Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (применета) Flashcards
Кој за прв пат го употреби терминот меѓународно јавно право?
Терминот меѓународно јавно право, прв го употребил Џереми Бентам, заменувајќи ја дотогашната употреба на правото на народите.
Што поттикна да се создаде ООН?
Втората светска војна, по катастрофалнитее последици поттикна да се создаде ООН.
Дефинирајте формални извори на меѓународното право?
Формалните извори се однесуваат на постапките и методите преку кои правилата стануваат правно обврзни. Така формален извор на правото е процес преку кој правното правило влегува во сила.
Дефинирајте материјални извори на меѓународното право?
Материјални извори на правото се оние кои се однесуваат на суштината и содржината на правните обврски
Што се подразбира под кодификација на меѓународното право?
Под кодификација на меѓународното право се подразбира преобразување на обичајните правила во збир на пишувани правила, меѓусебно усогласени, кои имаат задолжителна сила за државите кои во неа учествувале и се изразени во еден инструмент.
Што се подразбира под кодификација на меѓународното право?
Под кодификација на меѓународното право се подразбира преобразување на обичајните правила во збир на пишувани правила, меѓусебно усогласени, кои имаат задолжителна сила за државите кои во неа учествувале и се изразени во еден инструмент.
Кои се традиционалните правни критериуми за постоење на државноста според Конвенцијата од Монтевидео 1933?
Традиционалните правни критериуми за постоење на државноста (Конвенција од Монтевидео 1933г.) се:
постојано население- нема лимит за минимален број и најмалку населените го имаат овој критериум, категорија државјанство
дефинирана територија-дефинирани и утврдени граници, конзистентна и поврзана територија врз која се врши власт, големината на територијата не е важна
Влада (Суверена власт)-државата да постои како стабилна политичка заедница која го поддржува правниот поредок на одредена територија
капацитет да влегува во односи со други држави (независност)-постоење на држава, индикација за важноста на признавањето од страна на другите држави, присуство или отсуство на правен капацитет
Кои се традиционалните правни критериуми за постоење на државноста според Конвенцијата од Монтевидео 1933?
Традиционалните правни критериуми за постоење на државноста (Конвенција од Монтевидео 1933г.) се:
постојано население- нема лимит за минимален број и најмалку населените го имаат овој критериум, категорија државјанство
дефинирана територија-дефинирани и утврдени граници, конзистентна и поврзана територија врз која се врши власт, големината на територијата не е важна
Влада (Суверена власт)-државата да постои како стабилна политичка заедница која го поддржува правниот поредок на одредена територија
капацитет да влегува во односи со други држави (независност)-постоење на држава, индикација за важноста на признавањето од страна на другите држави, присуство или отсуство на правен капацитет
Што се подрзбира под право на сувереност и независност на државите?
Право на сувереност и независност на државите-слободата на државите во рамките на општото меѓународно право да ги уредуваат своите односи (право на самоодбрана, трајниот суверенитет врз природните богатства, правото на склучување на меѓународни договори….)
Што се подразбира под правото на почитување на државите?
Право на почитување на државите-(достоинство, обележја, уставот внатрешното законодавство, државната валута.
Што претставува надлежност, а што меѓународна одговорност на државата?
Надлежност (јурисдикција) на државата во смисла на МЈП претставува нејзино овластување да ги уредува односите на нејзината територија преку донесување на правни правила и обезбедување на нивна примена. Таа е уредена со внатрешното и меѓународното право. Одговорноста е фунадаментален принцип во МП кој произлегува од природата на меѓународниот правен систем и од државниот суверените и еднаквост на државите.
Опишете ги преговорите како начин на решавање на споровите.
Преговори-најстар и најелементарен начин на решавање (доброволен) каде се почитува начелото на суверена еднаквост и ремноправност на државите кои се водат од овластени претставници кои настојуваат да изнајдарт решение за спорот. Директните преговори се водат повлечено далеку од очите на јавноста, трпеливо, МНР ги води. Се постигнува компромис врз основа на заемни отстапки, а јавното мислење може само да го компромитира спорот.
Опишете ги добрите услуги како начин на решавање на споровите.
Добри услуги-Кога страните не можат да го решат спорот поради заострени односи или прекин на дипломатските односи, по иницијатива на двете страни или од трета страна добрите услуги ги дава друга држава, меѓународна организација или истакната личност (пр. Генерален секратар на ОН). Давателот на добри услуги е неутрална и непристрасна страна во која станите имаат доверба. Третата страна настојува да ги спои двете страни да влезат во преговори. се среќава посебно со секоја од нив и прави атмосфера на помирување. Не дава предлози како да се помират туку само ги пренесува пораките. Кога ќе почнат да преговараат неговата ф-ја завршува
На што се однесува првата, а на што втората Женевска конвенција?
Првата женевска конвенција се однесува на ранетите и болните во оружени судири на копно, како и на оружен судир меѓу две или повеќе држави. Втората женевска конвенција за подобрување на положбата на ранетите, болните и бродоломциите на поморски оружени сили.
Што претставува принципот на дистинкција?
Принципот на дистинкција бара завојуваните страни да прават ралика меѓу хуманото население и борците.
Што претставува принципот на ограничување?
Принципот на ограничување се однесува на ограничување на средствата за војување (се мисли да се ограничи употребата на експлозиви или проектили полесни ов 400грама, ја одбива идејата на тотална војна)
Како резулат на што настанува „големиот проект“ на европско обединување?
голем проект“ на европско обединување * основачи:Германија, Италија Франција и земјите од Бенелукс * денес брои 27 држави * резултат на повоената конфротнтирана Европа како и на ривалството помеѓу Германија и Франција
Какви надлежности има Комисијата во рамки на ЕУ?
Комисијата: * извршни прерогативи како и * квази законодавни (ЕЗ со Договорот за ЕУ,), законодавна иницијатива кога се донесуваат актите на ЕУ (регулативи, директиви и одлуки), предлага донесување на актот, прифаќа импулси или задачи од другите институции, „мотор“ на интеграција, делигирани овластувања (самостојно донесување нормативни акти со кои се доработуваат законодавните акти донесени од Парламетот и од Советот) * квази судски -правилно спроведување на договорите, да тужи држава пред ЕСП поради повреда на правто на Унијата * (со најголем административен и стучен перонал * Надлежности: да иницира политики да дејствува како заштитник на договорите да ја застапува Унијата во надворешните односи со склучување на меѓународни договори.
Кава институција е Европскиот суд на правдата на ЕУ?
Европскиот суд на правдата задолжен за спроведување на правото на ЕУ * со текот на годините се наметна и како актер во создавањето на правото на Унијата (уште од ЕЗ), донесувајќи низ практиката на пресудување мошне значајни правила, неретко од консултативен карактер * во прв ред со т.н. општи принципи на правото на Унијата кои подоцна стануваа и дел од пишаното право на ЕУ
Што претставува делигирањето на овластувањата во рамки на ЕУ?
- Понекогаш постои потреба итно да се уреди материјата во областа на земјоделската политика на ЕУ или други политики. За таа цел постои т.н. делегирање на овластувањата за уредување на некое прашање од страна на Советот и Европскиот парламент.
Како е осмислена супрематијата на правото на ЕУ во нејзини рамки?
секоја одредба од националното законодавство која е спротивна на правото на ЕУ не треба да се применува од страна на националните судови секоја држава членка треба да настојува да ја стави настрана секоја одредба која го попречува правто на Заедницата националите судови се должни да одлучат по предмет откако ќе биде отстранета спротивната национална одредба и да ја применат соодветната одредба од ЕУ
Како го дефинираме зборот дипломатија?
Зборот „дипломатија“ ние ќе го употребуваме во смисла на дефиницијата дека: „Дипломатијата е управување со меѓународните односи преку преговарање; тие меѓународни односи се регулираат и управуваат со амбасадори и пратеници; под дипломатија ја подразбираме работата и вештината на дипломатите“. (Харолд Николсон)
Кои се дипломатските функции според чл.3 од ВКДП?
Чл.3 од ВКДО позитивно ги енумерира следните дипломатски функции: претставување, заштита, преговарање, набљудување, унапредување. Оваа енумерација е традиционална, но не и исцрпувачка.
Кои два лимити постојат во работењето на силата заштитничка?
Постојат 2 лимити во работењето на СЗ: прво СЗ во текот на вршењето на своите функции не е должна да работи против своите интереси и второ таа во процесот на делување не е обврзана да презема дејности кои би биле на линија на нарушување на нејзините односи со територијалната држава.