Меѓународно јавно и приватно право Flashcards
Извори на меѓународно право?
Од Статут на меѓународен суд на правда:
- Судот ги применува:
- меѓународни конвенции било општи или посебни
- меѓународен обичај како доказ на општа практика прифатена
- општи правни начела признати од цивилизациски народи
- судски одлуки и учења од најповикани стручњаци од разни народи - Судот може да решава спорови “ex aequo et bono” ако странките се согласат на тоа, и ако го побараат тоа. Ова не е извор туку насока за која судот може да се определи. Не се содржани актите на меѓународните организации.
Формални извори и материјални извори
Ф.И се однесуваат на постапките и методи преку кои правилата стануваат правно обврзани, значи формален процес преку кој правното правило влегува во сила.
М.И се оние кои се однесуваат на содржината и суштината на правните обврски. Ако функција на формален извор е да создава право функцијата на материјалните извори е да ја идентификуваат суштината на обврските кои станале право.
Меѓународни договори како извор на меѓународното право
Поим за м.н. договор:
- Дефиниран како спогодба склучена во пишувана форма помеѓу државите и е регулирана со меѓународното право. Правен акт кој е производ на согласноста на волјите на два или повеќе субјекта на МП изразена преку надлежни органи заради решавање на спорни прашања, создавање на реципрочни права и обврски или креирање апстрактни правни правила.
Договорите на МП се доброволни, обврзни, го кодификуваат постоечкото обичајно право и имаат еднаква обврзност со обичајното право.
Меѓународни обичајни правни правила
Според статут на Меѓународен суд на правда - м.н обичај е доказ на општата практика прифатена како право.
Елементи на обичано правно правило:
- практика на државите (договори, одлуки, национално законодавство…)
- траење на практиката - иако нема правило колку треба да трае, постојана практика е неопходна за да прерасне во обичајно правило
- конзистентност на практиката (постојаност и униформност)
- општост на практиката - да е практикувана од значаен број држави
- opinio juris - верување дека е обврзна
Општи правни начела
Статут на МСП:
- општите правни начела признати од цивилизациските народи. Позитивни правила прифатени од страна на сите или на мнозинство држави. Не се кодификувани па судот доаѓа до нив посредно преку посебна правно-техничка операција.
Пример; bona fide, pacta sunt servanda, vis major….
Судски одлуки
Статут на МСП:
- помошно средство за утврдување на правните правила.
Одлуките на МСП се обврзувачки само за страните во спорот и само за тој случај.
Одлуките на другите судови даваат важна евиденција за практиката на државите. (заштита на човекови права, имунитет, екстрадиција…)
Учења на најповиканите стручњаци
Помошно средство. Нивното дело може да биде материјален извор на правото.
Учењата имаат функција да ги систематизираат и толкуваат правилата на позитивното меѓународно право и да служат како водич во конституирање на нови правни правила.
Слабост е субјективизмот.
Начело на правичност “ex aequo et bono”
Статут на МСП:
- ex aequo et bono: вфз основа на она што е праведно и правично, но под услов странките да се согласат за тоа. Со ова го квалификуваат ова како извор на правото.
Правичност се разликува во контекст на 3 ситуации:
- infra legem - правичност во рамките на системот на позитивното право
- praetor legem - правичност која не е спротивна на правото
- contra legem - правичноста се поврзува со посебно овластување што судот го добил за да го решава нивниот случај ex aequo et bono
Еднострани правни акти на државата
Акти кои ги донесуваат надлежните државни органи со цел да произведат одредени меѓународно - правни последици. Може да произведат извори на обврски (изјави дадени од надлежни претставници, признавања, протести направени со намера да предизвикаат правни последици)
За да произведат меѓународно - правно дејство треба да се исполнети општите услови за полноважност на актите на МП:
- да се донесени од страна на надлежен орган
- да ја изразуваат стварната волја на државата
- да имаат правно дозволен промет
Акти на меѓународни организации
Голем број м.н организации кои се субјекти на меѓународното право, едностраните акти ги донесуваат врз основа на своите устави.
Тие не се овластени да донесуваат општообврзувачки правила на однесување за своите држави членки.
Можат да бидат:
- поединечни - насочени кон внатрешно функционирање на организацијата и кон поединечни држави
- општи - нужни за внатрешно функционирање на меѓународната организација
Меко право - soft law
Во понова теорија се смета дека за извор на м.н право може да се смета т.н меко право. Ова е група на меѓународни инструменти кои не се обврзувачки за државите како договорни одредби но сепак пропишуваат стандарди на однесување и создаваат нормативни барања. Мекото право не пропишува конкретни права или обврски туку опишува вредности, насоки идеи и предлози.
Тука спаѓаат:
-резолуции на генералното собрание на ОН
- доброволни кодекси
- општоприфатени меѓународни стандарди
- заеднички акти на владите и политички декларации
- договорни или обичајни норми
Хиерархија на изворите и jus cogens
МСП ги дели на главни и помошни.
Нема формална поделба на конвенциите но ги подредил по сукцесивен редослед и има некој вид на комплементарност меѓу нив.
Општи правни начела надополнуваат договорни и обичајно право, а судските одлуки и доктрина се дефинирани како помошно средство.
Правилото jus cogens е фундаментален принцип на меѓународното право од којшто не е дозволено отстапување. ( забрана за водење агресивна војна, геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства, заштита од ропство, трговија со робови, расна дискриминација, морско пиратство)
Кога jus cogens е содржана во договор или обичај таа има приоритет.
Кодификација на меѓународното право
Ова е преобразуваење на обичајните правила во збир на пишувани правила, меѓусебно усогласени, кои имаат задолжителна сила за државите кои во неа учествувале и се изразени во еден инструмент.
Кодификувани правила на меѓународното право кои се сметаат како свест на цивилизирано општество се задолжителни за сите држави.
Поим на субјективитет во Меѓународно јавно право
Поим:
-ентитет способен да ги врши меѓународните права и обврски кој има капацитет да ги оствари своите права преку поднесување меѓународни барања
Субјект на МНП е:
-носител на права и обврски
-одговорен за кршење на своите меѓународно-правни обврски
-способност во судска или друга постапка релевантна за меѓународно право, т.е да остварува право што му е признато
Субјекти на МНП се:
-држави, меѓународни организации, регионални организации, владини организации, јавни компании, приватни компании, поединци, и групи вклучени во меѓународен тероризам
Посебни видови на субјективитет:
-несамоуправни народи, држави во настанување, востаници и завојувани страни, народноослободителни движења
Државата како субјект во меѓународното право
Државата е најважна правна личност до Првата светска војна и единствен признат субјект во меѓународното право.
Правни критериуми за држава се:
-територија
-постојано население
-влада
-капацитет да влегува во односи со други држави
Меѓународни организации
МН орг. е самостојна организација заснована врз меѓународен договор, со свои постојани органи и меѓународно-правен субјективитет, основана ради соработка или решавање на одделни прашања од меѓународната заедница.
Поделба имаме на меѓународни владини и невладини организации. Субјект на МНП се само владините.
Субјективитетот на м.н организација се потпира на функциите што државите-основачи и ги довериле. Обемот на субјективитетот е различен и зависи од задачите кои се доверени.
Не можат да се јават како странка пред МСП но може да побараат советодавно мислење.
Положба на поединец во меѓународно право
Тесно поврзано со меѓународната заштита на човекови права. Државата ги застапува правата на поединците.
Поединецот:
-има директна индивидуална меѓународна кривична одговорност (воени злосторства, пиратерија)
-може да се појави како субјект во меѓународен спор против својата држава поради кршење на некои индивидуални права (ЕСЧП)
-при посебни случаи како сукцесии на држави може да го промени својот државјански статус (статус на бегалец, политички азил и сл.)
Основни права и должности на држави
Државите ги стекнуваат основните права и должности кога ќе се појават во меѓународната заедница.
Декларација на основни права и должности на државите:
-право на сувереност и независност т.е слобода на државите да ги уредуваат своите односи (право на склучување мн договори, право на самоодбрана, суверенитет врз природни богатства)
-право на еднаквост - еднаквост на државите во нивните меѓународни права и обврски
-право на почитување на државите
-обврска државите да се воздржат од закана и употреба на сила во меѓународните односи
-обврска за решавање на меѓународни спорови со мирни средства
-обврска да не интервенираат во внатрешните и надворешните работи на друга држава
-обврска државите да соработуваат согласно Повелбата на ОН
-обврска совесно да ги исполнуваат своите обврски согласно повелбата на ОН
Дипломатски начин за решавање на спорови
Спор е несогласност помеѓу два субјекти околу правни прашања или факти, конфликт на интереси или правни гледишта. Може да се правни и политички.
Споровите се решаваат на дипломатски, институционален или правосуден начин.
Дипломатски начин:
-преговори - најстар начин на решавање каде се почитува начелото на суверена еднаквост и рамноправност на државите кои се водат од овластени претставници кои настојуваат да изнајдат решение за спорот. Преговорите се водат далеку од очите на јавноста и се постигнува компромис врз основа на заемни отстапки.
-добри услуги - кога не можат да го решат спорот заради заострени односи или прекин на дипломатски односи по иницијатива од двете страни или од трета страна добрите услуги ги дава друга држава, м.н организација или остакната личност. Давателот на услуги е неутрална и непристрасна страна во која страните имаат доверба. Таа настојува да ги спои двете страни да влезат во преговори, и се сретнува со секоја поединечно правејќи атмосфера на мирење. Не дава предлози како да се помират туку само ги пренесува пораките.
-посредување - активно учество на трета страна со давање предлози и совети како да се реши спорот
-анкетни комисии - се создаваат кога страните во спорот имаат различен став за некоја фактичка состојба. Нивна работа е да ги осветлат фактите преку независна и совесна истрага.
-помирување - третата страна е непристрасна и кога страните не сакаат да преговараат, таа им помага да постигнат решение. Тие даваат предлог решение на спорот, но решенијата немаат обврзувачка сила за страните.
Правосуден начин за решавање на спорот
Во овој начин се носат задолжителни одлуки. Има два вида на процедура:
-арбитража - најефикасен и најправичен начин за решавање спорови кои не се решени по пат на дипломатија. Ова е судска, неополитичка истанца. СТраните можат да изберат арбитрери, да ги договорат процедурата и правото што арбитражниот суд ќе ги примени.
-Постојан арбитражен суд е составен од 300 члена. Секоја држава номинира максимум 4 арбитри, кои потоа го избираат претседателот.
-арбитражата не може да започне без согласност на страните. Согласноста на страните за процедурата и правилата како и за обврзувачката сила на одлуката се вика арбитражен компромис. Пресудите се задолжителни и конечни.
Меѓународен суд на правдата
Основан е во 1945 година врз основа на Повелба на ОН. Главен судски орган на ООН. Статут на судот е интегрален дел од Повелбата на ООН.
Составен е од 15 судии од различни држави, и има две фази - на кандидирање и на избор. Се избираат со мандат од 9 години со право на реизбор, а претседател и потпретседател со мандат од 3 години со можност за реизбор. Судот во полн состав е со 15 судии а за кворум се потребни 9 судии.
Има две надлежности - да решава спорови и да дава мислења.
Постапката: се започнува со соопштение или тужба. Има две фази - писмена и усна, во писмената се доставуваат поднесоци и противподнесоци на страните, реплика на тужителот и одговор на репликата. После ова се сослушуваат вештаци, застапници, адвокати, тужител, пред судот. Расправата е јавна, може да заврши со пресуда, повлекување на тужбата и порамнување.
За советодавно мислење се поднесува писмен поднесок до судот за прашањето за кое се бара мислење. Одговорот не е обврзувачки.
Развој на меѓународно хуманитарно право
Кај битката во Солферино загинати биле и ранети околу 40.000 жртви, а случаен сведок бил Анри Динан (таткото на меѓународното хуманитарно право). Ја напишал книгата Сеќавање на Солферино, од која испратил примероци до водечките политички и воени лица во Европа во тоа време. Дал два основни предлога:
-државите да формулираат принципи кои ќе даваат правна заштита на ранетите во военото поле
-да се основаат национални друштва кои во мирно време ќе подготват материјали и персонал за пружање медицинска помош на ранетите и болните во војна
Потоа во Женева е формиран комитет кој успева да ја убеди владата на Швајцрија да свика дипломатска конференција.
Анри Динан е основач на движење на Црвениот крст.
Женевска конвенција за подобрување на условите на ранетит во војските на бојното поле од 1864 година е обврска. Предвидува дека државите ќе вклучат во своите оружани сили медицински персонал и единици кои ќе бидат неутрални и неповредливи.
Заштита на ранети, болни и бродоломци
Ова е уредено со првата и втората женевска конвенција од 1949 година. Се однесува на сите ранети и болни лица без разлика дали се цивилни или воени лица и дали учествувале во судир или не. Протокол 1 ја проширува оваа заштита на жени на пораѓање и новороденчиња.
Првата ж.к е за ранети и болни во оружени судири на копно, како и оружен судир меѓу две или повеќе држави. Ќе се почитува санитетски и верски персонал, без дискриминација за болните и ранетите, а за жените со посебен обзир. Се преземаат сите потребни мерки да ги пронајдат и соберат ранетите и болните и да ги заштитат.
Втората ж.к за подобрување на положбата на ранетите, болните и бродоломците на поморските оружени сили е слична на првата, ранетите, болните и бродоломците ќе добијат заштита и ќе бидат третирани хумано без дискриминација. Должноста на страните е да ги пронајдат и засолнат ранетите, болните и бродоломците.
Заштита на воени заробеници
Регулирано со третата женевска конвенција. Се однесува на сите припадници на оружените сили кои ќе паднат во рацете на непријателот.
Поимот воен заробеник:
-припадници на вооружани сили на едната страна во судирот
-припадници на други милиции и доброволни единици
-припадници на редовни оружени сили кои припаѓаат на една влада или власт
-цивилни лица што се овластени да ги придржуваат оружените сили
-членови на екипаж на трговска морнарица и на цивилни воздухоплови
-население на неокупирана територија
Борците се разликуваат од цивилното население, немаат право на статус воен заробеник и доколку вршеле шпионажа исто така немаат право на статус воен заробеник.
Заробништвото започнува кога борецот е разоружан и престане да пружа отпор. Не може да се употребува физичка или ментална тортура. Ги евакуираат во заробнички логори каде што треба да имаат соодветна облека, исхрана, бесплатна амбуланта. Имаат право да работат но не смеат да ги тераат тоа да го прават, и не смее да е поврзано со воена операција. Може да одржуваат врска со својата држава и семејство.
Ова е привремена состојба која завршува кога завршува непријателството, и има право на репарација.