trgovsko pravo lekcii 9-14 Flashcards
5ki bratee
Што претсавуваат трговски книги? (Деф.)
Трговските книги се задолжително деловна евиденција (деловни книги) што ги водат правните и физичките лица кои самостојно и трајно вршат некоја дејност.
Кој има обврски да води трговски книги?
Трговските книги имаат обврски да водат сите трговци што се регистрирани во трговскиот регистар и вршат некоја дејност како на пример производство, тргоција, осигурување, шпедиција и слично.
Што се евидентира во трговски книги?
Во трговските книги се евидентираат сите трговски и правни работи што ги презема трговецот, сите настани што влијаат врз создавање на приходите и разходите на трговците.
Кои се коирсници на годишни сметки?
Корисници на годишната сметка се:
А)Содружниците во ДОО
Б)Акционерите на АД
В)Државата преку нејзините институции
Дефинирај што ја сочинува годишната сметка?
Билансот на состојба и билансот на успех што се изготвуваат на крајот од секоја деловна година заедно со финансиските извештаи, ја сочинуваат годишната сметка.
Кој врши ревизија на финансиски извештаи и каде се објавуваат?
Финансиските извештаи подлежат на ревизија (контрола) од страна на областено друштво ревизор. Тој поднесува извештај за извршената ревизија според меѓународните ревизорски стандарди кои се објавуваат во службен весник на Р.М.
Зошто т.д. осниваат подружници?
Т.д заради вршење на својата дејност надвор од своето седиште осниваат свои подружници (филијани, погони, итн…)
Во кои документи е содржана одлуката за оснивање подружница?
Одлуката за оснивање подружница може да биде содржана:
А)Во изјавата за оснивање подружница
Б)Со договорот за оснивање на ДОО
В)Со статутот на АД
Кои податоци би требало да ги има одлуката за основање на подружница?
Одлуката за оснивање подружница би требало да ги содржи податоците за дејноста, името на подружницата, раководителот, застапникот и неговите овластувања и слично.
Дали подружницата има својство на правно лице и дали може да постои без т.д.?
Подружницата нема својство на правно лице и не може да постои без т.д.
Каде се наоѓа седиштето на подружницата, и колку подружници може да има т.д.?
Седиштето по правило е надвор од седиштето на т.д., но може да биде и неодвоено во својот град.
Во кои случаи подружницата претстанува со работа?
Подружницата може да престане со работа во следниве случаи:
А)Со одлука на т.д. што ја основале подружницата
Б) Со престанок на постоење на т.д.
Преку што странските трговски друштва вршат своја дејност во Р.М.?
Странските трговски друштва за да вршат своја дејност во Р.М. треба да осниваат свое претставништво, но пред тоа мора да добие дозвола од надлежен орган во Р.М.(министерство за економија), а потоа тоа мора да ги почитува и да работи според законските прописи во Р.М.
Кое странско трговско друштво може да оснива претставништво во Р.М.?
Кој раководи со претставништвото на странското трговско друштво и колку време престојуваат во Р.М.?
За секое претставништво, с.т.д. именува свој застапник со постојано живеалиште во Р.М. што ќе раководат со нив.