и технолошкиот развој.
Истовремено, според членот 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и на претприемништвото и се определува обврска Републиката да обезбеди еднаква правна положба за сите субјекти на пазарот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Закон и подзаконски акти како извор на правото на интелектуална сопственост

A

Во Република Македонија, правото на интелектуална сопственост се регулира со повеќе закони и подзаконски акти. Како позначајни законски извори на правото на интелектуална сопственост во Република Македонија се сметаат:
Законот за индустриска сопственост, Законот за авторско право и сродните права, Законот за културата, Законот за облигационите односи, Законот за заштита на топографијата на интегралните кола, Законот против нелојална конкуренција, Законот за заштита на конкуренцијата, Кривичниот законик, Законот за Државен инспекторат, и др.
Со донесувањето и влегувањето во сила на Законот за индустриската сопственост, Законот за авторското право и сродните права, Законот за топографијата на интегрални кола, се поставија основните начела на регулирањето на правото на интелектуална сопственост во Република Македонија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Судска практика како извор на правото на интелектуална сопственост

A

Судската практика и правната наука ги пополнуваат правните празнини, бидејќи правните акти заостануваат зад животот и не можат да ги предвидат сите можни случаи.
Судската практика е сочинета од судски одлуки во кои правната норма се применува на ист начин.
Кај нас судската практика не е директен извор на правото, затоа што судските одлуки немаат карактер на прецедент. Според нашиот систем, одлуките на повисоките судови формално не ги обврзуваат пониските судови, но неопходно е пониските судови да водат сметка за нив.
Ова особено е актуелно за правото на интелектуална сосптвеност, каде што постојат правни празнини односно ситуации коишто законодавецот не ги предвидел и за кои не донесол општи правни правила.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Правна наука како извор на правото на интелектуална сопственост

A

Правната наука игра голема улога и во правното обликување на правото на интелектуална сопственост. Таа дејствува непосредно, и тоа преку учество на познати правници, стручни и научни работници од областа на правната наука, во создавањето на правните правила од правото на интелектуална сопственост, но, од друга страна и посредно преку научни и стручни трудови.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Конвенција за основање на Светската организација за интелектуална сопственост

A

Конвенцијата за основање на Светската организација за интелектуална сопственост е потпишана на дипломатската Конференција за интелектуална сопственост, во Стокхолм на 14.07.1967, а со желба да се унапреди заштитата на интелектуалната сопственост, со што би се поттикнала творечката активност и би се направило поделотворно управувањето на униите втемелени врз полето на интелектуална сопственост.
СОИС е специјализирана агенција на ООН. Со Конвенцијата се предвидува дека членка на СОИС може да стане секоја држава-членка на Париската унија, на Бернската унија и на секој друг меѓународен договор чија цел е унапредување на заштитата на интелектуалните права.
Со Конвенцијата поблиску се уредени целта, функциите и органите на СОИС. Органи се: Главното собрание, Конференцијата, Координативниот одбор и Меѓународниот уред, со кои управува Генерален директор.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

ТРИПС договорот

A

Најзначаен акт за хармонизација и имплементација на правата од интелектуална сопственост на мултинационално рамниште е Договорот за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост или ТРИПС договорот.
ТРИПС договорот бара од државите, одредени одредби од договорот кои се однесуваат на режимот на авторското право, Бернската конвенција, како и одредбите кои се однесуваат на граѓанската судска постапка, на казненото право и казнената постапка, на управната постапка и посебната царинска контрола, целосно да бидат имплементирани во националното законодавство.
Членките на ТРПИС се обврзани да предвидат ефикасни и ефективни правни мерки и правни средства за спречување на повреди на правата од интелектуална сопственост и правни средства коишто одвраќаат од вршењето на натамошни повреди. Постапките кои се однесуваат на спроведување на правата од интелектуалната сопственост треба да бидат непристрасни и правични. Тие не треба да бидат непотребно сложени или скапи, ниту да повлекуваат поставување на нереални рокови или непотребни одлагања.
Непристапноста на постапките се огледа во можноста да се сослушуваат аргументите на сите засегнати страни во постапката за заштита на правата, особено оние на носителот на правото и наводниот повредувач на правото. Како последива на ова, мериторните одлуки треба да бидат изработени во пишана форма и притоа треба да бидат и образложени.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Морални права

A

Субјективното право на интелектуалната сопственост се врзува за личноста на пронајдувачот/авторот/конструкторот, но треба да се нагласи дека некови видови на овластувања, можат да траат и по смртта на пронајдувачот/авторот/конструкторот.
Со смртта се гаснат само оние лично-правни овластувања коишто се тесно врзани со личноста, а другите овластувања можат да се пренесат со наследување. Овие овластувања, коишто не можат да се пренесат, со наследување се означуваат, како позитивни морални или лични овластувања, додека оние коишто се пренесуваат се нарекуваат негативни морални овластувања.
Помеѓу моралните и личните права воопшто не постои разлика, затоа што предмет на личните права се човековите добродетели, додека кај морални интелектуални права тоа е личноста на пронајдувачот/авторот/конструкторот и делото/творбата.
По својата правна природа моралните овластувања се од апсолутен карактер и имаат дејство erga omnes. Пронајдувачот/авторот/конструкторот е единствено овластен за искористување на своето дело и го задржува тоа овластувања спрема сите трети лица со тоа што го исклучува секое мешање на моралните овластувања во поглед на искористување со делото/творбата.
Спрема третите лица има дискреционо право што значи дека може да го повлече своето дело и да го раскине договорот, какои да го уништи делото во врска со кое што е склучен договорот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
17
Q

Имотни права

A

Материјални (имотни) права на интелектуална сопственост по право се исклучиви права кои на пронаоѓачите/авторите/конструкторите, односно на носителите на правата му ги гарантираат следните права: 1) право на располагање; 2) право на искористување; 3) право на надоместок; и 4) право на забрана трети лица неовластено да го користат соодветното дело.
Правото на располагање - ова право го уживаат како пронаоѓачите/авторите/конструкторите, така и носителите на правото. Под право на располагање се подразбираат правото на пренос (во целост или делумно) и правото на отстапување (лиценца, независно дали е исклучлива или неисклучлива).
Право на искористување – е исклучиво имотно право, од апсолутна природа, временско е ограничено и е преносливо право. При тоа, за искористување на делата од интелектуална сопственост мора да се почитуваат општите услови, во поглед на овластувањата (време на траење, начин на искористување, територија) и исплатата на надоместот во корист на пронаоѓачите/авторите/конструкторите, односно носителите.
Право на надоместок е исклучиво и монополско право од кое носителите на истото не можат да се откажат. Уште повеќе договорите со кои се врши пренос или отстапување на правата од интелектуална сопственост кои не содржат одредби за надоместокот се ништовни.
Право на забрана трети лица неовластено да го користат соодветното дело – авторот/пронаоѓачот/конструкторот односно носителот на правото има право на секој оној кој без дозвола го користи неговото дело да му го забрани и тоа како по судски пат (граѓанско-правен,казнено-правен и административно-правен), така и по вонсудски пат (преговори, медијација, арбитража)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
18
Q

Други права

A

Другите права на авторот се права кои не можат да се класифицираат ниту во моралните (нематеријалните) ниту пак во материјалните (имотните) права на авторот. Тие имаат карактеристики и на материјални и на морални права. Под други права на авторите се подветуваат: правото на пристап до оригиналот, правото на следство, правото на надомест.
Право на пристап до оригиналот или до примерокот од своето дело што го поседува друг има авторот, заради остварување на правото на репродукција или правото на преработка на делото, доколку тоа не е во спротивност со оправданиот интерес на имателот. Пример: сликарот сака од некоја своја слика која е во посед на трето лице да направи графика). Имателот може да се спротистави на ваквото барање, ако тоа е во спротивност со неговите интереси.
Правото на следство – ова право постои само за авторите на уметничките дела, затоа што се уважува фактот дека тие автори, во поглед на можностите за искористување на своите дела, се хендикепирани со фактот што најчест и единствен облик за искористување на нивното дело е продажба на оригиналниот примерок.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
19
Q

Поим на патент

A

Најпознатиот и најефикасниот облик на заштита на пронајдоците е патентот. Пронајдокот кој е заштитен со патент има општествена верификација и претставува придонес кон состојбата на техниката.
Патентот е значаен како за пронајдувачот, така и за носителот на правото. Принајдувачот ги има моралните права, а во најголем број случаи истиот располага и со одредени материјални права. Носителот на правото на патен, има пак исклучиво право на користење на пронајдокот, на ставање на производот кој е добиен со неговата примена во промет и право на располагање. Ова право е апсолутно и монополско право и никој нема право да го вознемирува носителот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
20
Q

Поим на пронајдок

A

Објект на патент на заштита е пронајдокот, како резултат на човековиот труд (интелект), доколку ги исполнува со закон предвидените услови. Патентноправниот поим на пронајдокот е една специфична конструкција за која е карактеристично дека во своето значење се ограничува на интелектуалната творба која содржи упатство за практичното постапување, со цел да се реши одреден технички проблем. Пронајдок со ЗАПСП е дефинирано како решение на технички проблем како производ, процес или материја сама по себе што е резултат на постапка. ЗАПСП оставил поширока област на тоа што се однесува како пронајдок.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
21
Q

Интелектуални добра кои не се пронајдок

A

Со патент се штити пронајдок во сите области на технологијата, кој е нов, кој содржи инвентивен придонес и кој може да се применува во индустријата. Доколку се исполнети условите: новост, инвентивен придонес и индустриска применливост, со патент се штити и пронајдок кој се однесува на производ што се состои или содржи биолошки материјал и постапка за добивање на биолошки материјал, негова обработка или употреба.
Согласно член 52 став 2 од ЕПК, не се сметаат за пронајдок: 1) откритие, научни теории и математички методи; 2) естетски творби; 3) планови, правила и постапки за вршење интелектуални дејности, игри или 4) презентирање информации.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
22
Q

Видови пронајдоци (по доверливост, по предмет на заштита, основни и дополнителни, основен и зависен пронајдок, област)

A

По области се делат во зависност од областа на индустријата и занаетчиството на која и припаѓа на пронајдокот.
По доверливост се делат на пронајдоци кои се од доверлив карактер за одбраната на земјата и пронајдоци од интерес за безбедноста на земјата. За овие пронајдоци пријавите се поднесуваат до министерот за одбрана а пријавите односно патенот не се објавува. За ваквите пронајдоци на носителот на правото му се исплаќа еднократен надоместок, чија висина спогодбено се определува.
По предмет на заштита се делат на пронајдоци на производ, пронајдоци на постапка, пронајдоци за материја, и биотехнолошки пронајдоци.
Дополнителен патент е резултат на усовршување на основниот патент, по пат на замена, усовршување или дополнување на нов елемент во основниот елемент.
Зависен не може самостојно да се употреби, и тој нужно се употребува со претходно заштитен патент.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
23
Q

Пронајдоци кои се исклучени од патентна заштита

A

Пронајдоци кои се исклучени од патентната заштита се:
1) пронајдоци чија примена е спротивна на јавниот поредок или моралот, со тоа што примената на пронајдокот не може да се смета како таква единствена заради фактот што е забранета со закон, во некои или во сите договорни страни;
2) пронајдоци кои се однесуваат на нови животински видови или растителни сорти и чисто биолошките постапки за добивање на животни и растенија. Оваа одредба не се однесува на микробиолошките процеси и произведите добиени од нив.
3) пронајдоци за хирушки и дијагностички постапки или постапки за третман на живо човечко или животинско тело.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
24
Q

Пронајдувач

A

Пронајдувач е физичко лице кое го создало пронајдокот со својот пронајдувачки труд. Ако пронајдокот е производ за заедничка работа на повеќе лица, тогаш тие се (ко)пронајдувачи. Доколку со договор пронајдувачите не го имаат утрврдено процентуалното учество во создавањето на пронајдокот тогаш се смета дека имаат еднакво учество.
Постапка за признавање на правото на патент може да поведе пронајдувачот и неговиот правен следбеник. Ако пронајдокот е производ на заедничка работа на повеќе пронајдувачи тогаш правото за поведување на постапка за признавање на право на патент им припаѓа на сите пронајдувачи или на нивните правни следбеници.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
25
Услови на патентибилност на пронајдокот (набројување и пооделно објаснување на секој)
Услови за патентибилност на пронајдовите се: 1) новост; 2) инвентивен придонес; 3) индустриска применливост. Новост – новоста е првиот и најважниот критериум за патентабилноста на пронајдокот. Пронајдокот е нов доколку не е соджан во познатата или во претходната состојба на техниката. Спроед американското патентно право, пронајдокот мора да е нов за да биде патентибилен, а за истиот да е нов треба да исполнува три услови: 1) антиципација (предвидување) – пронајдокот не бил познат за јавноста или не бил во јавна употреба; 2) приоритет – пронајдокот не бил пронајден од некој друг кој марливо работел за да го изведе пронајдокот и да го патентира; 3) деривација – подносителот на пријавата за патент мора да биде пронаоѓач, не оној кој разбрал за пронајдокот од некој друг. Инвентивен придонес – пронајдокот содржи инвентивен придонес ако за стручњак од областа предметот на пронајдокот очигледно не произлегува од состојбата на техниката. Стручњак од областа претставува лице кое имало прилика да се запознае со поранешната состојба на техниката. Индустриска применливост – Согласно член 57 од ЕПК, пронајдокот ќе се смета за индустриски применлив ако предметот на заштита може да се произведе или употреби во било која гранка на индустријата вклучително и во земјоделството. Пронајдокот ќе се смета за подобен за индустриска примена ако може да биде произведуван и применуван во сите видови индустрија. Во оваа смисла не може да се заштитат пронајдоци што се спротивни на законот или на моралот.
26
Постапка за признавање на патентот - национална пријава во РСМ
За заштитата на пронајдоците особено е значајна фазата на пријавување на пронајдокот во соодветната државна институција. Во Република Македонија тоа се прави пред ДЗИС, како посебен орган во својство на правно лице. Посптапката за признавање на патент во РМ се регулира со ЗИС и со Правилникот за Патент. Постапката за признавање на патент се поведува со поднесок кој содржи барање за признавање на правото со посебна пријава која се потполнува на соодветен образец кој содржи: барање за признавање на патент, опис на пронајдокот, патентно барање, апстракт и нацрт. Описот на пронајдокот треба да биде јасен и да содржи назначување на областа на техниката во која спаѓа пронајдокот, техничкиот проблем кој се решава со пронајдокот, суштината на пронајдокот и наведување на сите негови битни карактеристики. Од денот на приемот на пријавата подносителот на пријавата има право на првентство спрема секое друго лице кое за истиот пронајдок ќе поднесе пријава. По приемот на пријавата ДЗИС испутува дали таа е уредна. Ако утврди дека не е уредна ДЗИС писмено со наведување на причините ќе го повика подносителот на пријавата да ги отстрани сите недостатоци во рок кој не може да биде подолг од 60 дена. Ако истиот не ги отстрани со заклучок пријавата ќе се отфрли. Доколку пријавата е уредна, ДЗИС го утврдува датумот на поднесување на пријавата а потоа се применува на формално испитување. Со денот на објавувањето на податоците од пријавата и апстрактот во службеното гласило на ДЗИС, се признава патент кој се запишува во соодветниот регистар кој издава исправа за признавање на патент ако подносителот на пријавата ги плати таксите и трошоците за издаваање на патентниот спис во предвидениот рок. Решението за признавање на правото на патент ќе се огласи за ништовно ако се утврди дека не постоеле услови за признавање на тоа право, исто така и по предлог на заинтересираното лице, или по предлог на јавниот обвинител.
27
Постапки на ДЗИС како „приемен завод“
Како приемен завод, ДЗИС согласно член 116 на ЗИС на РМ е надлежен за прием на меѓународни пријави кои ги поднесуваат лица со македонско државјанство, односно кои имаат седиште или пестојуваат во Македонија. Меѓународната пријава мора да биде на англиски јазик. Ако подносителот на пријавата е лице со македонско државјанство или правно лице, има обврска задолжително во меѓународната пријава да ја наведе РМ. При поднесување на меѓународна пријава на патент според ДСП, на ДЗИС му се плаќа пропишана меѓународна такса која се состои од основната такса и таксата за назначување на некоја држава, и барањето за признавање на правото се поднесува на однапред печатен образец.
28
Европска пријава на патенти, според ЕПК
Европска патентна пријава може да поднесе секое физичко или правно лице или секое тело кое се смета за правно лице врз основа на закон со кој тоа е уредено. Европската патентна пријава содржи: 1) барање за признавање европски патент; 2) опис на пронајдокот; 3) едно или повеќе патентни барања; 4) нацрти коишто се наведени во описот или патентните барања и 5) апстракт. За европска патентна пријава се плаќа такса за поднесување и такса за пребарување и ако истата не е платена во определениот рок, се смета дека пријавата е повлечена. Европската патентна пријава го открива пронајдокот на начин доволно јасен и целосен за да може да го примени стручњак од областа, а со патентните барања се определува предметот за кој се бара заштита. Откако европската патентна пријава ќе се поднесе, Европскиот патентен завод испитува во согласност со Правилникот дали пријавата ги исполнува барањата за утврдување на датумот на поднесување и доколку истиот не може да биде утврден со испитувањето истиот нема да се разгледува како европска патентна пријава. Доколку постојат недостатоци и истите не бидат отстранети, европската патентна пријава ќе биде отфрлена. Потоа, Европскиот патентен завод ќе ја објави европската патентна пријава, по истекот на периодот од 18 месеци од датумот на поднесување, или доколку е побарано право на првенствно од датумот на правенство. Против одлуката се поднесува жалба до Европскиот патентен завод, во рок од 2 месеца од доставувањето на истата. Ако жалбата е дозволена, Апелациониот суд испитува дали жалбта е основана и истата се извршува во согласност со Правилникот. Во постапките пред Европските патентен завод начините на давање и обезбедување на доказите вклучуваат: сослушување на странките, барање на информација, доставување документи, сослушување сведоци, мислења на експерти, увид и писмени изјави дадени под заклетва. Европската пријава за патенти за која е побарана заштита во РМ може да биде конвертирана во национална пријава ако истата се смета за повлечена. Во тој случај подносителот на конвертираната пријава е должен до ДЗИС да достави превод на пријавата на македонски јазик и да ги исплати пропишаните такси и трошоци.
29
Автор
Еден од субјектите кој ужива заштита според правото на интелектуална сопственост е авторот. Како автор се смета физичко лице кое го создало индустрискиот дизајн со својот креативен труд. Тој е духовен творец кој при создавање на индустрискиот дизајн внесува индивидуалност и креативност. Кога индустрискиот дизајн е создаден од едно физичко лице тогаш тој се нарекува автор на индустрискиот дизајн, а кога повеќе лица учествуваат во создавањето на пронајдокот се оначуваат како автори. Според ЗИС, како автор се смета творецот на авторското дело на кој според Законот му се гарантира правна заштита. За разлика од авторот кој станува изворен носител на авторското право со самиот чин на создавање на делото, без исполнување на посебни претпоставки, авторот на индустрискиот дизајн се стекнува со овој статус во моментот на поднесување на пријава до ДЗИС. Како датум на поднесување на уредна пријава, согласно ЗИС се смета датумот на прием на уредна пријава кај ДЗИС. Според ЗАПСП, како автор се смета творецот на авторско дело на кој според Законот му се гарантира авторско правна заштита. Авторското дело неразделно е сврзано за личноста на авторот. Правното лице никогаш не може да се појави во својство на автор, тоа може да биде само деривативен носител на авторски права (наследување, врз основа на договор или по закон).
30
Коавтори
Коавтори на едно дело се сметаат лицата кои со заедничка работа го створиле тоа авторско дело. При тоа најмалку две физички лица треба да учествуваат со својот интелектуален придонес во создавањето на авторското дело за да бидат означени како коавтори на делото. Коавторите се стекнуваат со удел, согласно вистинскиот придонес што секој од нив го дал во создавањето на авторското дело, доколку со меѓусебен договор не е поинаку определено. Македонскиот законодавец, утврдил дека за користење на коавторското дело заеднички одлучуваат сите коавтори. При одлучување за користење на авторското дело, ниеден од нив нема право да го спречи користењето на делото спротивно на начелото на совесност и чесност. Коавторските дела можат да настанат во сите области на интелектуално творештво, односно во книжевноста, науката, уметноста. Најчесто коавторските авторски дела во појавуваат како: драмско-музички; аудиовизуелни и телевизиски. Односите коишто настануваат помеѓу коавторите во поглед на авторско-правната заштита по правило се уредуваат по договор. Притоа, се уредуваат и прашањата кои се однесуваат на користење и на располагање на авторското дело, а тие секогаш се од имотно-правна содржина.
31
Претпоставен автор
Претпотавен автор е она лице чие име на вообичаен начин е означено на самото авторско дело. Во овој случај не може да се утврди идентитетот на авторот. Ова авторско дело се нарекува авторско дело под псевдоним. Кога воопшто не е означено името на оној кој го создал авторското дело, тогаш овие дела се нарекуваат анонимни дела. Во случај кога авторот не е познат, авторското право на објавено дело го остварува оној којшто го објавил делото. Од моментот на утврдување на идентитетот на авторот, престануваат правата на оној кој го објавил делото, а носителот на авторското право е должен користа од авторското дело да му ја пренесе на авторот, доколку со договор не е поинаку определено.
32
Поим на авторско право?
Авторското право се третира како вид на интелектуална сопственост и се однесува на творбите на човечкиот ум. Поимот авторско право има повеќе значења: авторско право во објективна смисла, субјективна смкисла, како правна наука и како правна практика. Во објективна смисла авторското право може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги нормираат правните односи во поглед на интелектулните творби во облстља на книжевноста, науката и уметноста. Во субјективна смисла авторското право може да се дефинира како право на авторот на конкретно авторско дело, во областа на науката, книжевноста и уметноста, во однос на неговата творба признато со објективното право. Авторското право му пружа заштита на авторот на авторското дело и на самото авторско дело. Создавањето на авторско дело претпоставува три фази: идеја, внатрешна форма и надворешна форма. Оригиналноста на авторското дело е еден од најзначајните елементи. Делото на авторот се штити затоа што е оригинално и тоа доколку авторот не имитира друго нему непознато дело. Како авторско дело не се сметаат: *идеите, теориите, математилките концепти; *службените текстови и преводите; *дневните и други вести кои имаат карактер на информации, *идеите и концепциите што претставуваат основа за кој било елемент на компјутерска програма.
33
Насловот на авторското право?
Насловот на авторското дело претствува обележување на авторското дело во функција на неговата идентификација и персонализација, од ист и сличен вид. Насловот ужива заштита како и самото авторско дело. Насловот се штити на 3 наччини. 1) тој се штити во состав на целината на авторското дело, независно од тоа дали тој самиот за себе му одговара на поимот авторско дело; 2) тој се штити како авторско дело само за себе, доколку му одговара на општиот поим за авторско дело; 3) независно од тоа дали ја ужива заштитта врз основа на претходните две точки, насловот на авторското дело има и правен третман на ознака со која се обележува делото како материјална вредност. Покрај тоа што се смета за повреда на авторското право користењето на наслов кој веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиот наслов би создал или би довел до создавање забуна во однос на авторското дело, може да претставува и дело на нелојална конкуренција.
34
Форма на авторското дело?
Форма на авторското дело е материјална подлога на делото, којашто е најчесто врзана за говор, звук, човекови движења, коишто не мораат да бидат пишанми или фиксирани за пишани текстови, освен ако се во прашање кореографски или пантомимски авторски дела, кои мора да се напишани или фиксирани со зборови или други средства за изразување. Формата на авторското дело служи и како основ за класификација на авторските дела на низа нивни основни видови и изведени подвидови.
35
Оригиналност на авторското дело?
Оригиналноста на авторското дело е услов, којшто е основа неразделно ја следи неговата форма, за делото да ужива авторско-правна заштита. Постојат два вида оригиналност: Лична оригиналност – таа е врзана за личноста на авторот и е резултат на изворното интелектуално творештво на авторот. Оригиналноста постои кај изворните и изведените авторски дела, макар што кај вторите авторот се користел со идејата на друг автор. Се разбира оценката за оригиналноста на авторското дело е фактичко прашање од случај до случај. Оригиналност врзана за авторското дело – таа е слична на новоста на авторското дело, која се разликува од субјективниот карактериум според кој се оценува оригиналноста. Таа оригиналност може да биде: изворна оригиналност (создавање на авторското дело кое како ново е независно од постоење на било кое авторско дело); и изведена оригиналност (создавање на авторско дело како ново, коешто има некои елементи на веќе создадено авторско дело. Оригиналноста исто така може да биде: апсолутна (кога авторското дело е потполно независно од друго авторско дело) и релативна (која што укажува на зависност на авторското дело од други авторски дела.
36
Видови оригиналност?
Лична оригиналност – таа е врзана за личноста на авторот и е резултат на изворното интелектуално творештво на авторот. Оригиналноста постои кај изворните и изведените авторски дела, макар што кај вторите авторот се користел со идејата на друг автор. Се разбира оценката за оригиналноста на авторското дело е фактичко прашање од случај до случај. Оригиналност врзана за авторското дело – таа е слична на новоста на авторското дело, која се разликува од субјективниот карактериум според кој се оценува оригиналноста. Таа оригиналност може да биде: изворна оригиналност (создавање на авторското дело кое како ново е независно од постоење на било кое авторско дело); и изведена оригиналност (создавање на авторско дело како ново, коешто има некои елементи на веќе создадено авторско дело. Оригиналноста исто така може да биде: апсолутна (кога авторското дело е потполно независно од друго авторско дело) и релативна (која што укажува на зависност на авторското дело од други авторски дела.
37
Уметничката вредност на авторското дело?
Уметничката вредност на авторското дело значи дека авторското дело се вреднува според вкусот на корисникот на авторското дело (читател на роман, слушател на музички дела ис л). Тоа се оценува според субјективниот критериум, имајќи предвид низа околности (образование, возраст, афинитет и сл). Имено, се постанува прашањето што е уметност, што е уметнички вредно дело и дали може некое авторско дело во определен период да биде уметнички невредно, но во иднина да има голема уметничка вредност? Одговорот на вака поставеното прашање е потврден. Автори што добиваат слава после нивната смрт се: Франц Кафка како поет, Јохан Себастиан Бах како композитор, Едгар Алан По како писател, Ван Гог како сликар и други.
38
Објавување на авторското дело?
Објавување на авторското дело значи достапноста на авторското дело на јавноста, на одреден број на лица кои се јавуваат како корисници на авторското дело. Под објавување според македонскиот законодавец се подразбира достапност на јавноста на авторското дело, со согласност на авторот, независно од начинот и формата. Јавноста пак се дефинира како достапност на авторското дело, под еднакви услови, на неопределен број лица. Објавувањето на авторското дело зависи од видот на авторското дело така што начинот на објавување е во исклучителна надлежност на авторот. Објавувањето на авторското дело е конститутивен елемент за прибавување на негова авторско-правна заштита. Таа заштита започнува да се остварува со моментот на објавувањето на авторското дело.
39
Неформалност?
Неформалност е во согласност со Бернската конвенција. За прибавување авторско-правна заштита на авторското дело не се бараат никакви формалности од материјално-правен односно процесно-правен карактер, како што тоа е случај кај правата од индустриска сопственост, кои се признаваат и регистрираат со закон во определена постапка. Таа постапка е посебна управна постапка. Според англо-американското право постои copyright систем и според него се подразбира обврска на авторот кон соодветна институција на државата да депонира два примерока на авторското дело и да го регистрира во определени рокови во одредена постапка. При тоа, ако не се регистрира авторското дело, авторот нема право на поднесување тужба за повреда на неговото авторско дело.
40
Видови авторски дела?
Видови авторски дела: 1) Пишано дело, како книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура; 2) Компјутерска програма, како пишано дело; 3) Говорно дело, како говор, беседа; 4) Музичко дело, со или без текст; 5) Драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело; 6) Фотографско дело; 7) Аудиовизуелно дело; 8) Дела од архитектура; 9) Дела на ликовна уметност; 10) Картографско дело. 11) Дело од применетата уметност и дизајн
41
Говорни дела?
Под говорни дела се подразбираат сите авторски дела коишто се изразуваат со помош на јазик. Говорните дела можат да се поделат: 1) Книжевни (литературани) дела: - Во оваа група спаѓаат сите дела од областа на книжевноста а тоа се: романи, новели, раскази, бајки, басни, сценарија за филмови, драмски дела и сл. 2) Научни дела: - Тука спаѓаат делата, што се однесуваат на науката, фундаменталната и применетата, научните дела. 3) Други видови говорни дела: - Тука спаѓаат збирки на литературните и научните дела како што се: енциклопедии, зборници, антологии и слични збирни дела. Во говорните дела спаѓаат разновидни сликовници, илустрации, стрипови, каталози, водичи и слични дела. Говорните дела може да се поделат на писмени и усмени. Писмени говорни дела се оние што авторот ги направил во писмена форма, кои можат да бидарт напишани на хартија своерачно, со машина за пишување, преку касета или некој друг начин на фиксирање на делото; Усмени дела – најчесто се предавања, говори, беседи и други излагања што можат да се соопштат на ограничен или неограничен број на луѓе. Говорните дела можат да се поделат и на изворни и на изведени говорни дела: Изворни говорни дела можат да бидат оригинални интелектуални творби; Изведените говорни дела се засноваат на некое веќе создадено дело, користејќи ги неговите елементи (идеја и форма). Изведеното дело настанува со превод. Правило е дека може да се преведе авторското дело на македонски јазик и тоа без дозвола на авторот по протекот на 7 години од првото објавување.
42
Театарски дела? / Драмски дела?
Како театарски дела се сметаат оние кои се наменети за сценско изведување со посредство на еден или повеќе изведувачи. Кај овие дела начинот на изразување е: говорот, музиката, движењето, игрите и тоа како поединечно така и заедно. Театарските дела можат да се групираат на следниот начин: 1) Драмски дела – претставуваат посебен облик на говорните литературни дела чиј предмет е поставување на сцена на некое драмско дејствие. Тие можат да бидат трагедии, комедии, монодрами, мелодрами. 2) Драмско-музички дела – се дела во кои се споени две дела, драмски и музички, коишто претставуваат една единствена целина (опера, оперетта, мјузикл) 3) Кореографски дела – се дела коишто се изразуваат со движењето, играта, ритам (балет, разни игри). 4) Пантомимски дела – се дела коишто може да се изразуваат со движења на телото и со мимика на изведувачот на делото.
43
Музички дела?
Музичките авторски дела се дела во кои авторот т.е композиторот ги изразува своите чувства и мисли со помош на звук односно тонови. Музичкото дело има три составни делови и тоа: 1)мелодија – се состои од низа тонови коишто ја одразуваат инспирацијата на композиторот, така што претставува суштината на музичкото дело. Тоа го индивидуализира авторот и како завршна духовна творба ужива авторско-правна заштита. 2)ритам – означува однос на разновидни тонови или звуци со различно времетраење и усогласување. Ритамот е само елемент на музичкото дело и не ужива самостојна авторско-правна заштита. 3)хармонија – е складно истовремено звучење на различните тонови. Хармонијата претставува само елемент на музичкото дело и како начин на поврзување на композицијата не ужива авторско-правна заштита. Како и сите други авторски дела и музичките дела треба да бидат оригинални и да ја одразуваат идејата на композиторот во соодветна форма. Музичките дела можат да бидат изворни и изведни. Аражманот претставува обработка на музичко дело преку којшто тоа се прилагодува за изведување со други инструменти. Варијацијата е ново музичко дело коешто настанува со позајмување на мелодии од друго изворно музичко дело или со додавање на други мотиви или музички теми. Композиторите на овие музички дела мораат да имаат согласност на композиторите на изворното музичко дело.
44
Аудиовизуелни дела?
Аудоивуелното дело ги опфаќа кинематографските и другите дела кои вклучуваат подвижни слики со или без звук. Со договорот за филмска продукција се уредува одност на филмскиот продуцент со авторите на аудиовизуелното дело и авторите на придонесите, како и односот меѓу самите автори. Заради полесно стопанисување со аудиовизуелното дело, постои пресумпција дека филмскиот продуцент е носител на сите имотни права.
45
Дела на ликовната уметност?
Делата од ликовната уметност се дела од областа на сликарството, графиката и вајарството што се создаваат на површината или во просторот. Овие дела треба да содржат и елементи на ликовна духовна творба. Делата на ликовната уметност се карактеризираат со просторност, индивидуалност и оригиналност. Во ликовните авторски дела спаѓаат и делата од областа на архитектурата. Делата на ликовната уметност не можат да постојат без да се фиксираат на некаква подлога/медиум. Со стекнувањето на авторското право над некоја слика или склуптура не значи дека сопствениот не може да ги искористува и другите имотни права (репродукција).
46
Фотографски дела?
Тие се дела што се поризведени со фотогрфирање или со постапка слична на фотографирање, односно по механички пат, преку фотографски апарат со снимање на природат, стварите во природата, но исто така и на луѓето. Во поглед на решенијата за објавувањето на фоторграфските дела, карактеристично е тоа што авторот не може да забрани изложување на фотографиите во музеите, галериите и слично. Исто така, авторот или сопственикот на фотографското дело мора да го почитува правото на фотографираните лица и без нивна согласност не може да ги става во промет.
47
Картографски и пластични дела?
Тоа се географски, топографски и други карти, планови, скици и пластични дела кои се однесуваат на географија, топографија, архитектура и други научни области. И кај овие авторски дела услов е постоење на оригиналност.
48
Компјутерски програми како пишано дело?
Македонскиот законодвец, во регулирањето на компјутерските програми тргнува од Директивата на ЕУ за заштита на компјутерските програми. Согласно член 95 од ЗАПСП, компјутерски програми се програми во било која електронска изразна форма, вклучувајќи го и подготвителниот материјал за нивна изработка, доколку се индивидуални и интелектуални творби на нивниот автор. За заштита на компјутерските програми, авторот на компјутерската програма има исклучиво материјално право да ја користи програмата и да дозволува или да забранувс користење на програмата за: репродуцирање, преведување; пуштање во промет.
49
Права на изведувачите?
Основен меѓународен акт кој ги регулира правата на уметниците изведувачи е РК од 1961 година. Според овој член уметници-изведувачи се: артисти, пеачи, музичари, играорци и други лица кои изведуваат авторски или фолклорни дела. Предмет на изведување се авторски или фолклорни дела. Чл.103 од ЗАПСП ги регулира моралните права на уметниците-изведувачи. Изведувачите имаат морално право, при најавата на изведбата, на вообичаен начин да се наведе нивното име, псевдоним или друга ознака. ЗАПСП ги регулира правото на интегритет и правото на репутација. Имено, изведувачите имаат морално право да се спротистават на секакво деформирање, сакатење или менување на нивната изведба, односно да се спротистават на секое користење на нивната изведба што може да наштети на нивната личност, чест и углед. Чл.104 од ЗАПСП ги регулира исклучивите материјални (имотни) права на уметниците-изведувачи. Материјалните права на изведувачите се апсолутни и по правило исклучиви права на искористување на изведбите преку определени технички постапки, се пренесуваат помеѓу живи и во случај на смрт и временски се ограничени. Всушност, изведувачите имаат исклучиви материјални права да ја користат или да дозволуваат или забрануваат користење на својата изведба. Членот 123 од ЗАПСП го регулира траењето на правата на изведувачите. Имено, правата на изведувачот траат 50 години од денот на изведбата. Доколку во тој период снимката од неговата изведба била прв пат законски издадена или јавно соопштена, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од првото законско објавување.
50
Права на произведувачи на фонограми?
За снимката на звукот се употребува терминот „фонограм“ што значи запис (снимање) на звук. Членот 109 од ЗАПСП ги дефинира поимите прозведувачи на фонограми, продуцент, фонограм и снимка. Произведувач на фонограм е физичко или правно лице што ќе преземе иницијатива и одговорност за прво снимање фонограм. Фонограм пак, е снимка на звуци од некоја изведба, други звуци или звучни појави, освен снимките содржани во аудио визуелно дело. Материјалните права на произведувачите на фонограми се апсолутни и по правило исклучиви права на искористување на своите фонограми, тие можат да се пренесуваат помеѓу живи и во случај на смрт и временски се ограничени. Произведувачот на фонограми има исклучиви материјални права да користи или да дозволува или забранува користење на своите фонограми за: умножување, пуштање во промет и ставање на располагање на јавноста. ЗАПСП го регулира правото на надомест на фонограмскиот продувент, во случај на јавно преснимување, радиодифузно емитување и радиодифузно реемитување. Во случај кога фонограмот е издаден законски за комерцијални цели, корисникот е должен при секое користење да му плаќа на фонограмскиот продуцент надомест во извнос за правата, доколку со овој закон не е поинаку определено. Нашиот законодавец предвидува дека правата на производителите на фонограми траат 50 години од моментот кога фонограмот бил прв пат законски издаден. Доколку во тој период фонограмот не бил законски издаден, туку бил законски јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години, сметано од соопштувањето.
51
Права на филмските продуценти?
Филмски продуцент е физичко или правно лице што води или организира изработка на видеограм и е одговорно за неговото довршување. Предмет на заштита е нематеријално добро во вид на видеограм, односно аудиовизуелна снимка. Видеограм е првата стандардна копија или прва аудиовизуелна снимка. Аудиовизуелна снимка е забележување на подвижни слики, со или без тон. ЗАПСП ги регулира правата на филмскиот продуцент како сродни права на авторското право. Тоа се правото на умножување, пуштање во промет, јавно прикажување, радиодифузно емитување, реемитување и ставање на располагање на јавноста. Филмскиот продуцент може да се стекне и со поедини имотни авторски права, по пат на договор или со друга правна работа. Чл.125 од ЗАПСП го регулира траењето на правата на филмскиот продуцент. Имено, правата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот бил прв пат законски издаден или јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години сметано од првото законско објавување.
52
Права на радио и телевизиските организации
Техниката на радиодифузното емитирање, даде повод законски да им се признаваат правата не само на авторите чии дела се емитираат и правата на уметниците-изведувачи, чии дела се емитираат, туку и правата на самите организации за радиодифузија, во врска со користењето на нивните емисии. Предмет на заштита на правото на радиодифузните организации се емисиите. РТВ организацијата има исклучиви материјални права да ги користи или дозволува или забранува користењето на своите емисии за: снимање на програмите, умножување и ставање во промет на умножените примероци, реемитување, јавно пренесување на места достапни на јавноста и ставање на располагање на јавноста. Согласно чл.126 од ЗАПСП, правата на РТВ организации траат 50 години сметано од денот на првото радиодифузно емитување.
53
Права на изготвувачи на бази на податоци?
База на податоци е авторско дело, односно збирка од независни авторски дела, дела од народното творештво, други дела, податоци или други материјали кои се подредени на систематски или методичен начин. Природата на податоците кои ја сочинуваат базата може да биде различна: од библиографски податоци, изводи од авторско дело, именици, адресари и сл. Затоа изготвувачот на база на податоци има право да го спречи извлекувањето или повторното користење на целината или битните делови од базата на податоци, доколку презентира дека извршил квалитативно и квантитативно суштинско вложување во прибирање, верификациј или презентација на нејзината содржина. Чл 120 од ЗАПСП го регулира предметот суи генерис заштита на базата на податоци која ја опфаќа: целата содржина, суштинските делови од нејзината содржина и несуштинските делови од нејзината содржина. Деловниот субјект кој ја создал базата на податоци е изворен носител на заштитата. Изготвувачот на базата на податоци има исклучиво право да дозволува или да забранува извлекување и повторско користење. ЗАПСП ги регулира правата и обврските на овластените корисници на базите на податоци. Изготвувачот на објавена база на податоци не смее да го спречи законскиот корисник од користење на несуштниските делови од нејзинта содржина проценета квалитативно и квантитативно за какви било цело. Кога законскиот корисник е овластен да користи само дел од базите на податоци, овој став ќе се применујва само на тој дел. Покрај права, законскиот корисник има и обврски. Законскиот корисник на објавена база на податоци не смее да превзема какви било дејства спротивни на редовното користење и дејства што во неразумна мерка ги повредуваат законските интереси на изготвувачот на базите на податоци. Тој, исто така на објавената база на податоци не смее да предизвика штета на носителот на авторското право или сродните права во однос на делата или предметите на сродните права што се содржани во базата на податоци. Правата на изготвувачот на базата на податоци траат 15 години по завршувањето на изработката на базата на податоци.
54
Користење без плаќање надоместок?
ЗАПСП предвидува случаеви кога не е потребно да се побара одобрение за користење на авторското дело и тоа се однесува на следниве случаеви: 1) Умножување на авторско дело, доколку умножувањето нема економско значење и чија единствена цел е да овозможи пренесување податоци на трети лица или да овозможи законско користење на делото; 2) Умножување што се врши од страна на јавни библиотеки, образовни институции или музеи и архиви заради остварување на нивната дејсност без посредна или непосредна економска или комерцијална цел; 3) Снимање авторско дело од страна на радио-телевизиска организација што има дозвола за емитување на делото, доколку го сними со сопствени средства и за сопствени потреби и под услов да го избрише во рокот во кој ја има дозволата за емитување; 4) Користење дела заради илустрирање во образовни или научни истражувања, под услов да се наведе името на авторот и изворот; 5) Користење авторски дела за потребите на лица со посебни потреби на начин кој е непосредно поврзан со посебната потреба; 6) Умножување и јавно соопштување написи, статии и други дела за актуелни стопански, политички, религиозни и други теми заради известување на јавноста, освен ако тоа не е забрането од авторот; 7) Користење делови на авторски дела во научни истражувања за настава, критика, во обем и до степен потребен за конкретната намена и под услов да се наведе името на авторот и изворот; 8) Користење дела за целите на јавната безбедност; 9) Случајно вклучување авторско дело во друг материјал; 10) Користење цртежи или проекти на архитектонски објект заради негова реконструкција..
55
Користење со плаќање надоместок?
ЗАПСП во член 54 го регулира користењето на авторското дело во случаите кога не треба да се побара одобрение од авторот, но мора да се плати авторски надоместок за таквото користење и тоа се однеувс на следните случаеви: 1) Умножување на хартија по пат на фотокопирање или која било слична техника или друг процес, со исклучок на нотните записи на музичко дело и; 2) Умножување на кој било носач на запис што го врши физичко лице за приватно користење без посредна или непосредна комерцијална цел. ЗАПСП го регулира и прашањето на репродуцирање на авторското дело за приватно или друго сопствено користење и услов на ваквото користење е целите на репродуцирањето да не бидат комерцијални, бидејќи во таков случај ќе мора да се побара одобрение од авторот или носителот на авторското право.
56
Траење на авторското право?
Заштитата на авторското право трае определено време. По протекот на точно определениот рок, заштитата особено на имотните права претанува.+ Принципот на продолжување на рокот на заштита по смртта на авторот е резултат на грижата на општеството за поколенијата на авторот. Се смета дека треба да се заштитат една до две генерации на наследници на авторот. ЗАПСП го регулира траењето на авторското право. За разлика од сопственичкото право, авторското право има ограничено траење. Законот предвидува дека субјективното авторско право трае 70 години после смртта на авторот. Кај коавторското дело, рокот на траење според определеното правило се пресметува од смртта на коавторот кој умрел последен. Членот 57 од нашиот закон го регулира трањето на авторското право за аноними дела и дела објавени под псевдоним. Имено, рокот на заштита се смета од законското објавување на овие дела и трае 70 години. Меѓутоа доколку псевдонимот не доведува до забуна за тоа кој е автор или доколку авторот, во рокот го наведе својот идентитет. Повеќето морални права на авторот се гасат со неговата смрт. Авторот има правна можност на специфичен начин да влијае на идното користење на своето веќе објавено или издадено дело. Авторот има право да му го откаже правото на носителот на неговото материјално право, доколку за тоа има вистински морални причини. При тоа авторот е должен на носителот да му ја надомести штетата што настанала заради тоа. Моралните права за означување на авторството, за сочувување на целината на делото, како и за спротиставување на неговото сакатење, траат и по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон. ЗАПСП утврдува дека користењето на авторското дело е слободно по истекот на роковите за траење на авторското право, утврдени со овој закон. Тоа значи дека конкреното авторско дело станува јавно добро.
57
Траење на сродните права на авторското право?
Покрај општиот рок на траење на заштитата на авторското право, се регулира и траењето и заштитата на сродните права. Како сродни права, нашиот аконодавец ги утврдил правата на уметниците, фонограмите, филмските продуценти, РТВ организации како и на изготвувачите на бази на податоци над нивните фонограми, видеограми, емисии. 1) Правата на изведувачот траат 50 години од денот на изведбата. Доколку во тој период снимката од неговат изведба била прв пат законски издадена или јавно соопштена, правата на изведувачот траат 50 години, сметано од првото законско објавување; 2) Правата на производителите на фонограми траат 50 години; 3) Правата на филмскиот продуцент траат 50 години од денот на завршувањето на снимката. Доколку во тој период видеограмот бил прв пат законски издаден или јавно соопштен, правата на продуцентот траат 50 години сметано од првото законско објавување; 4) Правата на РТВ организациите траат 50 години сметано од денот на првото радиодифузно емитување. 5) Траењето на правата на изготвувачите на базите на податоци траат 15 години по завршувањето на изработката на базата на податоци.
58
Колективно остварување на авторското право и сродните права?
Во природата на субјективните приватни права е да се реализираат индивидуално, т.е секое за себе. Меѓутоа, кога станува збор за субјективно авторско и сродно право, постојат извесни причини кои ја отежнуваат реализацијата на правото. Имотниот аспект на субјективното авторско или сродно право се состои од два вида овластување: исклучиво овластување за искористување на предметот на заштита, и овластување за побарување надомест за одредени видови искористување на предметот на заштита. Во сите случаи кога искористувањето на предметот на заштита е врзано само за плаќање надомест на носителот на правото, корисникот на предметот на заштита нема обврска однапред да стапи во непосреден контакт со носителот на правото. Ова доведува до тоа носителот на правото и да не знае дали неговото дело се искоритува или не, и кои се неговите должници. Во реализација на своето право на надомест, тој практично им е препуштен на совесноста на своите должници. Изложените потешкотии за индивидуална реализација на некои овластувања на субјективното авторско и сродно право го прават неопходно постоењето на организации за колективно остварување на тие субјективни права. Станува збор за организации кои имаат правни инструменти кои имаат две основни цели: на носителите на авторско и сродно право да им обезбедат ефикасна и еконимична реализација на нивните овластувања и на корисниците на авторски дела и на нематеријалните добра кои се предмет на сродните права, да им овозможат едноставно и економично да ги извршат своите законски обврски кон носителите на тие авторски и сродни права. Колективното остварување на авторското право содржи: пренесување неисклучиви права за користење авторско дело; прибирање и распределба авторски надоместоци од користењето на авторското дело и остварување заштита на правото пред судови и други органи. Исто така колективно можат да се управуваат и следните права: право на авторот на надоместок до јавна послуга; право на надоместок на автор и изведувач за изнајмување фонограми или видеограми; право на надоместок на автор и издавач од умножување на хартија и сл.
59
Полезен модел?
Полезниот модел е право од индустриска сопственост. Предмет на заштита со полезен (корисен) модел како во научната литература така и во законодавствата и праксата се движи помеѓу творба-производ чија функција е исклучиво естетска до творба со исклучиво техничка функција. Втората функција е т.н вид на мала патентна заштита. ПОлезниот модел е право со кое се стекнува носителот со регистрација кај надлежната патентна администрација. Предметот на полезниот модел мора да биде нов, но не и оригинален. Тоа го доближува корисниот модел до топографијата на интегрални кола и до авторското право, а го прави различен од патентот. За правото на полезниот модел е карактеристична корелацијата помеѓу предметот на заштита и постоење на условот инвентивност. Времетраењето на полезниот модел е пократко од она на патентот и во основа се движи во рамките на заштитата на индустрискиот дизајн. Овој вид на право на индустриска сопственост е резервирано за малите и средни претпријатија и за индивидуалните пронаоѓачи и истото како да има протекционистичка функција.
60
33. Know-How?
Покрај пронајдоците и полезниот модел, како право од индустриска сопственост кое е предмет на регулирање на пронајдувачкото право е и know how, што во буквален превод значи „ да се знае како “. Бител елеменет на know how е неговата тајност и преносливост. Тајноста може да биде апсолутна, но и релативна. Што се однесувa до преносливоста, знаењето и искуството може да се пренесат со договор и многу често овој договор е суплементарен со договорот за пренос на патент, односно пренос на технологија. Под know how се подразбира само техничко знаење и искуство. Имено, примената на одреден пронајдок во индустријата бара голем број дополнителни знаења, искуства и вештини. know how претставува технички информации како што се описи на постапки за производство, формули, модели или мустри кои не се заштитени со патент. Се разликуваат три вида на преносливост на know how: 1) know how кој е неразделно поврзан со определено физичко лице и во овој случај се работи за индивидуални вештини, знаење и искуство; 2) know how кој е поврзан со определено приватно лице кое располага со определена технологија; 3) know how кој може да се оддели и од физичко и од правно лице. Во овој случај се работи за определени технички решенија, цртежи и слично кои се од голема вредност, меѓутоа не се секогаш патентабилни.
61
Индустриски дизајн: предмет и услови на заштита?
Индустрискиот дизајн се однесува на креативните активности кои резултираат со формални или орнаментални карактеристики кај производите за масовно производство и употреба, при што се задоволуваат потребите на потрошувачите. Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштитата на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн, покрај другото го интенвизира инвестирањето во ресурсите кој го негува, форсира дизајнот како елемент на производството. Во член 127 од ЗИС со терминот индустриски дизајн се означуват моделот и мострт (индустриски дизајн се подразбира надворешен изглед на производот во целост или на некој негов дел кој е определен од неговите обележја, особено линиите, обликот, текстурата и материјалите од кои производот е солинет или украсен, како и неговата орнаментација.) Причините за специјална заштита на индустрискиот дизајн се пронаоѓаат во атрактивноста и економската вредност на убаво обликуваните и опремени предмети. За современиот потрошувач надворешните елементи не се пресудни како на пример естетиката, туку се води сметка на кориснота, сигурноста, трајноста и квалитетот Како услови на заштита кај индустрискиот дизајн, споредбеното право ги утврдува новоста и индивидуалниот карактер. Македонскиот законодавец се определеува за принципот на универзална новост – дизајност да се разликува од оној кој порано бил пријавен и достапен на јавноста. Постојат апсолутни и релативни причини одреден дизајн да не може да се заштити како право. Како апсолутна пречка се смета дизајнот кој е во спротивност со законот и моралот и дизајн кој содржи пароли со кои се повикува на: расна дискриминација, верска омраза, злоупотреба на деца. Според ЗИС согласно теориските определби кога за определен дизајн по објавата на пријавата на дизајн ќе приговараат подносителот на порано поднесена пријава или носителот на порано стекнато право на индустриски дизајн.
62
Трговска марка поим?
Во стопанскиот живот, многу одамна е воочена потребата производите да бидат одбележани на соодветен начин и тоа: со користење на фирмата на производителот, неговото име или најчесто со соодветни знаци за разликување кои се нарекуваат трговска марка, што поризлегува од правниот однос за користење на стоково-паричниот промет.
63
Географски назив?
Македонскиот ЗИС содржи одредби за географскиот назив. Географскиот назив, според ЗИС се штити со ознака на потеклото на производот и географска ознака. Со географски назив се одбележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје. Ознака на потеклото е географскиот назив на земјата, регионот или местото со кој се означува производот кој потекнува од тоа подрачје и чиј квалитет и посебни својства. Географскиот назив може да се употреби за одбележување на природни производи, земјоделски производи, индустриски производи, занаетчиски и производи од домашна ракотворба. Пријава за заштита на географскиот назив можат да поднесат: физички и правни лица кои произведуваат определен производ како и државен орган, единица на локална самоуправа. Пријавата за заштита на географски назив покрај барањето за заштита на географски назив содржи елаборат за производот кој ќе се означува со географскиот назив. Елаборатот го изработува институција која ги исполнува условите предвидени со прописот кој го донесува директорот на ДЗИС. Заштитата на географскиот назив важи неограничено. Правото на користење на заштитениот географски назив важи 5 години, сметајќи од денот на донесување на решението. Важењето на правото на користење може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по 5 години, под услов носителот на правото да поднесе до ДЗИС барање за продолжување на важењето на правото на користење на заштитениот географски назив. Правото на користење на заштитениот географски назив не може да се пренесува.
64
Пренесување на авторското право и сродните права?
Пренесувањето на авторското право е многу раширено во стопанскиот промет. Тоа настанува како последица на едно од основните овластувања на носителот на правото, а тоа е правото на располагање коешто изречно е предвидено во ЗАПСП. Авторот односно носителот на авторското право има исклучително право на располагање, не само тој туку и лицата кои тој ги овластил може да пренесат или да отспапат одредено право на заинтересирани лица. Ако носител на правото е физичко лице, тој има исклучително право да располага со него, не само за време на животот, туку и во случај на своја смрт, под услов правната заштита на неговото авторско право да не престанала. Во случај на смрт на носителот на правото, овие права можат да бидат предмет на тестаментално и на законско наследување. Правниот промет, се врши со договор меѓу носителот на правото и заинтересираното лице, кое може да биде правно или физичко лице, домашно или странско. Во однос на обемот на правата кои може да се пренесуваат, моралните права на авторот, односно творецот се непреносливи, но носителот на авторското право, може да ги пренесува сите имотни права или дел од нив.
65
Издавачки договор?
Со издавачкиот договор авторот му го пренесува на издавачот правото на умножување на своето дело и пуштање во промет со печатење во книжен облик во доволен број примероци наменети за јавноста, а издавачот за тоа му плаќа надоместок, го издава делото и ги става во промет издадените примероци. Во времето на важење на издавачкиот договор, авторот не може да го пренесе правото на издавање на делото на ист јазик на други лица, доколку го договорот не е поинаку определено. Битни елементи на овој договор се: вид на правата што се пренесуваат; нивниот обем, времетраење, територија на која важат правата; рок за издавање на делото и авторскиот надомест. Обврски на издавачот се: да го издаде делото, да му плати надомест на авторот за издавање на авоторот. Обврска на авторот е: пренос на правото на издавање на делото. Издавачкиот договор може да престане со извршување или неизвршување кaко и со пропаѓање и уништување на ракописот. Издавачкиот договор престанува и со раскинување на договорот. Членот 81 од ЗАПСП вели дека, кога издавачот има намера по рокот од 3 години од договореното издавање на делото, да ги продаде непродадените примероци на делото како хартија за преработка, а во договорот не е определен подолг рок, е должен, примероците прво да му ги понуди на авторот за откуп, по цена што би ја добил од продажбата на примероците како хартија за преработка. Со неисполнувањето на оваа обврска, издавачот одговара за повреда на моралните права на авторот.
66
Договор за јавно изведување?
Со договорот за јавно изведување авторот се обврзува да му го пренесе на корисникот правото за јавно изведување на своето дело. Со овој договор, корисникот се стекнува со правото на јавно рецитирање на делото, на јавна изведба на музичкото дело, односно се уредува несценското прикажување на делото. Договорот за јавно изведување е двостранообврзувачки договор. Обврски на авторот се: пренесување на правото и ако е тоа потребно да го предаде делото или примероци на делото. Членот 82 од ЗАПСП не предвидува обврски за корисникот. Во членовите 83 и 84 корисникот е должен да му овозможи на авторот увид во јавното изведување на делото и да обезбеди соодветни технички услови за изведувањето, доколку со договорот не е поинаку определено. Елементи на договорот за јавно изведувње се: вид на правото што се отстапува; обем на правата што се пренесуваат, времетраење на правата што се пренесуваат, територијата на која важат правата, начинот и рокот за јавно изведување на делото и авторски надомест. Договорот за јавно изведување престанува по протекот на рокот за кој е склучен и доколку договорот биде раскинат.
67
Договор за нарачка на авторското дело?
Договорот за нарачка на авторско дело, е договор за идно дело и како таков има посебно место и значење за авторите, бидејќи многу често на авторите му се нарачува да изработат уметнички портрет, склуптура, песна, роман, проекти и сл. Со овој договор нарачателот се стекнува со право на сопственост, но не и со авторско право. При нарачка на авторско дело, авторот ја задржува слободата на научното и уметничкото творештво, и заради тоа нарачателот има право да ја надгледува работата и да дава упатства, доколку со тоа не навлегува во правото на авторот за слободно творештво. Со овој договор за нарачка на авторско дело, авторот се обврзува да го создаде нарачаното авторско дело и да му го достави на нарачателот, а нарачателот се обврзува за тоа да му исплати надомест. Обврски на авторот се да го создаде нарачаното дело и да му го достави на нарачателот. Обврска на нарачателот е да му плати надомест на авторот. Доколку авторот не ги исполни своите обврски, нарачателот не може да го присили на тоа, туку може да бара само надомест на штета. Авторот го задржува авторското право врз нарачаното дело, доколку со закон или договор не е поинаку определено.
68
Договор за создавање на авторско дело во работен однос?
Во современтото општество околу три четвртини од сите авторски дела се создаваат од автори-работници кои го создале конкретното авторско дело додека биле во работен однос со некој работодавач а не од слободни автори. Имено, во случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување на своите работни обврски или по упатство на работодавецот, се смета дека материјалните права и другите права на авторот на тоа дело, освен правото на изнајмување, исклучиво му се пренесени на работодавецот за време од 5 години по завршувањето на делото. По истекот на рокот од 5 годни по завршувањето на делото, материјалните права и другите права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавецот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување доколку му плати на работникот правичен надомест за секој вид материјално право, и авторот не може да се откаже од тоа право.
69
Договор за лиценца?
Договорот за лиценца е правна основа за користење права од индустриската сопственост. Целта е да се овозможи стекнувачот на лиценцата што не е титулар на право на индустриска сопственост, да се стекне со право на користење на правото на индустриска сопственост на определен начин, за определено време и на определена територија, при што давателот на лиценцата на правото на индустриска сопственост и понатаму останува титулар на ова право. Целта на овој договор е определен субјект што нема право на индустриска сопственост, да стане титулар на правото на индустриска сопственост, при што цедентот не е веќе титулар на ова право и станува збор за транслативен пренос на правата од индустриска сопственост. Можат да се издвојат три правни сегменти што содржат правни норми битни за уредување на договорот за лиценца: правото на индустриска сопственост; договорното право и антимонополското или правото против ограничување на конкуренција. Како страни на договорот за лиценца се давателот на лиценца и стекнувачот на лиценца, кои можат да бидат домашни и странски физички и правни лица. Во ЗИС е содржана норма за задолжителноста на писмената форма кај договорот за лиценца. Според ЗИС договорот за лиценца кој не е составен во писмена форма не произведува правно дејство. Доколку за договорот за лиценца е пропишана задолжителна писмена форма, договорот за лиценца може да се раскине единствено во писмена форма. Според нашето право, договорот за лиценца е специфичен договор кој што има облигационо правно дејство помеѓу страните. Во ЗИС се определени елементите на договорот за лиценца: времето на траење на договорот за лиценца; обемот на лиценцата; назначување дали лиценцата е исклучителна и висината на надоместот за отстапување ако надоместот е договорен. Како битен елемент според ЗИС се јавува и времето на траење на договорот за лиценца. Тенденција во светот е договороите за лиценца да се склучуваат на 5 до 10 години. Договорите за лиценца престануваат со престанување на дејството на заштитеното право.
70
Присилна лиценца?
ЗИС на РМ ја понава и присилната лиценца за зависен патент. Имено, присилна лиценца може да се издаде и ако пронајдокот заштитен со патент не може да се користи во целост или делумно без користење друг пронајдок заштитен со поранешен патент, додека подоцнежниот пронајдок, кој претставува позначаен технички напредок, е од особено значење за стопанството или за задоволување на општите потреби. Според ЗИС на РМ е предвидено кога ползата од заштитениот принајдот е во јавен интерес; поради вонредни состојби во државата, заштита на јавниот интерес во областа на здравството, исхраната, заштита и унапредување на животната средина е неопходно за спроведување на судск или административна постапка за заштита на конкуренцијата. Во тие и слични случаи се дава присилна лиценца и пред истекот на роковите: четири годни од денот на поднесувањето на пријавата за патент, односно пред истекот на рокот од три години од денот на принзнавањето на патентот, ако овој рок истекува подоцна. Во ЗИС на РМ се содржани одредбите за надоместокот. Според ЗИС на РМ, во случај на давање присилна лиценца, носителот на патентот има право на соодветен надоместок. Висината на надоместокот ја утврдуваат носителот на патентот и корисникот на кој му е дадена лиценцата. Ако не се постигне спогодба за висината на надоместокот, надлежниот суд ја утврдува висината на надоместокот. Еден од условите за издавање на присилна лиценца е таа да се издава заради задоволување на потребите на домашниот пазар освен ако во судска постапка на издавање не се докаже дека тоа е во спротивност со заштита на конкуренцијата на пазарот. Судот ќе го одбие барањето за издавање присилна лиценца доколку не ги содржи елементите потребни за одлучување или ако не се исполнети условите за издавање присилна лиценца, но претходно ќе му даде можност на подносителот на барањето да се изјасни за причините за кои не може да издаде присилна лиценца.
71
Јавно понудена лиценца?
Јавно понудената лиценца е посебен вид договорна лиценца, која се карактеризира со ограничена слобода на договарање помеѓу давателот на лиценцата и титуларот на лиценцата. Јавно понудената лиценца придонесува за стекнување на неколку цели: до склучување поголем број договори за лиценца; му овозможува на иноваторот полесно да дојде до контакти со индустријата и до можност за примена на својот патент; ја отстранува можноста за ограничување на правото од патент со присилна и службена лиценца; ја остварува основната цел на патентното право, заштитениот пронајдок што побрзо да се примени за производство на нови и корисни добра; за намалување на давачките што е должен да ги плати титуларот на патентот. И кај овој вид лиценцни одоноси, титуларот на патентот има право на имотна корист, има право на надомест, меѓутоа и тука спогодбата за цената не е битен елемент на содржината на договорот. Кога трето лице ќе го повреди патентираниот пронајдок, стекнувачот на јавно понудена лиценца може да бара од титуларот на патентот да поведе судска постапка. Имателот на патентот има право, во секое време да се откаже од својата јавна понуда, но само под услов сите стекнувачи на правото на лиценца која сеуште е на сила, да ја изразат својата согласност за бришење на оваа клаузула.
72
Наследување на правата од интелектуална сопственост?
Ако носител на право од индустриска сопственост е физичко лице, во случај на негова смрт на правата од индустриска сопственост се применува наследувањето, исто како и на другиот негов имот. Кога оставителот бил носител на некое право од индустриска сопственост, тогаш неговите наследници, еден или повеќе од нив, ќе станат нови носители на тоа право и нивните имиња се запишуваат во регистар кој се води во ДЗИС. Наследниците ги имаат сите права од имотен карактер кои ги имал носителот на правото од индустриска сопственост за време на животот, или подносителот на пријавата во постапка за признавање на правото од индустриска сопственост. Додека имотните права на авторот или пронаоѓачот се наследуваат, моралните права на оставителот не се наследуваат, но наследниците имаат право да се грижат за почитување на моралните права на оставителот. По смртта на авторот или на носителот на авторското право кој е физичко лице, авторското дело, по пат на наследување, се пренесува на наследниците. Наследниците ги имаат сите права од имотен карактер кои ги имал авторот. Наследувањето се врши според Законот за наследување а согласно ЗАПСП.
73
Граѓанскоправна заштита на правата на интелектуална сопственост (општо за повредата, субјекти и видови тужби)?
Според законите со кои се регулира правото на интелектуална сопственост, лицето кое че повреди некое право уредено со законот, одговара за штета според општите правила за надоместување на штетата, согласно Законот за облигационите односи. Како повреда на пријавените и признатите права на патент, индустриски дизајн, трговска марка, топографија на интегрално коло, ознака на потекло на производ и географска ознака се смета секое неовластено: користење, располагање, ограничување, имитирање, асоцијација и вознемирување на правата. Во ЗИС и ЗАПСП се утврдува кој може да поднесе тужба за повреда на правата односно се утврдува активната легитимација за водење спор за заштита на правата од интелектуална сопственост. Подносители на тужба можат да бидат: подносител на пријава/носител на право/автор/пронајувач/конструктор/носитрел на исклучителн лиценца/лицата кои се стекнле со одредено право врз основа на некоја правна работа и сл, можат да поднесат тужба против лицето кое ги повредило правата. Постојат неколку видови тужби со кои може да се бара граѓанско-правна заштита на авторското право и сродните права во правото на РМ и тоа: тужба за утврдување; тужба за сторување; тужба за надомест на штета и преобразувачка тужба.
74
Казненоправна заштита на правата на интелектуална сопственост
Нашето право, како и правата на други земји предвидува казненоправна заштита. Казненоправната заштита на правата од интелектуална сопственост се води во согласност со ЗКП. Во кривичниот законик се предвидени повеќе кривични дела: *Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал – делото го врши оној кој без одобрение од овластениот дистрибутер произведува, дистрибуира, дава услуги на поставување на материјален или нематеријален уред, заради пробивање на таков сигнал. Казната на ова дело е од 1 до 5 години затвор. *Пиратерија на аудиовизуелно дело – делото го врши тој кој без одобрение на филмскиот продуцент, произведува, увезува, репродуцира, пушта во промет аудиовизуелно дело. Казната за ова дело е од 1 до 5 години затвор. *Пиратерија на фонограм – делото го врши оној кој без одобрение на производителот на фонограм пушта во промет или на друг начин става на располагање на јавноста и противправно го користи фонограмот. Казната за ова дело е од 6 месеци до 3 години затвор. *Неовластена употреба на туѓ софтвер – делото го врши оној што неовластено ќе упореби туѓ софтвер. Казната на ова дело е парична или затвор до 3 години. *Повреда на авторското и сродните права – делото го врши оној кој во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, изведе, емитува или неовластено ќе посегне по туѓо авторско право или дело. Според нашиот Кривичен законик, предвидена е парична казна или казна затвор до една година. Доколку со делото е прибавен поголема материјална корист предвидена е казна затвор од 6 месеци до 5 години. Доколку делото го сторило право лице предвидена е парична казна.
75
Управноправна заштита
Управноправната заштита се манифестира преку надзор и прекршочна постапка. Надзор над спроведување на одредбите на ЗАПСП врши Министерството за култура а надзор врз спроведувањето на ЗИС врши Министерството за економија. Инспекцискиот надзор за остварување на одредбите на ЗИС го врши Државниот пазарен испекторат. Кога овласгтено лице, при вршење на надзорот се посомнева дека е направен прекршок, како привремена мерка ги одзема примероците на делата или предметите или средствата што биле наменети за извршување на кривичното дело. Карактеристика на прекршочната одговорност е тоа што покрај физичките лица одговараат и правните лица. Со Законот за прекршоците е предвидена одговорност и за странско правно лице ако прекршокот го сторило на територија на РМ. Одговорното лице за да може да одговара потребно е да го исполни субјективниот услов за неговата одговорност, вината. Законот предвидува 4 вида прекршочни санкции: казни, прекршочни опомени, мерки на безбедност и воспитни мерки. Законот предвидува парична и казна затвор. Прекршочната постапка се поведува по барање на овластен орган и на оштетениот. Овластени органи се органите на управата, јавниот обвинител, единиците на локалната самоуправа. Овластениот орган барањето го поднесува во писмена форма, а оштетениот може да го стори усно, на записник пред судот. Надлежни да постапуваат односно да ги решаваат прекршоците, се основните судови, а во втор степен апелационите судови. Врховниот суд постапува по вонредни правни лекови. Судот со решение ја поведува прекршочната постапкја доколку барањето ги содржи сите елементи за да се поведе прекршочна постапка. Во спротивно судот ќе го врати барањето на дополнување до подносителот, кој е должен да го дополни во определениот рок. Во спротивно, судот ќе го отфрли барањето со решение.