био трајни Flashcards
Трајни ткива
Трајните ткива настануваат од меристемските ткива и извршуваат специфични функции за нормално одвивање на процесите во клетката.
Какви може да бидат клетките кај трајните ткива?
Клетките на трајните ткива може да бидат:
живи со малку цитоплазма и една или неколку вакуоли или
Мртви со промени во клеточните ѕидови специјализирани за одредени функции.
Зависно од функцијата која ја вршат трајните ткива какви може да бидат?
1Паренхимски – основни ткива
2Покривни- заштитни ткива
3Механички ткива
4Ткива за лачење
5Спроводни ткива
Основни – паренхимски ткива?
Паренхимските- основни ткива се прости трајни ткива изградени од еден вид на клетки
Тие ја исполнуваат внатрешноста на цело растение и во нив се сместени другите ткива.
Клетките на овие ткива се живи со малку цитоплазма, големи вакуоли и тенки клеточни ѕидови
Типови на паренхимски ткива?
-1Основен паренхим
2Апсорпционен паренхим- паренхим за апсорпција на вода и минерални материи
3Паренхим за фотосинтеза -хлоренхим
4Паренхим за складирање - резервен паренхим ( во семиња и во луковици, грутки, репи)
5Спроводен паренхим
6Паренхим за складирање воздух – аеренхим ( кај водени растенија каде има мала количина на кислород)
Основен паренхим?
Основен паренхим- основно градбено ткиво на секое растение
Паренхим за складирање?
може да биде шеќерен (шеќерна репка..),маслоносен (семе од сончоглед..), протеински (семе грав..),водоносен (кактуси, пустински растенија- сукуленти)
Паренхим за фотосинтеза- хлоренхим-
неговата функција е да врши фотосинтеза. Се означува хлоренхим бидејќи клетките се богати со хлоропласти. Кај листовите ова ткиво се наоѓа како палисадно и сунѓересто ткиво. Клетките кај палисадното ткиво се цилиндрични со хлоропласти и густо поредени,додека клетките на сунѓерестото ткиво се со неправилен облик ,посиромашни со хлоропласти и со меѓуклеточни простори.
Паренхим за складирање вода
Сукулентни растенија – со сочни и меснати листови кои живеат на топли и сушни места, Кај кактусите (fam. Cactaceae) стеблото е сукулентно
Спроводен паренхим-
пренесување на растворен материи на мали растојанија
Апсорпционен паренхим-
ова ткиво врши апсорпција на вода и минерални материи
Аеренхим
ткиво богато во меѓуклеточни простори кое служи за циркулација и складирање на воздух
Покровни ткива
Се наоѓаат на површината на растението
Имаат улога на:
Заштита на внатрешните ткива од надворешни влијанија
Се делат на :
Примарно покровно ткиво
епидермис
секундарно:
перидермис
Терциерно
мртва кора
Епидермис
епидермисот е изграден од епидермални клетки (цврсто припиени една до друга),трихомски клетки и стомини клетки. Во епидермисот,особенo на листовите се формираат стоми преку кои се врши размена на гасови и испарување на вода
Какви се ѕидовите кај епидермалните клетки?
Ѕидовите на епидермалните клетки се задебелени кон надворешната средина и се покриени со заштитен слој на кутикула, влакна (трихоми) и др.
Што е кутикулата
Кутикулата е масна материја скоро непропустлива за вода и гасови
Што се формира по едиермисот на некои растенија?
По епидермисот на некои растенија се формираат творби од влакна-емергенции ( капина)
Што се стоми
Стомите се изградени од две стомини клетки кои создаваат отвор на стомата или остиолум. Кај житните растенија покрај две стомини клетки има и две соседни клетки кои заедно го формираат стоминиот апарат или епидермален комплекс.
Клетките содржат и хлоропласти.
перидермис
Ги заштитува стеблата и корењата кај растенијата кои секундарно растат во дебелина (епидермисот отпаѓа и ја превзема улогата перидермисот)
Се создава со активноста на секундарното меристемско ткиво фелоген (корков камбиум)
Клетките на фелогенот се делат и одделуваат клетки кон надворешноста и внатрешноста во правилни низи.
Надворешните клетки изумираат и се слој од мртви клетки-корково ткиво или фелем
Внатрешните клетки се живи и формираат фелодерм
Лентицелите
Клетките на фелемот се непропустливи за вода и гасови па затоа се создаваат отвори - лентицели.
Лентицелите имаат облик на мали кратери од паренхимско растресито ткиво. .
Мртвата кора
Мртвата кора претставува слој од мртви ткива
Може на биде мазна или рапава
Механички ткива
Обезбедуваат цврстина и еластичност на растението со густо збиени клетки без меѓуклеточни простори.
Коленхим
Изградено од живи клетки нерамномерно задебелени.
Во стеблото и листот се наоѓа под епидермисот
Во зависност од задебелувањето на клеточните ѕидови има: аглест,плочест и ровкав коленхим.
Склеренхимско механичко ткиво-склеренхим
изградено од мртви клетки рамномерно задебелени.