6 Flashcards
Што се прокариоти
Организми кои во клетките немаат јадро. Днк е распространет низ цитоплазмата
Што се еукариоти
Организми со јадро
Кои организми спаѓаат во групата еукариоти
Сите од царствата на протисти, габи, растенија и животни
Кои се прокаритоти
Монера
Латинско име за монера?
Monera
Кои организми спаѓаат во царството монера
бактерии и модрозелени алги (цијано бактерии)
Какви можат да бидат бактериите според формата на телото
топчести, стапчести или спирални
Како се размножуваат бактериите
со проста делба
За колку време се делат бактериите
20 минути
Модрозелените алги се авто или хетеротрофуи
автотрофи. имаат хлоропласти и сами си создаваат храна
Кои организми спаѓаат во протисти
праживотни и алги
Што се протофити
Тоа се едноклеточни организми, алги, кои сами си создаваат храна како растенијата
Што се протозои
Едноклеточни животни, се исхрануваат хетеротрофно
Еуглена?
Се движи со камшик (флагелум) и се нарекува и камшикар. Таа е хетеротроф на темно, а автотроф на светлина. Содржи хлоропласти и може да врши фотосинтеза
Парамециум?
Се движи со трепки (цилии) и се наркеува и цилијат.
Амеба?
Се движи со лажни ножиња (псевдоподии).
Каде живеат протистите?
Мориња, реки, бари, тињи, а можат да живеат и во телото на други организми каде предизвикуваат болести
Маларијата е предизвикана од?
Plasmodium falciparum
Латинско име габи?
Fungi
Латинско име протисти?
Protista
Кога габите се однесуваат како микроорганизми?
Кога не се видливи со голо око, во фазата на размножување. Тогаш тие се спори
Размножување на габите
Спорите на габите се пренесуваат на големи растојанија со ветер или водни струи. Само кога спората ќе се најде на место со поволни услови за раст на габата, доаѓа до отворање на заштитната обвивка на спората. Кога ќе се случи ова, од спората излегува тенок конец наречен хифа, што веднаш почнува да се храни со храната во средината околу неа. Со исхраната, хифата расте и се создаваат голем број нови хифи. Со растењето на хифите се создава голема структура што се нарекува мицелиум, од кој со текот на времето израснува плодното телото на габата, на пример она што ние го нарекуваме печурка.
Мувлата и квасецот се дел од царството габи
да
Што е квасецот?
Квасците се микроорганизми во сите фази од нивниот животен циклус. Тие не создаваат хифи и кога се целосно развиени, се размножуваат со создавање копии идентични на себе. Новиот квасец во почетокот е закачен за телото на родителската клетка и се нарекува пупка. Затоа овој начин на размножување се нарекува и пупење.
Во кое царство припаѓаат вирусите?
Во ниедно
Латинско име за растенија?
Plantae
Латинско име за животни?
Animalia
Што е класификација?
Подредување на организмите во групи според нивните карактеристики и еволуциски врски
Хиерархиска поделба на организмите
царство -> тип -> класа -> ред -> фамилија -> род -> вид
На кои типови се дели царството на животни?
‘рбетници (Chordata) и без’рбетници (Non chordata)
Кои класи спаѓаат во типот без’рбетници?
Сунѓери, копривкари(жаркари), сплескани црви, валчести црви, прстенести црви, иглокожи, мекотели, членконоги
Латинско име за сунѓери
Porifera
Во каква форма можат да бидат сунѓерите?
Топчести, пехарести, разгранети
Клеточна организација кај сунѓерите?
Наједноставни ПОВЕЌЕклеточни организми. Немаат ткива
Размножување кај сунѓери?
Безполово (со пупки) и полово
Пренос на материи кај сунѓери?
Имаат отвори по телото низ кои влегува вода и потоа излегува низ главен отвор оскулум
Кој сунѓер служи за лична хигиена?
Далматинскиот сунѓер
Латинско име за копривкари?
Cnidaria
Клеточна организација кај копривкари?
Имаат едмноставни ткива
Какви клетки имаат копривкарите?
Жарни клетки околу устата кои пецкаат
Со што и како се хранат копривкарите?
Со ракчиња. Во меурчето на жарните клетки има отровна лигава течност што го парализира и убива ракчињата
За што служат жарните клетки?
За напад и одбрана
Како се врши размената на материи кај копривкарите?
Со дифузија. (немаат органи за дишење, циркулација, излачување) А изметот го исфрлаат преку устата бидејќи немаат цреваа
Кои животни се копривкари?
Медуза, корали, хидра
Сите копривкари водат прикрепен начин на живот?
Не, медузата не е прикрепена
Hydra oligactis
Кои животни спаѓаат во иглокожи
морска ѕвезда, крин, еж, краставица, змијулка
Каде живеат морските кринови?
Во длабочините, а остатокот од иглокожите поблиску до брегот
Клеточна организација кај иглокожи?
Имаат едноставни органи
Латинско име за иглокожи?
Echinodermata
Латинско име за мекотели
Mollusca
Со што е обвиткано телото на мекотелите?
Телото на мекотелите е обвиткано со покривка во вид на ципа наречена мантија чии клетки излачуваат варовота материја од која се изградени цврсти черупки.
Како се поделени мекотелите?
- полжави (лозов полжав, гол полжав, морски голи полжави)
- школки (со оклоп од два капаци)
- главоноги (октоподи и лигни)
Латинско име за членконоги?
Arthropoda
Со што е заштитено телото на членконогите?
Со хитин, кој го лачи кожата
Функција на хитинот?
Хитинот го заштитува телото од механички повреди и од губење на вода и прртставува надворешен скелет за кој се прицврстуваат мускулите.
Со што дишат копнените членконоги?
Со трахеи
Што се трахеи?
Трахеите се хитински цевки што настанале од кожата и се разгрануваат во телото до органите и ткивата. Трахеите странично од телото имаат отвори низ кои навлегува воздух.
Каков скелет имаат членконогите
егзоскелет
Како се поделени членконогите?
Пајаковидни, раковидни, инсекти, многуноги
Каде живеат сунѓерите?
Во солени и слатки води
Сунѓерите реагираат на допир?
Неточно, тие немаат нервен систем
Каде живеат копривкарите?
Солени води, ретко во слатки (бари, езера
Какви ткива имаат копривкарите?
Нервно, епително, мускулно
Како се поделени црвите?
Прстенести, Цевчести(валчести), плочести(сплескани)
Прстенести црви, латинско име
Annelida
Валчести црви, латинско име
Nematoda
Сплескани црви, латинско име
Platyhelminthes
Кои се плочести(сплескани) црви?
Планарии, метили и тении
Што се тениите?
Тие се паразити, немаат органи за варење, дишење и крвоток. Хранливи материи апсорбираат од телото во кое се наоѓаат
Каде живеат планариите?
Тие се самостојни црви. Живеат во потоците.
Какви можат да бидат тениите?
Кучешки, свински, говедски
Какво е телото на планарииите?
Дишат со цело тело кое е покриено со трепки. Имаат двострана симетрија а усниот отвор им се наоѓа на стомачната празнина
Метили?
Тие се паразити кои паратизираат во црниот дроб на говедата, овците и свињите
Кои се валчести (цевчести) црви?
Детската глиста
Тело на детска глиста?
За прв пат развиени органи за варење. Почнува со уста завршува со анален отвор. Нема органи за крвоток.
Размножување, детска глиста
Бесполово, со јајца
Кои се пртсенести црви?
Дождовен црв, пијавица
Тело кај дождовен црв?
Прв пат се појавува секундарна телесна празнина во која се сместени внатрешните органи и има затворен крвоток. Скалест нервен систем
Размножување кај прстенести црви?
Полово