Ekonomija - 1vo trimesechie Flashcards
1
Q
- Што изучува економијата, т.е. кои се основните економски концепции за предметот на проучување на економијата?
A
-Во економската теорија гледано глобално, се разликуваат четири концепции за предметот на изучување на економијата, а тие се:
* неокласична концепција
* неомаргиналистичка концепција
* пазарна парадигма
* синтетичка концепција
2
Q
- Објаснете ја неомаргиналистичката концепција!
A
- Неомаргиналистичка концепција е втората концепција. Во нејзината основа се наоѓа фактот дека развојните ресурси (природните богатства, технологијата, капиталот, трудот итн.) се ограничени и ретки - што важи и за развиените и за неразвиените земји. Имено, ова наведува дека ако ресурсите - инпутите се ограничени, тие не можат да произведуваат неограничени добра - аутпути.
3
Q
- Што е тоа опортунитетен трошок?
A
- Со ограниченоста на ресурсите имаме и ограниченост во користењето и употребата на истите. Начинот на употреба треба да биде со резерва и правилен. Да се искористат ресурсите на најдобар и најкорисен можен начин, со искористување на некоја од можностите се губи друга и тоа претставува опурнитетен трошок.
4
Q
- Која е суштината на концепцијата за пазарна парадигма?
A
- Трета концепција е т.н. пазарна парадигма. Оваа концепција е со следната поставка: процесот на стопанисување се манифестира преку размената и пазарот. Пазарот е делот од економијата каде се случуваат сите битни активности. Таму, под дејство на понудата и побарувачката, се формираат цените на добрата и услугите, како и на факторите на производство. Испуштениот приход врзан за алтернативната употреба на ресурсот е опортунитетен трошок.
5
Q
- Објаснете ја синтетичката концепција!
A
- Синтетичката концепција е четврта и последна концепција за предметот на проучување на економијата. Нејзин основач е професорот Пол Семјуелсон, кој фактички настојувал да ги обедини претходно кажаните концепции. Тој мисли дека централниот економски проблем е идентичен за сите општества, а се изразува на следниот начин: што да се произведува, како да се произведува, за кого да се произведува?
6
Q
- Што е економија?
A
- Економијата е фундаментална економска наука која го изучува разместувањето, алокацијата на ретките и ограничени ресурси во точките на нивната најефикасна искористеност.
7
Q
- Кои се елементите во факторите на производство?
Труд
Капитал
Земја
Претприемништво
A
- Кои методи на економската наука ги користат економистите во своите анализи?
- Некои од тие методи се: опсервација, апстракција, индукција и дедукција, квантитативни методи на економската анализа.
8
Q
- Објасни ги методот на опсервација и апстракција!
A
- Апстракција е мисловен процес на раздвојување на битното од небитното. Ние во овој предмет зборуваме за економски процеси и појави кои се сложени и комплексни, па на нив дејствуваат голем број фактори. Затоа кога се испитува некоја сложена економска појава, треба да тргнеме од она што е важно, битно за појавата. При тоа да се апстрахираат факторите за кои се смета дека се помалку важни, за упростување на стварноста, за конструирање модели кои ја поедноставуваат стварноста.
9
Q
- Која е суштината на методите индукција и дедукција?
A
- Индукција е мисловен процес кој поаѓа од поединечното и се движи кон општото, а дедукција е мисловен процес кој поаѓа од општото и се движи кон поединечното. Односот меѓу овие два процеси е однос помеѓу опсервација на практиката и врз тоа, теоретско воопштување. По испитување и опсервација на поединечни економски појави, може да се направи дедукција, т.е. теоретско воопштување.
10
Q
- Што изучува микроекономијата како наука?
A
- Микроекономијата го испитува однесувањето на поединечна фирма, на одделни стопански сектори и на потрошувачите, како индивидуи во стопанскиот живот.
11
Q
- Што изучува макроекономијата како наука?
A
- Макроекономијата, пак, го испитува начинот на функционирање на вкупното стопанство. Ги анализира и ги изучува најсинтетичките економски агрегати: бруто домашниот производ и неговите движења, инфлацијата и невработеноста со нивните интеракциски односи, штедењето, инвестиците на ниво на државата, државниот буџет, дефицитот, суфицитот, платниот биланс, каматната стапка и друго.
12
Q
- Што е позитивна , а што нормативна економија?
A
- Позитивната економија ги утврдува стапките на раст на Бруто Домашниот Производ (БДП), движењето на стапките на невработеност, на инфлација итн. Нејзините заклучоци се јасни, реални и квантифицирани.
- Нормативната економија пак за разлика од позитивната, во анализите внесува етички и вредносни судови и критериуми. Нуди препораки базирани врз лични вредносни судови. Според неа, не се дискутира за тоа какви се појавите и фактите во реалноста, туку какви треба да бидат.
13
Q
- Што се инпути?
A
- Инпутите, најчесто се дефинираат како добра и услуги што ги користат стопанските субјекти - претпријатија во процесот на производство.
14
Q
- Што се аутпути?
A
- Аутпутите, пак, се добрата и услугите што се добиваат во процесот на производство со комбинација на инпутите.
15
Q
- Дали има разлика меѓу ресурси и фактори на производство?
A
- Во објаснувањето за инпутите-ресурсите (битна разлика помеѓу нив не постои), кажавме дека ресурсите со кои располагаат земјите се ограничени, релативно ретки. Меѓу другото тука се: рудите, енергетските извори, обработливите земјоделски површини, човечкиот труд, па дури и капиталот. Со реткоста на ресурсите се судираат и неразвиените и економски најразвиените земји. Оттаму произлегува дека кога ресурсите се ограничени и ретки, и производите и услугите што се произведуваат од нив се релативно ретки и ограничени.