Југославија во Втората светска војна Flashcards

1
Q

Кога и како била нападната Југославија во Втората светска војна?

A

На 6 Април 1941г без објавување на војна од страна на Германија и Италија, била нападната Југославија. Нападот започнал со бомбардирање на поголемите градови (Белград, Загреб и Скопје), и навлегување на германско-италијанските војски помогнати од Унгарија, Романија и Бугарија.
Кралот и владата по неколку дена пребегале во странство, а за 12 дена Југославија била окупирана.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Како била поделена Југославија на окупациони зони?

A

По окупацијата, Германија присоединила дел од Словенија, скоро цела Србија, делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.
Италија го присоединила другиот дел од Словенија (со Љубљана), делови од Хрватска, Далмација, и Црна Гора.
По наредба на Италија, Косово заедно со Западна Македонија се приклучиле кон т.н Голема Албанија.
Бугарија го окупирала остатокот од вардарскиот дел на Македонија и југоисточна Србија

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Кој и кога го повел народот во борба против фашистичкиот режим во окупираната Југославија?

A

Во окупираните делови на Југославија, окупаторот поставил профашистички режими. Единствено КПЈ успеала да се снајде и да ги поведе народите на Југославија во вооружена борба против окупаторите и домашните предавници.
На 4 јули 1941г била донесена одлука за започнување на борбите

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Воените операции во Југославија 1941-1943?

A

Откако на 4ти јули 1941 се донела одлука за започнување на борбите - се кренале востанија - во текот на јули - прво во Србија, потоа во Црна Гора, Словенија , Хрватска и Босна и Херцеговина. На 11 октомври 1941 се кренало востание и во Македонија. По овие востанија, се создале и првите слободни територии, а партизанските сили се окрупнувале во чети, бригади, дивизии.
Во 1943 се воделе битките кај планината Козара и реките Неретва и Сутјеска.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Воените операции во Југославија 1944- 1945?

A

По капитулацијата на Италија во 1943, се создале услови за задавање на конечен удар на окупаторите. Но германската команда преземала повеќе офанзиви, а најпозната била - Коњички скок или Десантот на Дрвар, на 25 мај 1944. Но тие доживеале неуспех, а Тито со советски авион бил префрлен на островот Вис.
НОВ на Југославија, заедно со советската Црвена армија на 20 октомври 1944 го ослободиле Белград.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Како била ослободена Југославија?

A

На 20 октормври 1944 НОВ заедно со советската Црвена Армија, го ослободиле Белград. Последната голема офанзива на југословенската армија се случувала во март 1945г со пробивањето на Сремскиот фронт.
Иако Германија капитулирала на 9 мај 1945г, нејзините сојузнички формации продолжиле да се борат се до 15 мај 1945 кога биле уништени.
Така завршила НОВ во Југославија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Второто заседание на АВНОЈ - кога, каде и одлуки?

A

На 29 и 30 Ноември 1943 во градчето Јајце се одржало Второто заседание на АВНОЈ (Антифашистичко Веќе на Народното ослободување на Југославија), каде присуствувале делегати од цела Југославија.
Биле донесени одлуки за највисоки органи на власта, и решено Југославија да биде федерална држава од 6 републики. Македонија за прв пат била призната за држава, како и посебноста на македонската нација.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Формирањето на Нова Југославија?

A

На 7 март 1945 била формирана привремена влада на Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ): За претседател бил избран Тито.
Таа била признаена од сојузниците, а емигрантската влада (што избегала во странство), престанала да постои.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly