Меѓународно право за правата на човекот Flashcards

1
Q

Напишете кратка ваша дефиниција за тоа што претставуваат човековите права?

A

Човекови права се права што човекот ги здобива со самиот факт што е жив и што е човек. Овие права ги надминуваат границите на било каква поделба кај луѓето (пол, раса, религија итн.), и се во корист на секој човек како индивидуа и човештвото како колектив.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Кои се карактеристиките на човекови права?

A

Универзалност, неделивост, неотуѓивост, и меѓусебна зависност и поврзаност.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Дали повелбата на ОН содржи дефиниција за човековите права?

A

Не

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Дали Универзалната декларација за човековите права содржи дефиниција за човековите права?

A

Да

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

За што е надлежен Комитетот за правата на човекот во рамките на МПГПП (меѓународен пакт за граѓанско политички права)?

A

Комитет за правата на човекот воспоставува контролен механизам. Овој комитет прима и разгледува петиции од индивидуи во нивна јурисдикција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

За што е надлежен Комитетот за економски, социјални и културни права при МПЕСКП (меѓународен пакт за економски, социјални, и културни права)?

A

На овој Комитет му се доверува надзорот врз имплементацијата на МПЕСКП од страна на државите – страни.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Наброј ги надлежностите на Високиот комесар за правата на човекот?

A

Тој презема низа активности со цел промоција и заштита на правата на човекот, координација на активностите за промоција и заштита на правата на човекот, координација на прогамите на ОН за едукација и јавно информирање во полето на правата на човекот. ВКПЧ дава и советодавни услуги и административна и техничка помош на државите и регионалните организации за заштита на правата на човекот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Кој го именува високиот комесар за правата на човекот при ООН?

A

Високиот комесар за правата на човекот при ООН го именува генералниот секретар на ОН, а го потврдува Генералното собрание на ОН. Комесарот има мандат од 4 години.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Што значи принципот ratione materiae при примената на Европската конвенција за човекови права?

A

Ratione materiae означува само повреди пропишани со одредбите од Конвенцијата и нејзините протоколи.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Што значи принципот ratione personae при примена на Европската конвенција за човекови права?

A

Согласно член 34 од ЕКЧП се поднесува индивидуална жалба заради сторување или пропуст на акт сторен од државата. Може да се јави и индиректна жртва како членови на семејството кај правото на живот, потенцијална жртва која е изложена на ризик или директно погодена. Апликантот во текот на постапката може да го изгуби статусот на жртва.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

За што е надлежен Европскиот суд за човекови права?

A

Надлежноста на ЕСЧП се протега на сите прашања што се однесуваат на примената и толкувањето на Конвенцијата и нејзините протоколи.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Кое тело е надлежно да го надгледува извршувањето на пресудите на ЕСЧП?

A

Комитетот за министри е тело кое се грижи и го надгледува почитувањето на пресудите на ЕСЧП.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Дали ЕСЧП е надлежен да одлучува за меѓудржавни случаи?

A

Да, секоја држава страна на ЕКЧП може да се обрати до Судот за каква било наводна повреда на одредбите и протоколите од Конвенцијата од страна на др. држава договорна страна.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Дали ЕСЧП може да дава советодавни мислења?

A

Да, ако е доставено од страна на Комитетот на министри и ако се однесува на правни прашања во врска со интерпретација на ЕКЧП.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

На што е одговор усвојување Повелбата на ЕУ за основните права?

A

Одговор е на неопходноста да се зајакне заштитата на правата на човекот. Усвоена е на Самит во Ница 2000, изменета и дополнета е во 2007, составена е од 54 члена, систематизирани во 7 одделни наслови.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Што опфаќа Виенскиот механизам на ОБСЕ во насока на негување на човековите права?

A

Виенскиот механизам 1989 создава сет на процедури и тоа, државите да одговараат на барање на информации од страна на другите држави, да одржуваат билатерални состаноци од човековата димензија со други држави, секоја држава може да го сврти вниманието на друга држава во однос на човековата димензија, и да се разговара за човековата димензија на состаноци.

17
Q

Што опфаќа Московскиот механизам на ОБСЕ во насока на негување на човековите права?

A

Московскиот механизам воведува новитет, испраќање на мисија на експерти со цел да се помогне во негување на човековата димензија.

18
Q

Кои се надлежностите на Интерамериканската комисија за човекови права (ИАКЧП)?

A

Комисијата разгледува индивидуални петиции, потоа петиции од група на индивидуи. НВО ја набљудува состојбата на човекови права во државите-членки, и врши посета на лице место во државите членки, публикува извештаи и дава препораки.

19
Q

Опишете ги надлежностите на интерамериканскиот суд за човекови права.

A

Судот е надлежен да решава спорови, и да дава советодавно мислење во врска со толкување на ИАКЧП.

20
Q

Каква обврска презедоа државите со усвојувањето на Африканската повелба?

A

Со Африканската повелба државите членки на ОАУ презедоа обврска да ги признаат правата, обврските и слободите утврдени со Повелбата и да усвојат легислативни и други мерки со цел нејзина реализација.

21
Q

За што е создадена Африканската комисија за правата на човекот и народите?

A

АКПЧН е создадена за да ги промовира правата на човекот и народите, да обезбеди заштита на човековите права и да ги толкува одредбите на Повелбата.

22
Q

Што претставува малцинство?

A

Под поимот малцинство се подразбира група на луѓе кои по број се помалку од остатокот на населението во државата, чијшто членови-државјани на државата поседуваат етнички, религиозни, или јазични карактеристики различни од остатокот на населението, и покажуваат дури и имплицирано чувство на солидарност насочено кон зачувување на нивната култура, традиција, религија или јазик.

23
Q

Што утврдува член 27 од МПГПП во одност на малцинствата?

A

Утврдува дека во државите во кои постојат етнички, религиозни, јазични малцинства, луѓето кои што припаѓаат на такви малцинства нема да им биде одземено правото, во заедницата со останатите членови на групата да ја негуваат сопствената култура, да ја проповедаат и практикуваат сопствената религија или да го употребуваат сопствениот јазик.

24
Q

Кој е контролен механизам во насока на заштита на правата на малцинствата при Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства 1995 при Совет на Европа?

A

Како контролен механизам е Комитетот на министри, определен во четвртиот дел, а контролата се врши преку извештаи што државите ги доставуваат за имплементација на принципите усвоени во РКНМ.

25
За што е одговорен Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ?
Одговорен е за инструмент за превенција на конфликти во најрана можна фаза предизвикани од прашања во врска со националните малцинства. ВК е воспоставен на Самитот на шефови на држави или влади одржан во Хелсинки 1992.
26
Што предвидува член 1 од Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на националните или етнички, религиозни, и јазични малцинства 1992?
Член 1 вели дека државите преземаат обврска да го заштитат постоењето на таквиот идентитет, вклучително и да усвојуваат легислативни и др. мерки за остварување на ваквите цели.
27
Што се подразбира под дискриминација?
Под дискриминација се подразбира каква било разлика, исклучување, ограничување, повластување или привилегија, што се базира на било каква основа како раса, пол, боја, потекло, религија, политичко и др. мислење, национално или социјално потекло, имот, раѓање или друг статус, и што има за цел или ефект укинување или загрозување на признавањето или остварувањето од страна на сите лица, врз еднаква основа, на сите права и слободи. Таа може да биде директна или индиректна.
28
Кон кои принципи се базира меѓународно кривично право?
Принцип на индивидуална кривична одговорност, принцип на законитост и принцип на незастарување.
29
Кои се меѓународни злосторства?
Воено злосторство, злосторство против човештвото, геноцид, агресија, и друго како тероризам, тортура.