фОНЕТСКП-МОРФОЛОШКИ СТИЛСКИ Flashcards
Асонанца
Асонанца (асонанција) е повторување исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)
Алитерација
Алитерација е повторување исти согласки или гласовни групи за постигнување звучен ефект.
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.
Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
(„Ѕвона“Матеја Матевски)
Ономатопеја
Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од природата, од животните итн.
Парономазија
Парономазија е фонолошка фигура во која се повторуваат гласови во зборови со различно значење. Тие зборови може да имаат ист корен, но сепак значењето им е различно.
Јас не сум Вардар, ни завардарен,
не сум превардарен, ни подвардарен,
може сум варден, та недоварден,
јас тек без ширина и должина!
Анафората
Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи често се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата) приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на конструкцијата).
Епифората
Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот.
Симплохата
Симплохата претставува соединување на анафората и епифората, односно повторување зборови и на почетокот и на крајот од стихот.
Палилогија
Палилогија е кога еден или повеќе зборови од крајот на стихот се повторуваат на почетокот од следниот стих.