прв колоквиум Flashcards

1
Q

Во табела се дадени вредностите на површинскиот
напон на неколку супстанци на температура од 20°С. Која
од овие супстанци ќе има најниска температура на
вриење? (образложи го одговорот)

https://prnt.sc/8FK-L9Mhq_ea

A
  • Најниска температура на вриење ќе има супстанцата која на температура од 20°С има најмал површински напон, а тоа е диетилетер.
  • температурата на вриење и површинскиот напон зависат
    правопропорционално, значи со зголемување на површинскиот напон се зголемува и Тв.
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

На дадениот фазен дијаграм, одреди на што овие точки одговараат.

https://prnt.sc/UMdOtRUlNSqd

A
  • Линиите во овој график се нарекуваат фазни граници и ги претставуваат вредностите на притисокот и температурата на кои двете фази на супстанцата постојат во рамнотежа.
  1. Критична точка. Температурата и притисокот се наречени критична температура и/или притисок. Над оваа точка супстанцата е во гасовита состојба и неможе да стане течна
  2. Одговара на притисокот и температурата каде супстанцата е течна
  3. Тројна точка. Тука сите фази на супстанцата се наоѓаат во рамнотежа
  4. Одговара на премин од цврста во гасовита состојба (низок притисок и ниска температура)
  5. Одговара на премин од цврста во течна состојба (треба висок притисок и висока температура)
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Дефинирај го поимот енталпија и напиши формула

A

Енталпија претставува функција на состојбата на системот односно како содржина на топлина. H = U + PV

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

На што се однесува Ван дер Валсовата равенка?
Дефинирај и напиши формула.

A

Ван дер Валсовата равенка се однесува на реалните гасови на ниски температури и високи притисоци. Реалните гасови отстапуваат од равенката на идеален гас па затоа со оваа равенка правиме промени на притисокот и волуменот
(P + a/V²) * (V-b) = RT кога n=1
(P + n²a/V²) * (V-nb) = nRT кога n е различно од 1

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Етанолот има најголем моларен топлински капацитет во:
- секаде е ист
- олимписки базен
- чаша
- мал базен

A

Олимписки базен

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Образложи под кои услови процесите што се
проследени со намалување на ентропијата, можат да се
одвиваат спонтано?

A

Доколку ΔH<0 и ΔS<0, процесот ќе се одвива спонтано само при температура на која |TΔS| < |ΔH|. Тоа значи дека ако имаме реакции под таа специфична температура, тогаш единствено само тогаш ќе бидат спонтани

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Во табелата се дадени парните притисоци на неколку
алкохоли на температура од 20°С. Објасни на што се
должат ниските вредности на парните притисоци, како и
разликите помеѓу нив? Имајќи ги во предвид вредностите
на парниот притисок, образложи кој од алкохолите ќе има
највисока температура на вриење.

A

Ниските вредности на парните притисоци се должат поради интермолекулсите сили или водородните врски во нашиот случај. Разликите се должат поради различните Тв на алкохоливе. Највисока температура на вриење ќе го има алкохолот со најнизок парен притисок, односно бутанол

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Образложи што претставува суперкритична течност и
наведи ги нејзините својства

A

Суперкритична течност е флуидот кој што поседува особини и од гас и од течност над критичната температура
- проточни својства како кај гасовите
- растворливоста слична на течностите
- вискозноста е поблиску до гасовите
- бидејќи површинскиот напон е 0, може да ја накваси било која површина

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Дефинирај изотермен процес и определи кој од
следните искази се однесува за изотермен процес:
а) ΔU=0;
b) ΔW=0;
v) ΔQ=0

A

Изотермен процес е процес во кој системот се одржува на
константна температура. За да имаме размена на енергија со околината треба да биде отворен/затворен. Па затоа ΔU=0

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Применувајќи го Gibbs-oвото правило за фази,
определи го бројот на независни термодинамички
големини кои се потребни за да се дефинира
термодинамичката состојба на раствор на сол во вода.

A

F = C – P +2
Р= 1 (еднофазен - хомоген систем)
С= 2 (двокомпонентен систем: сол и вода)
=> F= 2 – 1 + 2 = 3 (независни термодинамички големини)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Дефинирај го поимот алотропија и наведи примери

A

Појавата на еден елемент во повеќе облици е алотропија
- дијамант и графит
- ромбоиден и моноклиничен сулфур

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Како ќе гласи првиот закон на термодинамиката при
адијабатски процес (објасни и напиши формула)?

A

во текот на овој процес ниту влегува топлина во системот, ниту пак топлина го напушта системот. Тоа значи системот е изолиран. Во текот на процесот имаме промена на температурата но ΔQ=0 па затоа

ΔU = ΔW

При адијабатска компресија, ΔU>0, а при адијабатска
експанзија ΔU<0.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Промена на топлината во равенката:
H⁺(aq) + OH⁻(aq) -> H2O (l); ΔH= - 13.7 kcal, претставува:
а) топлина на формирање на јони
б) топлина на растворање
в) топлина на неутрализација
г) топлина на дисоцијација на јони

A

в) топлина на неутрализација

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Молекулски кристали (својства, видови на привлечни сили, примери)

A

Молекулски кристали се кристали составени од молекули, при што врските меѓу атомите во молекулите се ковалентни, а врските меѓу молекулите се резултат на постоење на Ван дер валсови сили.
Својста:
- ниска тврдина,
- ниски точки на топење и
- лесна испарливост

Во оваа група спаѓаат органски соединенија, инертни гасови, јодот итн.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Определи ја стандардната промена на енталпијата на
реакцијата на согорување на метан на 25°С.
CH4 (g) + 2 O2 (g) -> CO2 (g) + 2 H2O (l)
ΔHf°[CH4(g)] = - 17.889 kcal/mol
ΔHf°[CO2(g)] = - 94.052 kcal/mol
ΔHf°[H2O(l)] = - 68.317 kcal/mol

A

Решение:
ΔH25°C = [(CO2) + 2*(H2O) – (CH4)] = - 212.797 kcal

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Образложете која од наведените реакции е
ендотермна, а која егзотермна
а) Вашите раце се ладат кога држите вода во цврста агрегатна состојба
б) Снег се топи во рака кога го држите
в) Сладоледот се топи на собна температура

A

A) ЕГЗОТЕРМНА (oвде системот се рацете, оддаваат топлина
и се ладат)
b) ЕНДОТЕРМНА (овде снегот е системот, прима топлина и се топи)
c) ЕНДОТЕРМНА (овде сладоледот е системот, прима топлина и се топи)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
17
Q

Поделба на течности според видот на честички.
Наведи во која група на течности спаѓа секој од
наведените примери:
1. Етиламониум нитрат;
2. Течен аргон;
3. Бутанол.

A

Според видот на честичките, течностите се делат на: молекулски, атомски и јонски.

  1. Јонска
  2. Атомска
  3. Молекулска
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
18
Q

Поделба на својствата (особините на физичкохемискиот систем) и нивни основни карактеристики. За
секое од наведените својства, определи дали станува
збор за интензивно или екстензивно својство:
моларност, количество супстанца, топлински капацитет,
површински напон.

A

Тие се делат на
1. Интензивни својства ( не зависат од големината на системот)
2. Екстензивни својства (зависат од големината)

Моларност и површински напон - Интензивни
Количество и топлински капацитет - екстензивни

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
19
Q

При кои реакции ентропијата се намалува (заокружи):
а) CO3(s) -> CaO(s) + CO2(g)
б) H2O(l) -> H2O(g)
в) Pb(NO3)2(aq) + 2KI(aq) -> PbI2(s) + 2KNO3(aq)
г) N2(g) + 3H2(g) -> 2NH3(g)

A

Под в и г се намалува бидејќи
в) имаме премин од две течни состојби во течна и цврста состојба
г) имаме помалку но посложени молекули од страната на продуктите

а) не се важи бидејки преминува од цврста во цврста и гасовита, а гасовити имаат поголем неред
б) има премин од течно во гасовита, поголем неред

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
20
Q

Дефинирај го Хесовиот закон за константна топлина:

A

Промената на енталпијата при const P и V е иста без разлика дали тече во една или повеќе фази. Од ова заклучуваме дека термохемиските реакции можат да се: собираат, одземаат и множат како обични алгебарски равенки.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
21
Q

Што претставуваат Лондоновите дисперзиони сили и
кои фактори имаат влијание на нивниот интензитет?

A

Тоа се привлечни сили меѓу моментален и индуциран дипол. Тие се најслабите интермолекулски сили. Овие сили зависат од:
- поларност на молекулите
- обликот на молекулите
- нивната молекулска маса.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
22
Q

Наведи ги условите под кои реален гас може да се
покори на Клаузиус-Клајпероновата равенка?

A

Реален гас може да се однесува како идеален гас само при ниски притисоци и високи температури

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
23
Q

Ист волумен од одредена течност е ставен во три
идентични лабораториски садови поставени на
температура Т1, Т2 и Т3, соодветно. Ако Т1<T2<T3, во кој
од садовите течноста ќе има најнизок парен притисок?
(образложи го одговорот).

A

Најнизок парен притисок ќе има Т1бидејќи со зголемување на температурата, се зголемува движењето меѓу честичките и така полесно може течноста да помине од течна во пареа, зголемувајќи го парниот притисок

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
24
Q

Која од наведените величини, секогаш има негативна
вредност?
- топлина на растворање
- топлина на формирање
- топлина на хемиска реакција
- топлина на согорување

A

Топлина на согорување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
25
Q

Дефинирај го поимот калориметрија и образложи која
е разликата помеѓу калориметрите што работат под
константен притисок и константен волумен.

A
  • Калориметрија е постапка на мерење на ослободената или
    апсорбираната топлина во тек на реакцијата, преку промена на температурата. Инструментите со кои се врши мерењето се викаат калориметри. Има два основни типови
    калориметри:
  1. калориметри кои мерат под константен притисок – ја мерат промената на енталпијата
    P=const -> q=ΔH
  2. калориметри кои мерат под константен волумен
    (калориметриска бомба) – ја мерат промената на внатрешната енергија
    ΔV=0 -> PΔV=0 -> W=0 -> q=ΔU
How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
26
Q

Дефинирај го поимот критична температура и
образложи на што се должи разликата во вредностите на
критичната температура помеѓу водата (Тс=647 К) и
хелиумот (Тс=5.2 К)

A

Критична температура е температура над која гасот не може да се преведе во течност, односно гасот не може да кондензира

Високата вредност на критичната температура на водата се должи на силните диполарни сили меѓу молекулите и постоењето на водородна врска.

Ниската вредност на критичната температура кај
хелиумот е резултат на слабите Лондонови сили меѓу молекулите

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
27
Q

Дефинирај специфичен топлински капацитет и
претстави ја со формула квантитативната зависност
помеѓу преносот на топлина и промената на
температурата.

A

Специфичен топлински капацитет претставува топлината (q)
неопходна за да се покачи температурата на 1 грам супстанца за 1°С. Се изразува како J/g°C или cal/g°C.

Квантитативната зависност помеѓу преносот на топлина и
промената на температурата е даден со следната формула: Q= m C ΔT,
Q означува пренос на топлина,
m е масата на супстанцата,
ΔТ e промена на температурата и
С е специфична топлина

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
28
Q

При кои реакции ентропијата расте (заокружи)
а) N2(g) + 3H2(g) -> 2NH3(g)
б) CO3(s) -> CaO(s) + CO2(g)
в) Ag⁺(aq) + Cl⁻(aq) -> AgCl(s)
г) H2O(l) -> H2O(g)

A

ентропијата расте во б и г бидејќи тука имаме премин на фази, односно во б имаме од цврста во гасна, а во г имаме од течна во гасна

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
29
Q

Процесот на клеточна респирација во човечкиот
организам е: егзотермен или ендотермен процес? Зошто?

A

Егзотермен процес е бидејќи имаме разложување на хранливите материи и самиот процес на разложување доведува до егзотермен процес (ослободување на енергија)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
30
Q

Образложи кои течности имаат низок напон на
пареи и каква е зависноста помеѓу напонот на пареи и
температурата на вриење на течностите.

A

Парните притисоци се должат на високите температури на вриење на течностите, а самите високи Тв се должат по интермолекулските сили, односно колку е повисока Тв толку е повисок парниот притисок.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
31
Q

Дефинирај стандардна енталпија на формирање

A

Стандардна енталпија на формирање е промена на моларната енталпија што се случува при формирање на еден мол соединение од неговите елементи во стандардна состојба. Се обележува со ΔHf°₂₅°꜀ односно ΔH⁰₂₉₈.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
32
Q

Определи ја стандардната промена на енталпијата
на реакцијата:
CH4 (g) + 3 Cl2 (g) -> CH3Cl(l) + 3 HCl (g)
ΔHf°[CH4(g)] = - 74.81 kJ/mol
ΔHf°[CH3Cl(l)] = - 134.47 kJ/mol
ΔHf°[HCl(g)] = - 92.3 kJ/mol

A

ΔH⁰₂₉₈ = [(CH3Cl) + 3*(HCl) - (CH4)] = -336.56 kJ/mol

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
33
Q

Во ендотермна реакција важи релацијата:
а) Er>Ep
б) Er<Ep
в) Er=Ep
г) ништо од наведеното

A

б важи

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
34
Q

Дефинирај адијабатски процес и определи кој од
следните искази се однесува за адијабатски процес: а)
ΔU = ΔQ; б) ΔU = ΔW; в) ΔU = ΔQ + ΔW.

A

Адијабатски процес е процес кој се одвива без топлинска размена меѓу системот и неговата околина, значи потребно е системот да биде изолиран.

Во текот на адијабатски процес имаме промена на температурата но ΔQ=0, затоа имаме ΔU = ΔW

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
35
Q

Објасни што е систем и што околина на системот ?

A

Во термодинамиката, точно определен дел од природата се вика систем. Останаиот дел е околината

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
36
Q

Дефинирај отворен, затворен и изолиран систем!

A

Отворен систем: овозможува размена на енергија и на супстанции со околината
-Затворен систем: овозможува размена само на енергијата со околина
-Изолиран систем: не овозможува размена ниту на енергија ниту на супстанциите со околината.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
37
Q

Што се дијатермички и адијабетски ѕидови ?

A

Ѕидовите кои овозможуваат пренесување на топлина преку границите на системот се викаат дијатермички, а оние кои не дозволуваат пренесување на топлина се викаат адијабетски.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
38
Q

Дефинирај хомогени и хетерогени системи !

A

Ако во границите на системот постојат делови со различни својства (притисок, волумен, густина, температура), системот се вика хетероген систем, додека системите каде својствата се еднакви или истите континуирано се изменуваат се викаат **хомогени системи. **

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
39
Q

Што се интензивни својства и наброј неколку?

A

Интензивни својстства немаат адитивен карактер и не зависат од големината на системот. Интензивни својства се: притисок, температура, густина, концентрација, површински напон.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
40
Q

Што се екстензивни својства и наброј неколку?

A

Екстензивни својства имаат адитивен карактер и тие зависат од големината на системот Екстензивни својства се: **маса, волумен, должина, количество супстанца, топлински капацитет. **

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
41
Q

Што се нарекува фазна промена и фазни рамнотежи?

A

Процесот на премин на супстанцијата од една фаза во друга се нарекува фазна промена,

термодинамичките рамнотежи кои постојат во хетерогените системи се викаат фазни рамнотежи.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
42
Q

Кои системи се во рамнотежа?

A

Системи чии што својства не се променуваат во текот на времето велиме дека се во рамнотежа.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
43
Q

Како се изразуваат својствата на материјата ?

A

Својствата на материјата се изразуваат преку 3 фундаментални димензии : должина, маса и време.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
44
Q

Што е моларитет и молалитет ?

A

Моларитет е множина на растворена супстанција поделена со волумен на растворот и се изразува во mol*dm-3.

Молалитет е множина на растворена супстанца поделена со масата на растворувачот.

45
Q

Што се интермолекуларни сили

A

Интермолекуларни сили се сили што делуваат на молекуларно ниво помеѓу честичките

46
Q

Што се вандервалсови сили ?

A

Сите слаби, привлечни, интермолекулски сили со заедничко име се нарекуваат Вандервалсови привлечни сили.

47
Q

Меѓумолекуларни сили

A

Се слаби привлечни сили кои се одговорни за зачувување на молекулите заедно во цврста или течна состојба

48
Q

Дефинирај ги електростатските интеракции!

A

Електростатските привлечни сили се јавуваат помеѓу спротивно наелектризираните честички и тие се најсилните привлечни сили

49
Q

Објасни што е изотермен процес и Бојл-Мариотов закон?

A

Изотермен процес е процес во кој системот се одржува на константна температура. За да имаме константна температура тогаш системот треба да биде отворен или затворен за да имаме размена на топлина.

Бојл Мариотов закон гласи: волуменот на определено количество гас на константна температура е обратно пропорционален со притисокот. P1xV1=P2xV2

50
Q

Што е изобарен процес?

A

Изобарен процес ја следи промената на состојба на определено количество гас која настанува со промена на температурата и волуменот, при константен притисок.

51
Q

Што е изохорен процес?

A

Изохорниот процес ја следи промената на состојба на определено количество гас која настанува со промена на температурата и притисокот, при константен волумен.

52
Q

Карактеристики на идеален гас?

A

1) волуменот што гасот го поседува е занемарлив;
2) молекулите се во постојано движење и се судираат меѓусебно и со ѕидовите на садот, при што судирите се еластични
3)не постојат инремолекуларни интеракции

53
Q

Клајпернова равенка за гасни закони!

A

Клајперновата равенка е равенка за состојбата на идеален гас pV = nRT

54
Q

Што е Бојлова температура или точка?

A

Температурата на гасот каде што ќе се однесува како идеален во одреден притисок се нарекува Бојлова температура или точка

55
Q

Што се нарекува критична температура?

A

Температурата каде течноста ќе се преведе во гас и нема да може пак да втечне (да се врати во течна состојба)

56
Q

Објасни што е Латентна топлина на испарување?

A

Латентна топлина на испарување е количество на апсорбирана топлина која се ослободува кога пареата се кондензира во течност.

57
Q

Објасни ги теориите за течната состојба на материјата?

A

Две теории за течната состојба на материјата :
1. Течната состојба по своите својства е поблиску до гасната отколку до цврстата состојба (некогаш);
2. Течната состојба по своите својства се поблиску до цврстата состојба на материјата (денес).

58
Q

Како се дефинира вискозност на течности? / вискозност

A

Вискозноста на флуидот (гас, течност/раствор) може да се дефинира како индекс на отпор на флуидот при негово протекување.

59
Q

Објасни што е површински напон на течноста?

A

Површински напон на течностите може да се смета како својство на течностите кое ги тера молекулите да се држат заедно и да формираат гранична површина помеѓу течноста и гасовитата фаза.

60
Q

Што се нарекува напон на пареа?

A

Кога Молекулите во гасна фаза создаваат притисок над површината на течноста

61
Q

Разлика помеѓу кристалните и аморфните супстанции

A

-Kристалните супстанции се одликуваат со:
*правилен геометриски облик и периодичен паспоред: голема среденост на структурата, структурните единки се наоѓаат во точно определени позиции;
*точно определена температура на премин од течна во цврста состојба и обратно;

-Амфотерните супстанции имаат карактеристики на кристалите но:
*немаат правилен геометриски облик;
*немаат определена температура на премин од течна во цврста состојба и обратно.
Дали една супстанца е во кристален или аморфен облик се утврдува со рендгенска анализа.

62
Q

Што се нарекува координација а што координационен број ?

A

Бројот на честичките кои опкружуваат еден атом или јон во кристална решетка се вика кординационен број на таа честичка, а самото опкружување се вика координација.

63
Q

Јонски кристали

A

Кристали создадени од јони, тие имаат електролитички сили кои ги држат јоните. Нивните особини се:
- тврди супстанции
- висока точка на топење
- мала испарливост
- слабо спроведуваат електрична струја

64
Q

Метални кристали

A

кристали составени од позитивно наелектризирани јони и подвижни валентни електрони. Поседуваат Полинг хемиски врски. Тие можат да бидат
- и тврди и меки
- можат да имаат и ниски и високи точки на топење
- можат да се свиткуваат и деформираат

ова се зависи од неправилноста во кристалната решетка

65
Q

Атомски кристали

A

Кристалната решетка кај atomskite кристали се состои од атоми, при што секој атом е поврзан со ковалентна врска со соседните атоми, така што целиот кристал може да се замисли како „една голема молекула“.

66
Q

Што претставува полиморфизам?

A

феномен kade супстанцијата може да се јави во два или повеќе кристални облици, но се јавува во иста гасна и течна состојба.

67
Q

Што се аморфни супстанци?

A

Цврстите супстанци што поседуваат среденост на многу мали растојанија, но немаат организираност на поголеми растојанија

68
Q

Што се кристалосолвати и што кристалохидрати?

A

Кристалите што содржат молекули од растворувач за кристализација се нарекуваат кристалосолвати, а доколку солвентот е вода се нарекуваат кристалохидрати.

69
Q

Колку вида на кристалосолвати постојат?

A

Постојат 2 вида на кристалосолвати:
1. Полиморфните солвати се многу стабилни, тешко настанува десолватација
2. псевдополиморфни солвати полесно можат да ги изгубат молекулите на растворувачот и плесно настанува десолватација

70
Q

Како се дефинира фазата?

A

Фазата се дефинира како форма на материјата која има идентичен хемиски и физички својства.

71
Q

Што се фазни дијаграми и фазни граници ?

A

Фазните дијаграми ги покажуваат областите на притисокот и температурата каде што фазите се термодинамички стабилни.

Линиите кои ги раздвојуваат овие области се нарекуваат фазни граници

72
Q

Што се нарекува критична точка?

A

Точката каде супстанцата неможе да се втечне (преминала во гасна состојба) и се означува со C

73
Q

Тројна точка

A

Тројна точка ги дава температурата и притисокот при кои сите три фази се во рамнотежа.

74
Q

Објасни го gibbs-овото правило / Гибсово пазно правило

A

Гибсовото правило на фази го дава бројот на независно променливи големини кои може да се менуваат без притоа да се наруши рамнотежата на хетерогениот систем.
Равенката за оваа правило е : F=C-P+2
F-степени на слобода кои можат да се менуваат независно еден од друг
C-број на компоненти во системот
P-број на фази кои постојат во даден систем.

75
Q

Што поседува еден систем?

A
  1. кинетичка
  2. потенцијалан енергија
76
Q

Објасни што е хемиска енергија?

A

Хемиската енергија се однесува на енергијата што се складира во хемиските врски на молекулите.

77
Q

Што претставува топлина ?

A

Топлина ја опишува термалната енергија која се пренесува од топлотниот резервоар во системот или надвор од системот.
Q>0-системот добива термална енергија,
Q<0-системот губи терманлна енергија.

78
Q

Начини за трансфер на топлотна енергија

A

Начини на трансфер на топлотната енергија:
1.Кондукција : е размена на топлината со директен контакт на две физички тела.
2.Конвекција : подразбира флуид кој се загрева со кондукција и ја пренесува топлината на друго цврсто тело на ист начин.
3. Зрачење : пренос на топлина меѓу две физички оддалечени тела без посредство на некој медиум
4. Латентна топлина : загреана водена пареа.

79
Q

Што е термодинамика?

A

наука која ги проучува квантитавните врски помеѓу топлината и други видови на енергија како што се механичка, електрична, хемиска, радијациона и др.

80
Q

Што претставува работата?

A

Работата претставува основно физичко својство во термодинамиката. Работата се врши кога објектот се поместува спроти определена сила.

81
Q

Што е енергија на системот?

A

Енергија на системот е неговиот капацитет да врши работа.

82
Q

Што претставува внатрешната енергија на системот и од што зависи?

A

Внатрешната енергија на системот претставува збир на вкупната кинетичка енергија на топлинското движење на честичките во системот , како и потенцијална енергија на нивното заемодејство.

Зависи од неговите мерливи својства ккао што се притисок, волумен, температура.

83
Q

Што означува термодинамичка рамнотежа?

A

За систем кој не подложува на било какви промени со текот на времето, велиме дека е во термодинамичка рамнотежа.

84
Q

Што е изотермен процес?

A

Изотермен процес е процес во кој системот се одржува на константна температура. За да имаме константна температура тогаш системот треба да биде отворен или затворен за да имаме размена на топлина.

85
Q

Прв закон на термодинамика

A

Енергијата може да се трансформира од еден облик во друг, но притоа истата да неможе да биде уништена.
∆U = Q - W
-Q е количество топлина што учествува во определен термодинамиски процес
-∆U е промена на внатрешната енергија на телото
-W е извршена рабоата

86
Q

Објасни што е топлински капацитет!

A

С е топлински капацитет каде C=dq/dT, каде С е мерка на промената на еден систем што настанува како резултат на зголемување на топлината на системот.
Топлинскиот капацитет може да се изрази како :
1.Моларен топлински капацитет – претставува топлина (q), неопходно за да се покачи температурата на 1 мол супстанција за 1С.
= = = = = = = == = = = = =
2.Специфичен топлински капацитет на еден систем претставува топлината неопходно да се покачи температурата на 1 грам супстанција за 1С .

87
Q

Втор закон на термодинамиката.

A

Вториот закон ја претсавува насоката на природните промени како и положбата на рамнотежата на системот.

88
Q

Што е слободна енергија на системот?

A

Енергијата која се ослободува за вршење на корисна работа, е позната како слободна енергија на системот

89
Q

Што претставува ентропија (Ѕ)?

A

Мерка за степенот на неред во еден систем е големина која се нарекува ентропија. Колку е поголем степенот на неред, толку е поголема ентропијата на системот. Во цврсти супстанци редот е најголем, а во гасови редот е најмал.

90
Q

Што е моларна ентропија ?

A

Моларна ентропија е ентропија на супстанција изразена на мол и претставува интензивно својство.

91
Q

Што се нарекува Кружен процес?

A

Кружните процеси се процеси кои спонтано течат во една насока и по еден закон, но можат да се одвиваат и во друга насока и по друг закон и повторно да се доведат на почетната состојба.

92
Q

Трет закон на термодинамиката

A

ја дефинира нултата точка на ентропијата. Според овој закон ентропијата на чиста кристална супстанција на апсолутната нула е еднаква на 0, бидејќи кристалната структура покажува највисок ред на оваа температура.

93
Q

Како се дефинира Гибсовата слободна енергија ?

A

Се дефинира како G=H-T*S.
-Претставува функција на состојбата на системот.

94
Q

∆G при спонтана и неспонтана реакција и рамнотежа?

A

∆G>0 – неспонтана реакција(се одвива кон лево А<B)
= = = = = = = =
∆G<0 спонтана реакција (се одвива кон десно од А до B)
= = = == = = = = = =
∆G=0 – рамнотежa A i B не се менуваат.

95
Q

Вант-Хофова равенка

A

Оваа равенка овозможува да се пресмета топлината на реакцијата, ако се познати рамнотежите константи на температурата Т1 и Т2.

96
Q

Што е термохемијата?

A

наука која ги проучува топлинските појави што ги следат хемиските реакции: процесите на растворање, топлински појави, при трансформација на една фаза во друга и др.

97
Q

Што се егзотермни процеси ?

A

Сите физичо хемиски процеси при кои се ослободува енергија во вид на топлина се наречени егзотермни процеси При ослободување на топлина, настанува намалување на енталпија на системот.
∆H<0.

98
Q

Што се ендотермни процеси?

A

Сите физичко-хемиски процеси при кои се апсорбира енергија во вид на топлина се наречени ендотермни процеси
Апсорпцијата на топлината доведува до зголемување на енталпијата на системот.
∆H>0.

99
Q

Што се нарекува топлина на формирање на соединението ?

A

топлината која е вклучена во формирањето на соединение од неговите елементи се нарекува топлина на формирање на соединението.

100
Q

Што е стандардна енталпија на формирање на соединението ?

A

промената на енталпија при формирање на соединение од неговите елементи во најстандардните состојби при 1атм и 298К.

101
Q

Што е топлина на согорување?

A

Топлина која е вклучена во целосната оксидација на 1 мол соединение на притисок од 1 атм е позната како топлина на согорување.

102
Q

Објасни ја промената на енталпија.

A

промената на енталпија вообичаено се изразува под стандардни услови.
- Промена на стандардна енталпија на реакција е разлика меѓу енталпиите на продуктите и реактантите во нивна стандардна состојба, дефинирани во точно определена температура.

103
Q

Што е стандардна енталпија на транзиција и фузија?

A

Промената на стандардната енталпија, која ја следи промената на физичката состојба се нарекува стандардна енталпија на транзиција.

104
Q

Како настанува конверзија на цврста во гасна состојба ?

A

на два начини :
1)Директна конверзија со сублимација
H2O(s) = H2O(g)
2)Индиректна реакција која се одвива во две реакции: >топење(фузија)
H2O(s)=H2O(l)
- испарување на течната фаза .
H2o(l)=H2O(g)

105
Q

Што е енталпија на решетки ? енергија на решетка

A

енталпија на решетки претставува промена на енталпија кога решетката се создава од јони. Има негативни вредности.

106
Q

Колку вида на топлина на раствор постојат?

A

Постојат два вида на топлина на раствор:
1.Диференцијална (парцијална) топлина ,
2.Интегрална (тотална) топлина.

107
Q

Што е диференцијална топлина на раствор?

A

Диференцијална топлина на раствор е топлина која се ослободува кога 1 мол супстанција ќе се раствори во големо количество раствор со дефинирана концентрација.

108
Q

Што е интегрална топлина на раствор ?

A

Интегрална топлина на раствор е топлината која се ослободува кога 1 мол супстанција ќе се раствори во дефинирано количество на чист растворувач.

109
Q

Разлика на диференцијална и интегрална топлина.

A

Диференцијалната и интегралната топлина се разликуваат така што во случај на диференцијалната топлина, концентрацијата на растворот не се менува со додавање од супстанцијата.