Втората Светска војна - Општо Flashcards

1
Q

Од кога до кога траела Втората светска војна, и кои биле причините?

A

Втората Светска војна траела од 1939 до 1945 година. Се јавила како последица на спротивностите меѓу големите империјалистички сили. Германија, Италија и Јапонија не биле задоволни од одлуките на Версајскиот мировен договор, изгубиле територии и плаќале големи оштети. Затоа сакале нова поделба на светот по пат на војна.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Кога и како се формирал Тројниот пакт?

A

Во Октомври 1936г Германија и Италија формирале воен сојуз, а во 1940г се придружила и Јапонија. Така се формирал блокот/Оската на фашистички сили Рим-Берлин-Токио наречен и ТРОЕН ПАКТ.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Зошто и кога потпишала Германија договор со СССР?

A

Во Август 1939г Германија потпишала договор за ненапаѓање со СССР за да избегне војна на два фронта.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Опиши кои освојувања се случиле пред почетокот на Втората Светска војна?

A

Италија во 1935г ја окупирала Етиопија.
Јапонија во 1931г ја нападнала Кина и ги окупирала областите кои и биле одземени по Првата светска војна.
Германија во 1938 ја присоединила кон себе Австрија, и ја окупирала Чехословачка.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Кога и како започнала Втората Светска војна?

A

Втората Светска војна започнала со напад на Полска на 1 Септември 1939г. За кратко време, Полска била окупирана од Германија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Опиши го текот на Втората светска војна од 1939 до 1941?

A

По Полска, Германија ги освоила Данска и Норвешка (министерот Квинслинг Ваткун, ги предал позициите на норвешката војска (квинслинг = предавник)). Потоа Германија ја нападнала Франција, ги окупирала Белгија, Холандија и Луксембург.
Војната се раширила во Африка - биле заземени - Тунис, Алжир и Мароко, а напднат бил Египет. В.Британија била нападната, но се одбранила. По ова, Германија во 1941г ја нападнала СССР ( и покрај договорот за ненапаѓање).
На 6ти Април, Германија ја нападнала Југославија.
Кон крајот на 1941г, војната се проширила и на Далечниот Исток,а на 7 декември, Јапонија ја нападнала американската морнарица во Перл Харбур. САД затоа и објавила војна на Јапонија.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Опиши го текот на Втората Светска војна од 1942 до 1945?

A

Германија во нападот на СССР стигнала до Сталинград. Големи битки се воделе кај реката Волга. Антифашистичките сили победиле кај Сталинград, и германската војска почнала да се повлекува.
На Африканскиот фронт, германско-италијанските војски во пролетта 1943 претрпеле порази, Италијанските сили биле протерани до Сицилија. Италија капитулирала во Септември 1943 а Мусолини бил затворен.
Советската армија ги ослободила скоро сите земји од Источна Европа, и до есента 1944 стигнале до границите на Германија.
Од западниот фронт, сојузничките војски стигнале до западните граници на Германија, ослободувајќи ги Франција, Белгија, Луксембург.
По Кримската конференеција, антифашистичките војски навлегле од сите страни во Германија, и ја принудиле да капитулира на 9 мај 1945г. Хитлер извршил самоубиство.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Зошто и кога се одржал состанокот во Техеран (Иран)?

A

Во Техеран во ноември 1943 се одржал состанок и се постигнал договор за понатамошните воени операции на антифашистичките сили за да ја принудат Германија на капитулација.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Кога капитулирале фашистичките држави?

A

Италија капитулирала во Септември 1943г
Германија капитулирала на 9 мај 1945г
Јапонија капитулирала на 2 септември 1945г по фрлањето на двете бомби во Хирошима и Нагасаки.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Каков бил карактерот на Втората светска војна и кои биле последиците?

A

Втората светска војна почнала како империјалистичка - за освојување на нови територии, но продолжила како ослободителна за сојузничките/антифашистичките сили.
Во војната учествувале 61 држава, и загинале 50 милиони луѓе, а биле нанесени и огромни материјачни штети.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly