Filozofija matura Flashcards
Што значи зборот филозофија, што претставува филозофијата?
Филозофија – љубов кон мудроста (фило – љубов, софија – мудрост). Филозофијата претставува систематски и критички пристап кон истражувањето, користејќи рационални и логички методи за испитување концепти, аргументи и верувања.
Кои се основни проблеми во онтологијата, гносеологијата, етиката, логиката, естетиката, антропологијата и аксиологијата?
- Онтологија – наука за битието
- Гносеологија – теорија на спознанието.
- Етика – наука за моралот, моралните принципи и норми.
- Логика – наука која се занимава со проучување на човековото мислење.
- Естетика – наука за убавото
- Антропологија – наука за потеклото и развитокот на човекот.
- Аксиологија – теорија на учење за вредностите.
Кои се основни правци во онтологијата и гносеологијата, што е емпиризам, рационализам, агностицизам, скептицизам, догматизам, материјализам, објективен и субјективен идеализам, детерминизам и индетерминизам ?
- Онтологијата – материјализам, идејализам, монизам, дуализам, плурализам
- Гносеологија – догматизам, скептицизам, агностицизам, емпиризам, рационализам, сензуализам
- Емпиризам – правец според кој само со искуство се доаѓа до спознание.
- Рационализам – го признава само разумот како извор на вистинско знаење.
- Агностицизам – невозможно сознание
- Скептицизам – ја одрекува можноста за спознавање на објективна вистина.
- Догматизам – мислење засновано врз догми (Мислење, теорија што се прифаќа како апсолутна вистина без критичко проверување; цврсто изложено мислење или тврдење без докази.)
- Материјализам – материјата е почеток и основа на се.
- Објективен идеализам – темелот на се што постои е апсолутната идеја, светскиот дух, или бог.
- Субјективен идеализам – го признава материјалниот свет само како реалност на поединечната свест
- Детерминизам – верување дека се е предодредено
- Индетерминизам – ништо не е предодредено, постои слободна воља и случајност.
Кое е првото филозофско прашање и кои се основните проблеми во космолошкиот период?
Прво прашање во филозофијата е за праосновата, прапричината, праелементот (архе). Основни проблеми: светот надвор од нас, светот како целина
Што е архе?
Архе е праоснова,праелемент, причината за постоење на светот.
Кои се претставници на Милетската школа и што е архе за секој од нив?
- Талес – вода; Анаксимандар – Апејрон; Анаксимен – воздух
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Милетските мислители?
Антички (наивен) материјализам, монизам, детерминизам, хилоизам.
Што е хилозоизам?
Хилозоизам е правец според кој сета материја е оживеана.
Што е апејрон?
Апејрон е квалитативно неопределена, квантитативно бесконечна, безгранична материјална супстанција, која е вечна во време и неограничена во простор
Што е архе за Питагора и питагорејците?
Архе за питагорејците е бројот
На кој филозофски правец припаѓа филозофијата на Питагорејците?
Рационализа, објективен идеализам, монизам.
Што претставува метемпсихоза?
Метампсихоза – селење на душата во друго тело по смрт се додека таа не се прочисти (стане совршена)
Како го поимаат материјалниот свет Питагорејците?
Материјалниот свет е минлив и менлив, нештата настануваат и нестануваат
Што е архе за Хераклит?
Архе за хераклит е огнот
Што претставува логосот за Хераклит?
Логос според Хераклит е универзален закон за сѐ што постои
На што се должи движењето во филозофијата на Хераклит?
Извор на сето движење во светот е борбата на спротивностите, промената на состојбите од една во друга.
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Хераклит?
Детерминизам, монизам, материјализам, рационализам.
Кои се претставници На Елејската Школа?
Претставници на елејската школа се: Ксенофон, Парменид и Зенон
Каков став има Парменид за битието и небитието?
Битието е, Небитието не е
Кои се главните атрибути на битието за Парменид и Елејците?
Вечно, неподвижно, едно, совршено, неменливо, неделиво.
Каков е ставот на Парменид за движењето?
Движењето е илузија.
Кое е вистинско, а кое привидно сознание за Парменид?
Разумско - вистинско сознание. Сетилно – Привидно сознание
Каков метод користи Зенон за докажување на ставовите?
Индиректен метод (сведување на апсурд, апории)
Што е битие, а што небитие за Демоктит?
Според Демокрит: Битие - атоми; небитие – празен простор во кој се движат атомите