Test filozofija Flashcards
Франсис Бекон своето учење за индуктивниот метод гo изнел во делото:
Нов Органон
Франсис Бекон заблудите, лажните слики, погрешните претстави, кои им оневозможуваат на луѓето да ја спознаат вистината, ги нарекол:
Идоли
Френсис Бекон заблудите ги нарекува идоли. Идолите на плоштадот произлегуваат од:
Зборовите што се користат во комуникацијата
Според Бекон заблудите (идолите) на театарот произлегуваат од:
Некритичната верба во авторитетите
Како се вика филозофскиот правец според кој сето познание произлегува од искуството?
Емпиризам
Кој од наведените филозофи не е емпирист?
Франсоа Волтер
Според филозофот Џон Лок:
Човекот нема вродени морални идеи
Делото „Писма за толеранцијата“ го напишал филозофот:
Џон Лок
„Во умот нема ништо што пред тоа не било во сетилата“ е основен став на филозофот Џон Лок, со што јасно искажал дека е мислител на:
Емпиризмот
Мислата „Во умот нема ништо што пред тоа не било во сетилата” ја искажал:
Џон Лок
Кој од долунаведените филозофи емпиристи застапувал скептицистички
ставови?
Дејвид Хјум
Ставот на Џорџ Беркли: „Постојам само јас како субјект на мислењето” е основа на филозофскиот правец познат како:
Солипсизам
Кое од следните тврдења претставува најсилен израз на субјективен идеализам во филозофијата?
Постои само она за што имаме осет
Правецот според кој основен принцип на сознанието е разумот се нарекува:
Рационализам
Според претставниците на рационализмот основен извор на сознанието е:
Разумот
Познатата мисла на Декарт „Сogito ergo sum“ во превод значи:
Мислам, значи постојам
Согласно дуалистичката концепција на Рене Декарт постојат две супстанции, и тоа:
Материјална и духовна
Учењето на Рене Декарт според кое истовремено постојат две супстанции,
материјална и духовна, се нарекува:
Дуализам
Под кое име е познато учењето на Декарт?
Картезијанство
Делото Етика - изложена на геометриски начин го напиша познатиот филозоф:
Барух де Спиноза
Учењето на Спиноза - дека Бог e сè, и сè е Бог се нарекува:
Пантеизам
Спиноза смета дека од безброј атрибути на природата, човечкиот разум познава само два, и тоа:
Мислење и пространост
Според Спиноза слободата е:
Сознаена нужност
Прочуениот став на Лајбниц гласи:
Овој свет е најдобар од сите можни светови
Кое од наведените дела не го напишал Лајбниц?
Критика на практичниот ум
За Спиноза постои само една супстанција со два атрибути, за Декарт постојат
две супстанции, додека за Лајбниц постојат безброј супстанции кои тој ги
нарекол:
Монади
Во определбата на монадите кои не се материјални, Лајбниц тргнува од критика
на атомизмот според која атомот е најмалото делче на материјата, бидејќи:
Материјата има својство на пространост, а со тоа и својство на делливост
Која од следните карактеристики НЕ Ѝ ПРИПАЃА на филозофијата на француските просветители?
Ирационализам
Кои филозофи биле уредници на големата француска Енциклопедија?
Дени Дидро и Жан Даламбер
Волтер е еден од најистакнатите претставници на:
Просветителството
Искажувајќи го својот став: „Господине јас не се согласувам со Вашето мислење, но со сите мои сили ќе го бранам Вашето право да го искажете Вашиот став!“ Волтер упатува на почитување на етичката вредност:
Толеранција
Идејата за општествениот договор, како извор на правото и на државното уредување во современиот свет, ја развил:
Жан Жак Русо
Кантовото учење, во историја на филозофијата, е познато како:
Трансцендентален идеализам
Според Имануел Кант, трансценденталните (априорните) форми на сетилноста, се:
Просторот и времето
Според германскиот филозоф Имануел Кант, априорното познание е независно од:
Искуството
Кант во својата критичка филозофија прави синтеза на два филозофски правци.
Кои се тие филозофски правци?
Емпиризмот и рационализмот
Во кое дело Кант ја изложува својата етичка теорија:
Критика на практичниот ум
антовиот категорички императив гласи:
Постапувај така што максимата на твојата волја секогаш би
можела наедно да има вредност како принцип на сеопшто
законодавство.