целосен испит Flashcards
Наведи ги појавите што се застапени кај не-њутнови временски зависни реолошки системи.
**Тиксотропија **
- (намалување на вискозноста привремено при проток во систем што мируваше)
Антитиксотропија
- (зголемувањето на напонот на смолкнување доведува до намалување на проточноста на системот)
Реопексија
- феномен кога цврстите диспергирани честички при
благо мешање побрзо формираат гел
Топлината на неутрализација на слаба киселина со силна база е _ _ _ _ _ _неутрализација на силна киселина со силна база.
- Ништо од наведеното
- помала од
- поголема од
- ендаква на
помала од
Наведи примери на примена на процесот на дифузија во фармацијата
- дисолуција на активните компоненти од таблетите, прашоците и гранулите;
- лиофилизација, ултрафилтрација и други механички процеси;
- (не)контролирано ослободување на активни компоненти од таблети, капсули,
прашоци, масти, супозитории; - транспорт на водена пареа, гасови, активни компоненти низ филм- обвивки,
трансдермални системи и имплантанти; - пермеабилност и дистрибуција на молекулите на активните компоненти во
ткивата на организмот.
Во табелата се дадени парните притисоци на неколку алкохоли на температура од 20“. Објасни на што се должат ниските вредности на парните притисоци, како и разликите помеѓу нив? Имајќи ги во предвид вредностите на парните притисоци, кој алкохол ќе има највисока температура на вриење?
https://prnt.sc/IERrfPTxu4ZC
Ниските вредности на парните притисоци заедно со разликите се должат поради интермолекулските сили или водородните/Ван дер Валсон-ови врски во нашиот случај. Највисока температура на вриење ќе го има алкохолот со најнизок парен притисок, односно бутанол
Полиморфизам (дефиниција, класицификација, стабилност на полиморфни форми).
феномен каде супстанцијата може да се јави во два или повеќе кристални облици, но се јавува во иста состојба (фаза) .
класификација
Полиморфните форми се класифицираат во две форми:
- Енантиотропи ( трансформацијата е реверзибилна )
- Монотропи ( немаме реверзибилна трансформација )
стабилност
- полиморната форма со најниска слободна енергија е најстабилна.
Дефинирајте го законот за растварање на цврсти супстанции.
имаме два процеси
1. сублимација ( директна конверзија )
2. прво топење после испарување ( индиректна конверзија)
За кои системи велиме дека имаат дилатантни реолошки карактеристики (дефинирај, наведи примери).
Кај дилатантните системи со зголемување на брзината на смолкување се зголемува трињето меѓу честичките што ни дава поголема вискозност
- суспензија од пченкарен скроб во вода
- жив песок
Кои методи се користат за определување на молекулската маса на неелектролитите и од што зависи изборот на методот?
- преку намалување на напонот на пара
- преку покачување на температурата на вриење
- преку намалување на температура на мрзнење
- преку осмотски притисок
Примена на самите методи зависи од бројот на честичките на растворот во растворувачот а не од природата или големината.
На кој начин може да се промени внатрешната енергија на системот:
промената на внатрешната енергија се случува кога системот преминува од една во друга состојба, односно по првиот термодинамички закон: ∆U= q - w
ΔU е промена на внатрешната енергија
q претставува количество енергија
w е количина на енергија што системот ја губи преку вршење на работа на околината.
Дефинирај адијабатски процес и определи кој од следните искази се однесува за адијабатски процес:
а) dU = dQ
b) dU = dW
v) dU = dQ + dW
Адијабатски процес е процес кој се одвива без топлинска размена меѓу системот и неговата околина, значи потребно е системот да биде изолиран.
Во текот на адијабатски процес имаме промена на температурата но ΔQ=0, затоа имаме ΔU = ΔW
Каков вид на кристална решетка имаат следните супстанции и која од нив има најниска точка на вриење?
1. калциум хлорид
2. глукоза
3. дијамант
4. јод
5. калај
3 - атомска
1 - јонска
5 - метална
4 - молекулска
2 - атомска
калциум хлоридот ќе ја има највисоката точка на вриење бидејќи има јонска структура
додека јодот ќе ја има најниската точка на вриење бидејќи генерално молекулските врски имаат ниски до средни Тт
Ист волумен од одредена течност е ставен во три исти сада на температура од Т1, Т2 и Т3,
соодветно. Ако Т1 < Т2 < Тз, во кој од садовите течноста ќе има најнизок парен притисок?
(образложи го одговорот)
Најнизок парен притисок ќе го има садот Т1 бидејќи како се зголемува температурата така повеќе се движат честичките што овозможува полесен премин во гасна фаза, што значи повисок парен притисок.
Видови на вискозиметри. Од што зависи изборот на видот на вискозиметар?
Капиларен, кугличен, ротационен, пенетрометар
- Капиларен вискозиметар служи за определување на вискозноста на идеалните њутнови системи преку потребното време на флуидот да протече низ цевка со определен пречник.
- Кугличен вискозиметар го мери времето на паѓање на топка низ цевка исполнета со испитуваната течност, при константна температура.
Фактори кои влијаат при изборот на видот на вискозиметар:
1. дали инструментот работи работи на една вредност (вискозиметар во една точка) или работи на повеќе вредности (вискозиметар во повече точки)
- вискозиметар во една точка е за њутнови системи, а останатите се за не-њутнови
Наведи ги факторите од кои што зависи вредноста на Хенриевата гасна константа на еден гас.
Зависи од 4 фактори:
1. природата на гасот
2. природата на растворувачот
3. температура
4. притисок
Дефинирај ги процесите дијализа и осмоза. За какви процеси, од термодинамички аспект, станувa
збор?
осмозата е движење на водата низ полупропустлива мембрана додека дијализата е одвојување на растворени материи врз основа на нивната големина или полнeж низ мембраната.
Од термодинамички аспект станува збор за спонтани процеси (иако кај дијализата треба да се внесе малку енергија за процесот, самиот процес е спонтан)
Bo ендотермна реакција важи релацијата:
1. ништо од наведеното
2. Er = Ep
3. Er < Ep
4. Er > Ep
3
Дефинирај го Рауловиот закон. За каков тип на отстапување од Рауловиот закон станува збор доколку при мешање на две течности се абсорбира топлина?
Во идеален раствор парцијалниот притисок на лесноиспарлива супстанција е еднаков на притисокот на испарување на чистата компонента помножен со нејзиниот молски удел во растворот. (Pa = P*a x Xa)
Ако имаме апсорбција на топлина при мешање на две течности тогаш имаме позитивно отстапување, бидејќи потребно ни е енергија за раскинување на оригиналните врски, се апсорбира топлина и на крај новите врски ќе испаднат послаби од оригиналните што значи новите врски тешко ќе го одржат системот во течна форма.
Прв Фиков закон (дефинирај, напиши формула).
ја опишува брзината на дифузија во некоја рамнина х, при постоење на концентрациски градиент во правец на х.
J = −D dC / dx
D претставува коефициент на дифузија
C е концентрација
x е растојание на движењето кое е нормално на
површината на бариерата.
Според реолошките карактеристики на прикажаните системи, на кои системи припаѓаат кривите на графикот?
https://prnt.sc/HDRc-S4wwOWQ
2 - њутнов систем
3 - дилатантен
1 - псевдопластичен
Наведи ги факторите од кои зависи големината на дифузијата на супстанциите?
- пропустливост на мембрана
- големина на мембрана
- концентрациска разлика од двете страни на мембраната
- разлика во притисоци