Marketing - prvo trimesechie Flashcards
- Кои се инструменти на маркетинг микс и што значат тие?
- Инструменти на маркетинг микс се:
- Производ - се она што може да се понуди на пазарот за да предизвика внимание, купување, употреба или потрошувачка и може да задоволи некоја желба или потреба.
- Дистрибуција - ги вклучува активностите на компанијата кои прават производот да биде достапен на целните потрошувачи.
- Промоција - со промоцијата се создаваат поволни услови за настап на пазарот и се информираат потрошувачите за одделните аспекти на производот, a со тоа се влијае врз нивното понатамошно однесување во процесот на купување.
- Цена - игра важна улога во определување на маркетинг стратегијата. Постојат различни начини на определување на цената на производите - цената ќе зависи од квалитетот на производот и побарувачката на тој производ.
- Што значи маркетинг микс концепт?
- Маркетинг микс концептот - претставува филозофија на менаџирање со која се задоволуваат потребите на потрошувачите и корисниците, со превземање и координација на маркетинг активностите.
- Кои се ограничувачки фактори кај маркетинг микс концептот?
- Ограничувачки фактори кај маркетинг микс концептот се:
1. Потрошувач - фокусирање на потрошувачот и задоволување на неговите потреби е нагласено.
- Трошок - се подразбираат цените на факторите на производството кои се употребуваат за производството на определено количество од некој производ.
- Погодност - маркетерот треба да размисли за сите начини на кои потрошувачите ќе дојдат до производот.
- Комуникација - пожелно е да се користи комуникација наместо промоција на производи или услуги. Комуникацијата е поширок поим од промоцијата. Тоа му овозможува на продавачот да создаде интерактивна комуникација со потенцијалниот потрошувач.
- Како се дефинира маркетинг од микроекономски аспект, а како од макроекономски аспект?
- Од микроекономски аспект маркетингот се дефинира како специфична деловна политика која поаѓа од стојалиште на потрошувачот.
- Од макроекономски аспект маркетингот се дефинира како општествен процес.
- Кои се разликите во концептите? (Општо)
Концепт на производство – овој концепт е најстар и тука доминантна е производствената функција.
(Се смета дека потрошувачите ќе ги фаворизираат оние производи кои се достапни и поволни.)
Концепт на производ – се насочува кон производот и неговите карактеристики.
(Се смета дека потрошувачите ги фаворизираат оние производи кои се со: најголем квалитет, иновативност, ефект и карактеристики. )
Концепт на продажба – тргнува од идејата дека потрошувачите нема да ги купуваат доволно производите доколку компанијата не превземе одредени активности со кои ќе ја зголеми продажбата.
(Компаниите размислуваат како да ја зголемат продажбата на производите и на тој начин да остварат профит.)
Концепт на маркетинг – се согледува дека продажната ориентација дава само краткорочни ефекти, долгорочно гледано компаниите потребно е да направат целосна преориентација на работењето кон потрошувачот и неговие потреби.
- Маркетингот го опфаќа: истражувањето на пазарот, дистрибуцијата на производите до крајните потрошувачи, одредувањето на цените и промотивните активности.)
Општествен маркетинг концепт – е најнова филозофија на маркетинг менаџментот. Тргнува од сознанието дека е можно да се појават конфликти меѓу краткорочните желби на потрошувачите и нивната долгорочна благосостојба.
*Суштината на овој концепт е: да се насочат компаниите кон задоволување на желбите и потребите на целните пазари, но на таков начин кој ќе ја одржува и подобрува благосостојбата на потрошувачот и општеството во целина.
- Кои се 5 основни елементи на процесот на управување со маркетникг активностите?
Анализа на пазарните можности
Истражување и избирање на целни пазари
Развивање маркетинг стратегија
Планирање на маркетинг тактика
Преимена и контрола на маркетинг напорот
- Што опфаќа анализа на пазарните можности?
- Анализа на пазарните можности – претставува прва задача во процесот на управување со маркетингот. Основни фактори кои земаат предвид кога се согледуваат пазарните можности се :
Целите на компанијата
Нејзините силни и слаби страни
Силите кои делуваат во маркетинг околината
- Кој се карактеристики на елементот кој што е поврзан со целните пазари?
- Прво се спроведува истражување на маркетингот, а потоа се мери големината на вкупниот пазар. За да се избере целен пазар односно целна група на потрошувачи се сегментира пазарот.
- Што претставува сегментирање на пазарот?
- Сегментирањето е процес на поделба пазарот на сегменти (делови) според одредени критериуми.
- Од кои фактори зависи маркетинг стратегијата?
- Маркетинг стратегија – каква ќе биде стратегијата зависи од компанијата, условите во кои работи, пазарот, конкуренцијата, целите на компанијата и сл.
- Што значи маркетинг тактика и кои активности треба да се превземат?
- Тактика е начинот на реализација на стратегијата преку низа на маркетинг активности.
(Се определува кои активности ќе се превземат, кога ќе започне нивната преимена, кога ќе се реализираат.)
Основа за изработка на тактиката се: карактеристиките на инструментите на маркетинг миксот, односно се носат конкретни одлуки за производот, цените, дистрибуцијата и промоцијата.
- Зошто се врши контрола?
- Контролата е значаен елемент во маркетинг менаџментот преку кој се согледуваат разликите меѓу планираните и остварените резултати и е значајна за корекција и подобрување на процесот на управување.
- Кои се фази од процесот на управување со маркетинг активностите?
- Управувањето со маркетинг активностите поминува низ три фази и тоа:
1. Планирање на маркетинг-активностите
2. Организација на маркетинг-активностите
3. Контрола на маркетинг-активностите
- По кој редослед се одвива процесот на планирање и која е целта на маркетинг планот?
- Процесот на планирање се одвива по следниот редослед:
1. Анализа на состојбата на компанијата
2. Прогноза
3. Утврдување на цели, стратегии и тактики
4. Контрола - Цел: Со планирањето на маркетинг активностите се врши истражување и предвидување на потребите. Преку маркетинг плановите се обезбедува задоволување на индентификуваните потреби, а со тоа се овозможува остварување на раст на претпријатието.
- Која е целта на организацијата на маркетинг активностите?
- Со организација на маркетинг активностите се создава организациска структура со која ќе се обезбеди остварување на целите, деловната политика, стратегија, тактика, маркетинг-плановите и со која компанија ќе биде во состојба да ги реализира планските одлуки.