dodaten 3 Flashcards
Дендрити кај сетилни неврони?
Тие се разгрануваат на едно место, функционираат како рецептори или приемници на дразби
Од што е создаден миелинот
Од посебни клетки кои создаваат Шванова обвивка(пивтиеста материја)
Како се нарекуваат просторите меѓу невроните, како се формираат и за што служат
јазли (нодии), кога Швановата обвивка е целосна остануваат простори меѓу клетките и имаат важна улога во брзината на пренесувањето на нервните импулси
Какви се ‘рбетните нерви?
мешани
напречен пресек на ‘рбетен мозок?
Во средината има сива маса(создава предни и задни рогови) околу која е сместена белата маса. Во средината на сивата маса има канал во кој е сместена мозочната течност.
Што е ганглија?
Збир на тела од нервни клетки сместени надвор од ЦНС.
Како се поврзани нервите со ‘рбетниот мозок?
Преку два рога на сивата маса. Во близина на задниот рог има ганглија низ која продолжуваат влакната на сензорните неврони
Како се формираат мешовитите нерви?
Сензорните неврони на задните и моторните на предните рогови во ганглиите се комбинираат и продолжуваат како мешовити нерви
Што ги дели двете мозочни хемисфери?
глабока бразда наречена надолжна пукнатина
Каква зона претставува меѓумозокот?
Зона меѓу мозочните хемисфери и ‘рбетниот мозок
Каква врска е мозочноот стебло и кој го составува?
Меѓу ‘рбетниот мозок и големиот мозок. Составено е од среден и продолжен мозок.
Со што е поврзан малиот мозок?
Со големиот мозок, ‘рбетниот мозок и мозочното стебло.
Со кој мозок не е поврзан малиот мозок
Со меѓумозокот
Надворешна обвивка на мозокот?
тврда, дебела и цврста, налегнува на коските на черепот
Средна обвивка на мозокот?
пајажеста обвивка
Внатрешна обвивка на мозокот?
мека, го покрива нервното ткиво на черепниот и ‘рбетниот мозок
Што е мозочната течност и функција?
Течност која кружиу ВО и ОКОЛУ ЧЕРЕПНИОТ и ‘РБЕТНИОТ мозок. Заштита на нервно ткиво од потреси, го снабдува ткивото со хранливи материи и ги зема штетните продукти