Грција во Втората светска војна Flashcards

1
Q

Грчко-Италијанската војна (1940-1941) ?

A

По окупацијата на Албанија, фашистичката Италија почнала се поагресивна политика кон Грција. Италијанската влада барала Грција да и отстапи одредени бази до крајот на војната, но Грција одбила. Владата на диктаторот Метаксас добила поддршка по првите воени операции.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Грчко-Германската војна

A

Германија во исто време со Југославија, ја нападнала и Грција на 6 Април 1941г. Кралот и грчката влада заминале во странство а генералите Цолакоглу, Бакос, и Де-местекас на 23 април потпишале капитулација на Грција.
Грчката војска сеуште пружала отпор на островот Крит, но со воздушен десант во мај бил окупиран.
Грција потпаднала под германска, италијанска и бугарска окупација, претрпела загуби во економијата, немало основни прехрамбени продукти и само во првите години умреле повеќе од 30.000 луѓе од глад.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Почетокот на антифашистичкиот отпор во Грција (ЕАМ и ЕЛАС)

A

Веднаш по капитулацијата, почнал антифашистичкиот отпор. Во 1941 по иницијатива на КПГ биле формирани:
- ЕАМ (Грчки ослободителен фронт) и
- ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска)
Велика Британија и СССР подржувале различни струи - В. Британија ги подржувала грчките либерални сили, а СССР прокомунистичките ЕАМ и ЕЛАС.
Македонското население исто така активно учествувало во воените операции во рамки на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Што се случило со договорот во Казерта?

A

Во 1944г со договорот во Казерта, грчките воружени сили се ставиле под англиска команда и В.Британија смеела воено да интервенира во Грција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Што се случилио со договорот во Варкиза во 1945г?

A

Со договорот во Варкиза меѓу КПГ, ЕЛАС и грчката влада се предвидувало разорожување на единиците на отпорот, да се организираат слободни избори за Уставотворно собрание, но не и политичка амнестија. Затоа - грчката влада спроведувала т.н бел терор против политичките противници а посебно против Македонците.
По договорот во Варкиза , грчките граѓански партии ќе ја преземат власта во земјата и со помош на В.Британија ќе ги потиснат прокомунистички ориентираните сили.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Последици од војната во Грција?

A

Во текот на Втората светска војна , Грција претрпела големи економски и човечки загуби.
Повеќе од 30.000 умреле од глад, повеќе од 16.000 загинале во воените операции, а повеќе од 7.000 загинале во бомбардирањата.
Евреите кои живееле во Грција биле депортирани во германските логори.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly