Синтаксички стилски фигури Flashcards

1
Q

Компарацијата

A

Компарацијата е едно од најзастапените стилски изразни средства и во минатото и денес, а претставува споредба на еден предмет или појава, со друг. Секогаш при споредбата се употребува зборот „како“ или „ко“. На пр.: Гладен како волк.
.
И најмил спомен што в душа ми блеска
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
(Везилка – Б. Конески)
.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Антитеза

A

Антитеза е спротивност, односно споредување кое се заснова на спротивност. На пр.: Ситиот на гладниот не му верува.
.

Не сум вода да прелеам,
не сум змиа да се проврам,
не сум елен да прескочам,
не сум пиле да прелетам.
(од Поминуам, заминуам – народна песна)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Словенската антитеза

A

Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно творештво. Таа се состои од прашање, негација на прашањето и одговор. На почетокот од поемата „Сердарот“ од Г. Прличев ја среќаваме словенската антитеза:
.
Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
.
Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?
.
Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!
.
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој….

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Реторско прашање

A

Реторско прашање е стилско изразно средство каде прашалната реченица ја употребуваме како исказна. Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се поставуваат за да добиеме одговор на нив, туку целта е да го изразиме чувствениот однос.

.

Везилке, кажи како се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
(Везилка – Бл. Конески)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Инверзија

A

Инверзија е преметнување на редот на зборовите – обратен ред од оној што граматички е најисправен.

.

Телото твое црна маслина…
(Во сонот на црната жена – А. Шопов)

.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Елипса

A

Елипса настанува кога од реченичната целина изоставуваме зборови, но смислата сепак можеме да ја разбереме. На пр.: Дожд. (значи дека врне дожд).

.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Асиндетон

A

Асиндетон е кога нижеме зборови без нивно граматичко поврзување (без сврзници).

.

А се се случи една ноќ,
ноќ стебла,
ноќ лисје,
ноќ, студен ров.
(Небиднина – А.Шопов)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Полисиндетон

A

Полисиндетон е кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка потреба.

.

Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
(Тутуноберачите – К. Рацин)

.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Градација

A

Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната позиција.

.

Прва година помина
грутка в срцето и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
(Ленка – К.Рацин)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly