MKD Flashcards
Што е барок?
Барок-збор кој значи неприроден и претерано накитен е стил во европската уметност и литература кој се појавил кон крајот на XVI и траел во целиот XVII век.
Под кое влијание е содржината на барокот?
Сорджината на литературата од барокот е под влијание на рефеудализацијата и противреформацијата
Што почнало да се менува?
Почнало во основа да се менува сфакањето на човекот кон животот и светот. Во овој период човекот се оттргнува од цркoвното учење кое налага човекот да е скромен и понизен. Бидејќи сметале дека животот поради неговото кратко траење трба да се живее на највисоко ниво и со голем раскош.
Што било прв план во делата?
Во делата на прв план било сликањето :
-Маки,
страдања,
болки,
ниски побуди на грозното и ужасното.
Што е каракеристичен белег на барокната литература
Карактеристичен белег на барокната литература е испреплетување на:
-Мистични,
алегорични и
натуралистички описи.
Со што се карактеризира барокот?
Се карактеризира со: -Крајна сложеност , мозаичност и необичност на формата и стилот во кој доминира огромен раскош и накитеност до степен на неразбирливост и занемарување на содржината.
Што доминирало во драмата?
Во драмата доминирала:
-Трагедија на ужасот, а сатирата била песимистичка, дури и трагична.
Во поезијата широка употреба имале?
Акростихот(почеток),телестихот(на крај), мезостих(на крај)
Основен белег на поезијата е стилската префинетост во која на мода биле?
-Мадригалот (песна во која се воспева идиличниот селски живот, пред се љубов меѓу овчари овчарки).-Сонетот (песна со утврдена форма од 14 стиха групирани во четири строфи првите две од по четири стиха -катрени и вторите две од по три стиха - терцини)-Романсата (мала љубовна песна наменета за пеење со придружба на инструменти).
Примери за зборови кој биле заменети со друго значење поради тоа што поетите сметале дека се прости?
За поетите зборот кошула бил прост и затоа го заменувале со изразот „сопатничка на живите и мртвите”, а зборот заб со „мебел во устата”.
Омилени стилски фигури на писателите биле?
Омилени стилски фигури биле:
-Метафора, перифраза, градација и хипербола.
Каде доживеал најголем расцут?
Шпанија, Италија и Франција
Кој се претставници на Барокот?
од Шпанија Луис де Гонгора и Лопе де Вега
од Италија Марино Џанбатиста
од Франција Д’Обиње
Што е Класицизам
Класицизам(за пример,совршен) е уметнички стил застапен во книжевноста, сликарството, скулптурата, архитектурата, театарот и музиката.
Кога се појавил Класицизмот и како резултат на што?
Класицизмот се појавил во втората половина од17 век во Франција како резултат на воведување на монархијата и апсолутистичката власт.
Кој се главни каракеристики на класицизмот се
1.Култ кон антиката- античкото творештво треба да биде пример и поттик за создавање
2.Совршенство на форма- писателите треба да се придржуваат на одредени литературни родови и видови без нивно мешање.
3.Заложување за возвишен говор, јасност и хармоничност на стихот со широк и софистициран вокабулар.
4.Инспирацијата е основен предуслов за уметничко создавање кое мора да биде поткрепено со знаење.
Литературните видови се делат на 3 групи(2 во учебникот)
Во високите спаѓаат епопејата, одата, химна и трагедија
во нив темите треба да бидат од историјата, од животот на кралевите и војсководците или од митологијата
Во ниските спаѓаат сатирата, басната и комедијата со теми од секојдневниот живот на обичните посмртни луѓе.
Француските претставници на класицизмот се:
Никола Боало
Пјер Корнеј
Жан батиста поклен молиер
Жан Расин
Лафонтен
Дела на Пјер корнеј
-Прво дело му е Поетски Смешки
-Комедијата Мелита или Лажни писма била изведена во Руанскиот Театар имала голем успех
Прва трагедија - „ Медеја” - нема успех па повторно ce Вратил на комедиите - „Комедија на илузиите”
- 1636 = „Сид” - трагикомедија, невиден успех.
- „На хорациј“ и „Цина“ - трагедии,
- “Полиект” и “Теодора - девица и маченица“ - верска тематика
- „Смртта на Помпеј” и “Лажливец” - историско-политички
- “Родогунда” - нов вид трагедија со сложена фабула
- Корнеј мислел дека фабулата во трагедијата треба да биде неверојатна што не било во согласност со правилата на класицизмот. Од овој вид се, “Икарија“ и “Дон Санчо Аргонски”