Sociologija Flashcards
Што е култура?
Претставува систем кој опфаќа знаења, верувања, уметност, морал, право, обичаи и други способности, умеења и навики кои човекот ги стекнувал како припадник на општеството.
Кој се двете фази на човечкиот развој
Првата фаза во која човекот е целосно зависен од природата.
Втората фаза каде човекот осознава за природните законитости и станува надмоќен.
Според антрополозите кога е настаната културата?
Според антрополозите, културата е настаната во моменот кога човекот станал независен од природата.
Што е култ?
боготворење/обожување на избрани животни, растенија од кои зависел човечкиот опстанок.
Што е опшество
Општество е систем од заемни односи кои ги поврзуваат луѓето во една структурирана целина, додека културата се однесува на вредностите, идеалите што и даваат значење на таа целина.
Што опфаќа културата
-конкретен систем на вредности кои правилно го насочуваат однесувањето на луѓето
-систен на симболи, со чија помош се остварува комуникацијата и им се дава значење на појавите и процесите во рамките на едно општество или помеѓу различни општества.(јазик, гестови, мотиви, идеи, предмети…)
-колективна меморија( генерациско искуство)
-норми и санкции со кои се реализираат вредностите и се птитат интересите на општеството.
Кога стануваат Зборовите, знаците, предметите стануваат симболи?
кога со нив можат да се објаснат предмети, појави кои можат да се видат, слушнат и допрат.
Што се симболи?
Симболи претставуваат знаци кои се замена на нешто друго.
Кога стануваат знакот предметот или звучниот сигнал симбол?
само ако луѓето се во состојба да ја сфатат смислата, значењето на знакот.
Што е говор?
Говор е општа способност на човекот да се изрази на артикулиран начин.
Што е јазик?
Јазикот е конкретна манифестација на способноста на човекот да се изрази на артикукиран начин.
Со што се објаснува допирот на културите во социологијата?
се објаснува со поимите акултурација и транскултурација.
Што се културни сличности?
Културни сличности се елементи кои се среќаваат во секоја култура.
Што постои во секоја култура?
граматички правила, некаква форма на брак и семејство, поим на убаво, религија, поглед на светот, вредносни системи и институции.
Што се културни разлики
она што во нашето општество се смета за добро, вообичаено и секојдневно во други општства може да се смета за невообичаено, несекојдневно.
Што е идентитет?
начин да се препознаеш себеси, какви погледи имаш на светот, какви вредности и норми почитуваш, како се однесувањ кон другите, но и да дознаеш што другите мислат за тебе.
Што е личен идентитет?
е оцена што ја дава поединецот самиот на себе.
Што е социјален идентитет
Социјалниот индентитет го покажува местото и улогата на поединецот во заедницата.
Етничкиот идентитет
ја определува припадноста на поединецот кон некоја етничка група.
Културниот идентитет што определува?
ја определува припадноста на поединецот кон некоја етничка група.
што претставува Културниот индентитет?
поединецот го стекнува како припадник на некоја култура.
Што е етноцентризам
Поради неможноста да се разбере туѓата култура и поради заштитата на сопствениот идентитет, често пати поединците ја величаат сопствената култура, а ја омаловажуваат културата на другите. Дури одат дотаму што на нив гледаат со потсмев. Eтноцентризмот е очекувана реакција која настанува во моментот кога културата се дели на „туѓа“ и „сопствена“, при што се јавува желба сопствената култура да се прикаже како повредна од другите.
Кој се причини за Етноцентризмот?
-Различно сфаќање на пораките при комуникација
-Јазикот
-Погрешното толкување на мотивите поради кои е почната комуникацијата
-Условите во кои се одвива комуникацијата
што е Културен релативизам?
Културен релативизам е сфаќање според кое сите култури се различни и еднакво вредни и ниедна култура нема право да проценува друга култура според сопствените критериуми.