Morfologija i fiziologija na rastenija Flashcards
test 5ka
Што е растително ткиво?
Растително ткиво е група од клетки кои имаат исто потекло, иста градба и извршуваат иста функција.
Растителни ткива се делат на:
Творни и трајни ткива.
Творни ткива
Клетките од творните (меристемски) ткива постојано се делат и ги создаваат трајните ткива. Исто така, творните ткива содржат група од клетки, наречени иницијални, кои ја задржуваат способноста за постојана делба, при тоа одржувајќи го континуитетот на творното ткиво.
Примарно творно ткиво
потекнува од ембрионалното ткиво
Врвно-(апикално)творно ткиво
- врвно стеблест
- врвно коренски
- сместено во вегетативниот врв на стеблото и коренот
- овозможува растење на врвот на коренот и стеблото
Вметнато (интеркаларно) творно ткиво
-сместено во нодиумите (коленца); и овозможува растење на растението
Странично (латерално) творно ткиво
-сместено во перицикл во вид на прстен; овозможува растење на растението
Секундарно творно ткиво
Потекнува од паренхимското ткиво,и има способност за делба
Камбиум
Во вид на прстен во коренот и стеблото; од него се диференцира секундарно дрво и секундарна кора; овозможува растење во широчина на растението
Фелоген
се наоѓа под кората; од него се создава покривното ткиво- перидерм
Калусно ткиво
се создава на повредени (ранети) места затоа уште се нарекува и „трауматично творно ткиво“ или меристем на рани ;овозможува заздравување на раните
Трајни (диференцирани) ткива
Трајните или диференцираните ткива се создаваат од творното ткиво. По диференцирањето, клетките од трајните ткива добиваат специфична одредена функција која ќе ја извршуваат во текот на целиот живот на растението. Само одредени трајни ткива (како паренхимот) ја задржуваат способноста за делба, па од нив се создаваат секундарни творнии ткива. Во трајни ткива спаѓаат:Паренхимско ткиво,Покривно ткиво,Механичко ткиво,Спроводно ткиво и Ткиво за лачење.
Паренхимско ткиво
Паренхимските ткива завземаат најголем дел од растението. Тие ја исполнуваат внатрешноста на секој орган и меѓу нив се сместени другите ткива. Филогенетски гледано, тие се најстарите ткива во растенијата.
Паренхимско ткиво (паренхим)
-се состои од живи клетки со малку цитоплазма, многу хлоропласти, тенки клеточни ѕидови, со меѓуклеточни простори
основен паренхим
-основно градбено ткиво во растението
паренхим за складирање
-зависно што сладира има неколку видови: шеќерен; маслоносен; протеински; водоносен паренхим
паренхим за фотосинтеза
- овозможува фотосинтеза; спаѓа палисадно ткиво - цилиндрични клетки, густо збиени, богати со хлоропласти
асимилационен паренхим
- овозможува транспирација во мезофилот; спаѓа сунѓересто ткиво - клетките се овално-округли со големи меѓулеточни простори низ кои циркулираат гасови и водена пареа
спроводен паренхим
издолжени клетки, меѓусебно поврзани; спроведува хранливи материи на кратко растојание
апсорпционен паренхим
издолжени клетки со продолжетоци; служи за апсорпција на вода иминерални соли
воздухоносен паренхим (аеренхим
-ткиво богато со меѓуклеточни простори ;служи за транспорт и складирање на воздух
Покривни ткива
Покривните трајни ткива се еден вид кожа на растенијата, што ги заштитува внатрешните ткива од механички повреди, прекумерно греење и испарување, навлегување на микроорганизми и слично. Според потеклото и местоположбата во растителното тело, разликуваме три вида на покривни ткива:Епидермис, Перидермис и Мртва кора
Епидермис (примарно покривно ткиво)
- клетките се густо збиени со израстоци во вид на запци кои навлегуваат едни во други
- Епидермисот е еднослоен,кој на површината може да има: кутикула (восочна обвивка) или трихоми(влакненца)
- има заштитна функција
стомин апарат-сместени во епидермисот
- две високодиференцирани клетки со хлоропласти ја градат стомата;служи за
транспирација и размена на гасови